Претреси во домот за Саркози

  • Креатор на темата Креатор на темата Shaman
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shaman

Гостин
Неколку претреси се извршени денеска во Париз, поради сомневање за неправилности во кампањата на поранешниот француски претседател Никола Саркози. Претресена е и вилата на Саркози, како и канцелариите на неговите адвокати.

Судијата Жан Мишел Жентил, заедно со финансиската полиција, ја пребара вилата на Саркози сместена во најелитниот дел на Париз, канцелариите на неговите адвокати, како и станот што Саркози го добил од државата.
Претресите наводно се поврзани со корупциски скандал и случајот со Лилијан Бетенкур. Еден нејзин сметководител рече дека таа во 2010 година дала 50.000 евра во готовина на благајникот на партијата на Саркози за претседателската кампања, што е многу повеќе од со закон дозволените 4.600 евра.

Саркози моментално со семејството се наоѓа во Канада.
Додека беше во претседателската палата имаше имунитет, но тој му истече на 16 јуни. Неговиот поранешен министер за финансии Ерик Воерт веќе е обвинет за корупција.

извор: драга кајгана (y)

видео на линков:
http://www.dailymail.co.uk/news/art...bing-corruption-claims.html?ito=feeds-newsxml

Не дека ми е гајле за франција многу, ама овој хохштаплеров што лижеше
грчки г‘з ако заглави во затвор и ако го акнат од земја, ептен ќе ми се напраи
ќеиф. Ако го заглават во затвор, пиво ќе частам.
 
Ќе гледаме Саркози за некој месец ќе се извинува од некој затвор.
 
Не. Од Морани сум.
И каква врска има тоа со темата? :)


Јас сепак мислам дека ќе му ја скројат капата.

Пошто најчесто Лисичани и Припорчани го употребуваат тоа: ќе го јаде/лапне немиен :D

И,нема да му ја скројат.Ќе видиш..:)
 
Ова е демократијата на Оланд наводно извикал Саркози додека бил вршен претресот.
Политички реваншизам, пресметка со политичките неистомисленици, тоталитаризам, смрт на правната држава изјави Гордон Ле Георг од партијата на Саркози.
 
хм хм хм нешто ми кажува дека Оланд сака да копира Груевски како што му праеше на Љубе :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom