Намалување на даноците

  • Креатор на темата Креатор на темата MajaS
  • Време на започнување Време на започнување
Е вака поубаво ти звучи муабетот.... :smir:Без оваа и онаа влада, само негативностите од сеуште недонесениот нов закон.
Значи се менува законот ама трошковите остануваат исти, можноста да си дозволиш понова кола од скапаното југо сепак не е реална и ние сеуште си се кротиме и уживкаме. И јас незнам од каде толкавиот притисок, за да се дозволи возниот парк да ни биде најдолен во Европа. Ама владите алчни , народот заспан , законите остануваат исти !
 
Само ги шминкаат.Ако подобро ги отвори човек очите, ќе примети дека не сме мрднати од мртва точка.Шминката добро покрива,колку повеќе зборуваш,толку повеќе на сам себе си си веруваш:smir:
 
Ами кој ќе партиципира во финасирањето на некакви “нови“ избори,ако не дистрибутерите и импортерите на нови возила?

Само ги шминкаат.Ако подобро ги отвори човек очите, ќе примети дека не сме мрднати од мртва точка.Шминката добро покрива,колку повеќе зборуваш,толку повеќе на сам себе си си веруваш:smir:

Како не сме мрднати,па според буџетот мрдаме прилично добро,само нагоре со давачките.
 
Анализата на Европската банка за реконструкција и развој покажува дека по разводот со комунизмот, на Македонија и биле потребно цели две децении за да го достигне БДП од 1989 година, односно да го надмине за само два отсто. Ако тоа може да послужи како некаква утеха, Србија е на 72 отсто од времето пред 20 години, БиХ на 84 отсто, а Црна Гора на 92 отсто. Ова е утешната и добра вест за нас. Лошата е во податоците за останатите држави од Балканот и Источна Европа.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12259102172&id=9&prilog=0&setIzdanie=21871

Целата вест.

Ајде да направиме повеќе за самите нас:smir: Треба повеќе работа за подобра економија и повисок стандард на македонските граѓани.
 
А зошто не би се укинале даноците и намалила улогата на државата во животот на граѓаните.
На пример поголемиот дел од администрацијата да се приватизира и да плаќаме задолжително само за есенцијални потреби, како војска, полиција и судство.
 
Мислиш...анархо-капитализам???
 
Во есенцијални потреби влегува образованието,здраството,културата и уште многу други.Систем во кој нема даноци,може да се размисли во економска состојба на 0% невработеност и функционирање на сите елементи создадени за доброто на граѓанинот.Македонија ни во најдобриот сон неможе да се вклопи во фискално-монетарен систем без даноци.

„Ако ни требаше потврда од надвор за тоа што сме правеле во изминатите две децении на економски план, односно потврда дека не сме правеле ништо и дека цели 20 години тапкаме во место, таа конечно стигна.“
„Ајде да направиме повеќе за самите нас:smir: Треба повеќе работа за подобра економија и повисок стандард на македонските граѓани. “
Горан,за да создаваме граѓаните ни се потребни услови,клима и капитал.Ние немаме ништо од ова,создаваме за да преживееме,зарем податокот дека 20 години тапкаме во место не ти го потврдува ова?И не треба да се бодри граѓанинот да рмба,туку треба да се бодри да земе стап и да мава,бидејќи сите нормални граници се поминати.
Ако дозволиме кој стаса да ни го чука од позади и после 50 години истиов податок ќе биде.За развој се потребни услови,за едно цвеќе да порасне треба грижа,наводнување,сонце,ѓубриво...услови!
 
Ова математикава е многу чудна работа.....
.....проценти се намалуваат..ама, ама, стварните суми за уплата растат ли растат....:toe:
 
Во есенцијални потреби влегува образованието,здраството,културата и уште многу други.Систем во кој нема даноци,може да се размисли во економска состојба на 0% невработеност и функционирање на сите елементи создадени за доброто на граѓанинот.Македонија ни во најдобриот сон неможе да се вклопи во фискално-монетарен систем без даноци.

Образованието(до четврто) нека е задолжително и трошоците за истото нека ги сносат родителите.
Над четврто треба да е избор на родителите и после на човекот.
Зошто некој земјоделец или столар би бил приморан да се матка со формално образование од кое ќе нема никаква корист?
Па и задолжително средно што воведоа. Кој ќе чисти бе?
Здравството треба да е целосно приватизирано. Ако се формира работна логика и дека нема што некој да не работи и дека ниедна работа не е срамна ќе има 0% невработени.
Треба луѓето да разберат дека не сите треба да се за во канцеларија.
Треба и патишта и згради да се градат.
Администрацијата треба да е минорна, државата да има удел во неколку сегменти, меѓу кои најважен, гарантирање на приватната сопственост.
 
Никола, ко Никола, претерал со тоа моите розе австралиски бобинки, па булазни :)
Читајќи го неговиов пост и логиката во него...не останува ништо туку човек да се фати за петици и да се тресне од земја...:)
..................................Но, ако функционираме како некоја "функционална" целина тоа го правиме најмногу за да оптимализираме одредени функции и го намалиме ......поединечно трошокот за нив. Тоа што во моментов кај нас , а богами и во голем дел на светот се устоличија некакви ВЛАДЕТЕЛИ со логиката на Никола, кои продаваат некоја заебанција , која ја нарекуваат капитализам на народ кој појма нема што е тоа..., но ................тоа е друга работа......за друг муабет...
Всушност постојано се тврди дека луѓето се зверови кои се јадат меѓу себе, дека тоа нормално се проектира и на однесувањето во економијата и во сите пори на друштвото......постојано се проба Дарвиновата теорија за видовите да се протне како иминентна за понатамошниот развој на светот...:)
Инаку во доообро организирана држава ...администрацијата е минорна и апсолутно се гарантира приватната сопственост, но исто така многу прецизно се знае КАКО СЕ СТИГНУВА до неа, и колку го чини "сопственикот" користењето на тој дел од националната сопственост......додека ги исполнува условите за да може да ја користи т.е. домакински управува со неа....:)..на добробит на општеството.....т.е. сите...
(ова ако Никола го разбира , ако не здравје...:))
 
Епа нека се започне веќе со имплементирање на некаква поасолна капиталистичка логика.
Јас сум подготвен да одговорам на предизвиците, го очекувам и истото од останатите.
Или ај да не правиме заедничко општество, зошто и би го имало, ако не се сите согласни дека некои жртви треба да се направат за негова реализација.
Јас барам малку.
Барам од мојата плата да не ми се зема за здраствено и пензиско и даноците на приход да бидат сведени на минимум.
Барам државата да се реорганизира на начин секој да си го добива она кое го заработил и да не му се наметнува да партиципира каде не смета за полезно.
Премногу ли е ова кое барам? Преголема ли е слободата која ја барам па истата да мора да биде спрегната со најразлични препреки?
Кажи што е, кое е она кое е неразумно, од човек кој сака да си живее на раат, необременет од давачки за кои не гласал да му бидат наметнати.
Ајде, те слушаме. Дај алтернатива.
Нели администрацијата ја споменуваш како проблем. Јас нудам едно решение кое го сметам за правилно и соодветно на моите потреби.
Кое е твоето?
 
Желбата да живее на раат е круцијална желба на секој жив створ под капата небесна, освен нормално крвожедните " капиталисти " и нивните бедни УЈП и други слуги,.... кои неможат мирно да заспијат , ако не одрале некоја жртвичка во текот на тој ден...:)
А бе Никола, незнам како ја заработуваш таа плата , од која не сакаш , ама ништо да споделиш со сиромаштијата, неспособна според тебе ...да си го заработи лебот??? :)
Ако е од Буџет..ВЕДНАШ!! да престанеме со муабет , ако сам си го водиш бизнисот, па си ја одредуваш платата, па ги плаќаш давачките по бруто плата, ги плакаш сите даноци, фирмарини, пљукарини и слични ебарини, па данокот на имот..па..... и се тоа со потпис на раката твоја и од твоите трансакциони сметки......продолжуваме... важи??? :)
 
Не ми е од буџет мојата плата и никогаш не ми била.
Сум бил едно време асистент и стручен соработник, но на приватен универзитет.
Значи се она кое го правам го правам или самостојно или преку релативно мали најчесто аутсорсинг фирми.
Па не може да се сметам за крвопија на данокот, јас сум едноставно програмер.
Си имам проекти и си ги работам.
Имам и задолженија кон мојата докторска дисертација и сите работи сврзани со неа.
Се немам ни недај боже разболено, па да трошам пари на чесните плаќачи на данок.
Така да на такво нешто не може никој да ме фати.
Од мојата плата во моментов огромен дел се дава за работи од кои најверојатно никогаш ќе немам полза.
Е како бе да не се бунам? Зошто да ми земаат пари за нешто кое не го сакам?
 
„Ајде да направиме повеќе за самите нас:smir: Треба повеќе работа за подобра економија и повисок стандард на македонските граѓани. “
Горан,за да создаваме граѓаните ни се потребни услови,клима и капитал.Ние немаме ништо од ова,создаваме за да преживееме,зарем податокот дека 20 години тапкаме во место не ти го потврдува ова?И не треба да се бодри граѓанинот да рмба,туку треба да се бодри да земе стап и да мава,бидејќи сите нормални граници се поминати.
Ако дозволиме кој стаса да ни го чука од позади и после 50 години истиов податок ќе биде.За развој се потребни услови,за едно цвеќе да порасне треба грижа,наводнување,сонце,ѓубриво...услови!

Баш на тоа алудирав драга! (wake up, wake up). Излез секако има, колку и да е лошо или ни изгледа лошо. За се треба труд, вистинска заложба. За жал ние како граѓани на едно општество од кое не сме задоволни не превземаме никакви иницијативи, на своја глава, за да го промениме тоа. Организираните протести со политичка позадина им носат добро на партиите, а друг вид на протести кај нас за жал не постојат! Тоа е само знак дека ние сме задоволни или пак се помируваме со начинот на кој живееме. :toe:

Никола спомнал горе нешто за занаетчии и средно образование! - На човекот му е потребно образование за да знае како да се заштити од мршојадците на 21 век,а и како да ги пласира своите столови и цени својата работа. Нема ама баш ништо негативно во малку повисоко образование за секој човек.
А она што плаќаме даноци, јас единствено го сфаќам како граѓанска должност за да и помогнеме на нашата држава да излезе од оваа тешка економска состојба и секако очекувам резултати, подобрувања - секојдневни.Затоа ме погодува и лути секој неуспех на лица платени и одговорни за овие процеси. Би плаќал и повисоки даноци во одреден рок, 5 - 10 години, доколку знам дека со тоа конечно нашата економија ќе биде, како што велиме на европско ниво, кога невработеноста ќе биде 5% , кога платата нема да ни трае од 1ви до 15ти , па две недели гладувај за да го дочекаш следниот први! Кога ќе престанеме да сонуваме за подобра иднина, туку конечно ќе започнеме да ја живееме.:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom