concrete
alte Esel
Баш на тоа алудирав драга! (wake up, wake up). Излез секако има, колку и да е лошо или ни изгледа лошо. За се треба труд, вистинска заложба. За жал ние како граѓани на едно општество од кое не сме задоволни не превземаме никакви иницијативи, на своја глава, за да го промениме тоа. Организираните протести со политичка позадина им носат добро на партиите, а друг вид на протести кај нас за жал не постојат! Тоа е само знак дека ние сме задоволни или пак се помируваме со начинот на кој живееме.
Никола спомнал горе нешто за занаетчии и средно образование! - На човекот му е потребно образование за да знае како да се заштити од мршојадците на 21 век,а и како да ги пласира своите столови и цени својата работа. Нема ама баш ништо негативно во малку повисоко образование за секој човек.
А она што плаќаме даноци, јас единствено го сфаќам како граѓанска должност за да и помогнеме на нашата држава да излезе од оваа тешка економска состојба и секако очекувам резултати, подобрувања - секојдневни.Затоа ме погодува и лути секој неуспех на лица платени и одговорни за овие процеси. Би плаќал и повисоки даноци во одреден рок, 5 - 10 години, доколку знам дека со тоа конечно нашата економија ќе биде, како што велиме на европско ниво, кога невработеноста ќе биде 5% , кога платата нема да ни трае од 1ви до 15ти , па две недели гладувај за да го дочекаш следниот први! Кога ќе престанеме да сонуваме за подобра иднина, туку конечно ќе започнеме да ја живееме.:smir:
Народ...се буди многу ретко , не верувам дека имало спонтано самобудење на народ до сега, било каде на светот. Виц е што тоа некои мангупи многу добро го знаат, па се здружуваат, кобајаги за пријатно будење на истиот тој заспан народ, во некакви транзициони, преродбенички, федералистички и какви не слични партии, кои нудат избор на некави будилници за будење.....и тако то...


....шега на страна ова е реалноста....
...наједноставен начин да се спречи такво нешто е што повеќе ОБРАЗОВАНИЕ т.е. ЗНАЕЊЕ на тоа заспаниот народ. А тоа иде бавно...посебно кај нас...каде и куп ФОРМАЛНО обаразувани , всушност ниту научиле, ниту пак се потрудиле да научат...., а без компетентна елита, која ја има преку потребната критична маса во однос на заспаниот народ нема ништо...па дури ни смалени даноци...кои можат да се смалат само тогаш кога секој поединечен заспан ќе ИМА ДОВОЛНО МНОГУ...., да видиш само како тогаш ќе ОКОКОРАТ ОЧИ...на секое посегнување во нивниот џеб
