Пандев на есен ќе гради спортски комплекс во Струмица

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.845
Поени од реакции
23.246
Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев годинава ќе почне да гради спортски комплекс во Струмица, објави порталот „jugoinfo.mk“.
pandev-centar-500.jpg


Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев наесен ќе започне да гради спортски комплекс во Струмица. Овој објект ќе никне веднаш до стадионот „Младост“ и салата „Парк“ пишува порталот „jugoinfo.mk“.

Центарот според идејното решение треба да содржи зграда со сместувачки апартмани, базени, теретани сауни и фитнес центар. Комплексот ќе има и фудбалски терен со вештачка трева и трибински простор од 400 седишта.

pandev-centar2-500.jpg


Инаку идејното решение е направено според италијанските стандарди за изградба на вакви фудбалски комплекси кои треба да служат како за подготвителниот период на фудбалерите така и за одигрување на официјални фудбалски натпревари.

pandev-centar3-500.jpg


Престојниот период Пандев треба да ги заврши сите административни формалности околу изградбата на овој комплекс, кој ќе биде во функција на спортистите, но и на членовите на Академија Пандев која следниот месец ќе наполни две години постоење, но и за сите фудбалери и фудбалски тимови.

Фото и извор: jugoinfo.mk
 
Чудно 30 минути темава и никој не го плука за ова.
Обично кај нас се плука на све.

Потег за поздравување од моја страна.
 
Чудно 30 минути темава и никој не го плука за ова.
Обично кај нас се плука на све.

Потег за поздравување од моја страна.
Сигурно ова значи дека потегот е одличен. :)
 
Па нормален ли е овој бе, у Струмица нашол фудбалски комплекс да гради :facepalm: Боље откупен центар за чушки да напраел...... :icon_mrgr:

Шала на страна, добра идеја. Се надевам нема да има никакви проблеми за реализација на истата. :)
 
Чудно 30 минути темава и никој не го плука за ова.
Обично кај нас се плука на све.

Потег за поздравување од моја страна.

Чекај, чекај, сакаш да се кладиме дека ќе се најде некој незнаен јунак што ќе плука? :icon_lol:

Инаку одлично, браво за Пандев, па вакви работи почесто да се градат во Македонија.
 
Супер, наместо да се оди дури во комплексите во Бугарија и Србија сега ќе може и кај нас да се оди. Браво за вложените пари.
 
Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев годинава ќе почне да гради спортски комплекс во Струмица, објави порталот „jugoinfo.mk“.
pandev-centar-500.jpg


Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев наесен ќе започне да гради спортски комплекс во Струмица. Овој објект ќе никне веднаш до стадионот „Младост“ и салата „Парк“ пишува порталот „jugoinfo.mk“.


Фото и извор: jugoinfo.mk

Алал им вера,како нашле слика што се совпаѓа со името на нивниот сајт.. ко од 63-ќа да е (y)
 
Леле ненормален еј, ќе гради!
Тотално се мрднал овој.
 
Ова ти се вика прав спортист - спечалил пари и гледа да инвестира во истиот тој спорт каде што успеал самиот он и гледа да им помогне и на други млади подобро да се развиваат и напредуваат.. па дури и може да заработи со академијата негова.

Во Велес пред некоја година имаше шпекулација и Панче Ќумбев дека ќе започнувал академија за млади деца кои ќе тренираат на градскиот стадион + новото помошно игралиште но изгледа ништо од тоа не испадна ..
 
Се јави Цитро на темава, архитектот со magna cum laude :D
 
Дизајнот воопшто не ми е по ќеиф но идејата е за секое поздравување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom