Супер идеа,ама он не го гради за да им помогне (добро де и за да им помогне) ама повеќе го гради за да си спечали со академија
Секој треба да си го цени она што го работи, и да си го наплати трудот, бидејки ако го даде на поклон никој нема да знае која е вистинската вредност на поклонетото, и никогаш нема да има сериозна организација која ке вади врвни фудбалери.
Вака секој треба да работи професионално, да биде платен, зборам за вработените во клубот, а родителите на децата кои ке сакаат да тренираат треба да си платат затоа што ке знаат дека нивните деца добиле професионална обука. Кога се запишуваме на Microsoft обукиве тоа бесплатно да не е? -Не, се плаќа и тоа дебело, 1500-2000 евра од 2 семестри, ама ако и ти како ученик, вложиш доволно труд додека го учиш курсот знаеш дека после тоа си високо квалификуван и дека големи ти се шансите да најдеш добра работа или пак да основаш свој бизнис.
Исто е и со фудбалот, родителите инвестираат во децата, е сега децата се тие кои треба да се потрудат, а обично повеќето од децата се несериозни, за нив фудбалот е само игра и убаво поминато верме на тенинг со сите тие шали и заебанции што паѓаат. Со тие деца како тренерите така и родителите треба да посветат повеќе внимание за да ги насочат на прав пат односно да им помогнат на децата да разберат дека да бидеш професионален фудбалер е интересна и исплатлива работа. Но има и деца кои се малку позрели од нивните врсници и тренираат со доза на сериозност и тие стануваат квалитетни фудбалери и потоа инвестицијата на родителите што вложиле во своето дете, им се исплати. Тоа е и природната селекција си го прави своето, некое е родено за фудбал некое не, а има и некои кои не се родени за фудбал ама со многу труд израснале во квалитетни играчи.
Тоа од гледна точка на родител, е како да штедиш во банка на долг рок, на 10 години од прилика. По тие 10 години вложените средства ти се враќаат со камата.