Можат ли да ме тужат поради ова?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.843
Поени од реакции
1.636
Многу ми е потребно правно мислење во моментот.

Пред неколку недели еден италјански сајт за обложување ми исплати 400 евра по грешка. Имено стануваше збор за грешка на пресметување на вкупниот број на голови во нивниот систем.

Јас изиграв и "фатив" 3 пати по ред - од првите 2 "добивки" повлеков 400, а од третата "добивка" ја увидоа грешката и ги повлекоа тие пари пред да ги повлечам јас.

Сега ми ги бараат парите назад, а и ги имаат сите мои лични податоци (копија од лична карта и трансакциска сметка, сите корисници ги оставаат овие податоци).

Дали доколку не им ги вратам парите можат да ме тужат? Имаат ли правна основа за такво нешто?

Благодарам однапред.
 
Нивна грешка кој ги ебе,со здравје да си ги трошиш парите.


Ако не,се надевам имаат интернет во затвор.

:icon_lol:
 
Да. Врати им ги парите, зошто ќе си имаш проблеми. Ако не си ги фатил, и ако по грешка ти исплатиле, тогаш не се твои.
 
Многу ми е потребно правно мислење во моментот.

Пред неколку недели еден италјански сајт за обложување ми исплати 400 евра по грешка. Имено стануваше збор за грешка на пресметување на вкупниот број на голови во нивниот систем.

Јас изиграв и "фатив" 3 пати по ред - од првите 2 "добивки" повлеков 400, а од третата "добивка" ја увидоа грешката и ги повлекоа тие пари пред да ги повлечам јас.

Сега ми ги бараат парите назад, а и ги имаат сите мои лични податоци (копија од лична карта и трансакциска сметка, сите корисници ги оставаат овие податоци).

Дали доколку не им ги вратам парите можат да ме тужат? Имаат ли правна основа за такво нешто?

Благодарам однапред.
Пребегај на Кајмански Острови додека не е касно.
 
Врати им ги или че ти го пукаат Итаљаните ......... :icon_lol::icon_mrgr:
 
Во ред, прифакам да има хумор, но ке ве замолам темава да ја направиме да има малку поозбилен пристап, бидејки станува збор за ситуација што е од доста сериозен карактер.
 
Правен совет: Со оглед тоа што се регистрирани како сајт, и за сите корисници ги имаат потребните податоци, имаат право да тужат во Република Македонија и да си ги бараат парите назад со камата по основ неосновано збогатување.
 
Во ред, прифакам да има хумор, но ке ве замолам темава да ја направиме да има малку поозбилен пристап, бидејки станува збор за ситуација што е од доста сериозен карактер.

Друже, добронамерен совет, врати им ги парите, сепак не се твои, по грешка ти ги пуштиле, врати им ги и свиркај си т.е. биди си раат после, биди си чист ............ не си играј играчки со законите, појаки се од тебе !
 
Може да ти ги повлечат назад преку банка коа ќе ставиш пари на сметка. Друго ништо
 
Зависи која кладилница/ каде се стационирани нивните седишта и кој закони важат во државата каде што е регистрирана фирмата. Бидејќи 90% од нив се стационирани на островски земји без скоро никакви закони не ти можат апсолутно ништо освен затварање/блокирање на сметката на нивната кладлиница/партнер. ПМ ако сакаш подетално да ти помогнам
 
Многу ми е потребно правно мислење во моментот.

Пред неколку недели еден италјански сајт за обложување ми исплати 400 евра по грешка. Имено стануваше збор за грешка на пресметување на вкупниот број на голови во нивниот систем.

Јас изиграв и "фатив" 3 пати по ред - од првите 2 "добивки" повлеков 400, а од третата "добивка" ја увидоа грешката и ги повлекоа тие пари пред да ги повлечам јас.

Сега ми ги бараат парите назад, а и ги имаат сите мои лични податоци (копија од лична карта и трансакциска сметка, сите корисници ги оставаат овие податоци).

Дали доколку не им ги вратам парите можат да ме тужат? Имаат ли правна основа за такво нешто?

Благодарам однапред.

договор не потпиша дека се согласуваш со нивните правила ?! нека ти текни и види ги таму правилата што им пишува
 
Мислам дека не можат да те тужат во Македонија бидејќи тука не е ни возможно законски да се регистрираат и да работат такви страници.
 
Моралот во мене вика врати им ги,ама логиката ми вика,не е твоја грешка,нивна е ?

Кај се чуло и видело некој онака да ти даде пари,а уште повеќе онака да му ги вратиш назад,зошто згрешил. Па ти си згрешил кој те ебе ебате.

Сепак твое си е да решиш,најдобро обрати се кај некое правно лице.
 
Не ги троши парите, ако ги побараат за едно месец два макс... врати им ги, ако не потроши ги, тоа е тоа.
 
Не ги троши парите, ако ги побараат за едно месец два макс... врати им ги, ако не потроши ги, тоа е тоа.
Сега ми ги бараат парите назад, а и ги имаат сите мои лични податоци (копија од лична карта и трансакциска сметка, сите корисници ги оставаат овие податоци).

Барем цел пост да го прочиташе ;)

Не е е битно то.. него друже параглајдер.. со здравје да си ги трошиш, и знај дека ништо не ти можат.
Се надеваат на твојата чесност (шо е то чесност?:pos:)
п.с. пиши им дека си ги уплатил парите на еуро2012.. Англија да тепа вечерва :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom