Ваши предлози за претседател и подпретседател на ФФМ

  • Креатор на темата Креатор на темата kengur34
  • Време на започнување Време на започнување
Уф никако не сум за Панчев.Соработува со власта и тука ќе има тежок криминал ако дојде за претседател.Морам да признаам порано дека и мене ми беше човек број еден за претседател на ФФМ,ама сега тотално го имам сменето мислењето.Не велам дека типот не го бива,ама Грујо му даде да биде број 1 со кладилници(за возврат тогаш Панчев се откажа од идејата за прв човек на ФФМ)Но денес мислам дека работите се сменети.Денес Панчев е повеќе од јасно дека соработува со власта и неговото поставување за прв човек на ФФМ ќе биде само замачкување очи и уште многу многу пропуштени генерации,европски и светски првенства.

А и да завршам.Според мене Артим Шаќири,па зашто да не и братот или пак самиот Пандев.

Дефинитивно Г.Пандев е материјално обезбеден,а со отварање и на фудбалската академија пандеви,целосно финансира од него покажа дека навистина сака да вложи во Македонскиот фудбал и во пронаоѓање на нови надежи.Повеќе од јасно е дека нема да краде и да ја користи функцијата за лични интереси,како што сметам дека би било случај со Панчев и сличните останати.
 
Претседател да биде некој што ќе се залага за:
Основни услови за тренинг и натпревар(вода струја соблекувални,затоплување во зимски период,тренинг опрема соодветна и соодветен терен).
Фудбалерите да бидат осигурени од клубовите,да се постави граница на минимална плата која ќе ја зема секој фудбалер.
Да се уложи во добра инфраструктура која ќе послужи како ТРЕНИНГ КАМП за репрезентациите на Македонија од најмалите до сениорите,бидејки парите што се фрлаат по хотели и патувања низ разни дестинации за припреми,ќе се искористат во други цели.
Да се бори против местенки во фудбалот (ако ги има и ако постојат во лигава).
Секое неспортско понашање и секој испад да го санкционира соодветно.
Екипите да се осеќаат безбедно кога патуваат и играат со екипи од типот на Шкендија и слични ( без навреда без лутење ама убаво знаеме како одат сите екипи таму и како се однесуваат посебно кога губат).
Да се придржува кон европските стандарди и закони за фудбал,како што ги има во другите земји.
Да го искорени секое мешање на политиката во спортот(фудбалот)
Поголемо вложување во Младинските категории,за развој на Младинскиот фудбал во Македонија,кој бележи неуспешни резултати засега.


Тоа е моето мислење за тој што мисли да е претседател.Овие услови би биле доволни за подигнување на нивото на фудбалот во Македонија,кој е на бедно ниво.

Поздрав
 
За сега кандидати кои се вртат низ спортските кулоари..

Илчо Ѓеорѓиевски
За сега подржан од некои ОФС од Скопје, ОФС Штип и ОФС Кочани

Масар Омераѓиќ
За сега подржан од Струмица, и најавена подршка од Албанскиот фактор

Емил Божиновски
За сега подржан од некои ОФС во Скопје

Лазар Нанев
За сега подржан од Кавадарци



Според чаршиските муабети..... Илчо е човек на власта и засега е изгласан таму каде што Власта има најголемо влијание.
Така да ако се водиме според тоа би требало да се очекува Илчо да биде новиот Прв човек на ФФМ.

Според мене не би бил лош избор, но сепак знаејки го фактот дека е со налог на Власта...... сето тоа ми пааѓа во вода.


Едно е сигурно...... оној што ке седне на удобната фотелија, ке сака брзо да стане кога ќе виде дека освен касата на ФФМ е оддамна празна, има и еден куп долгови врзани за неа!

Не очекува месец на Македонскиот Фудбал каде се одлучува иднината која не ни е баш светла!



Само едно ме интересира......
Од сите овие кандидати.... Македонски Спорт и тоа како врши Хајка по Илчо!
Дали е за тоа што ке го остави Вардар на Цедило во најбитниот момент..... или е пак заради фактот дека е по налог на Власта?
 
Mногу им е гајле на Македонски спорт за тоа дали Илчо ќе го остави или нема да го остави Вардар на цедило. Масар Омерагиќ фрла пари на сите страни за негова промоција, поради тоа е толку форсиран од неколку медиуми, не верувам дека би победил. Мислам дека претседател на ФФМ ќе биде кој и да е кандидат кој ќе биде поддржан од владејачката партија.
 
Штета што поднесе оставка овој Харалампие, ја па мислев ќе си тера до гроб во фотељана.
Џабе ќе се надеваме на нешто подобро и после доведувањето на нов претседател. Лично мислам дека го достигнавме дното со фудбалот во земјава, и оправување тешко. Кој и да дојде ќе остане исто.
Ќе биде се само оправуење не!
 
Тие што го сменија Харалампие кој беше направил структура забетонирана како Дон Корлеоне тие моќници сигурно си имат веќе утврдено име кој ќе е прецедател џабе овие сите кандидати а избраниот според мене е овој Илчо.
Едно знам клубот на државата Вардар долги години ќе е шампион.

Доколку фудбалот не го водат центри на моќ добро би било да се стави некој што не може да се команда на пример тим од величини како Панчев,Рингов,Шакири од Битола исто добри личности се Митко Стојковски и Тони Мицевски а не некој послушник слуга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom