Ваши предлози за претседател и подпретседател на ФФМ

  • Креатор на темата Креатор на темата kengur34
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 јули 2011
Мислења
265
Поени од реакции
202
Возраст
49
Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески и членовите на Управниот одбор предмалку на итна седница во Прилеп поднесоа оставки и закажано е ново Вонредно Изборно собрание за 29 јули во хотел „Инекс Горица“ во Охрид. Ова е нов маневар на раководната гарнитура во ФФМ, која не сака да се откаже од власта, туку да излезе на нови избори, додека има шанси да делува и да добие нов мандат. Со една ваква одлука, на утрешното Вонредно собрание на Инцијативниот одбор, кое најверојатно нема ни да се одржи, нема да може да се гласа недоверба на претседателот.


Истовремено, ќе мора сите општински фудбалски сојузи да дадат свои предлози за нов претседател на ФФМ, по што Харалампие Хаџи-Ристески ќе знае против кого ќе треба да се бори.


Донесена е одлука да му се укине Дисциплинската казна на Масар Омерагиќ, со што Харалампие Хаџи-Ристески најверојатно го повикува на фудбалски избори на 29 јули. Еве како сето тоа е пренесено на официјалната интернет страница на ФФМ, каде се вели дека распуштен е целиот УО на ФФМ, ама не и претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и потпретседателот Кенан Идризи.


Во продолжение, информацијата која е пласирана на сајтот на ФФМ.


УО на ФФМ денеска одржа вонредна седница на која ја укина вчерашната одлука на Комитетот за итност за одржување на Вонредно собрание на 21 јули и закажа ново Вонредно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 29-ти јули во х. Инекс Горица во Охрид. Терминот ќе биде дополнително одреден.

УО ги задолжи ОФС-и во рок од 10 дена да одржат општински собранија и да предложат свои кандидати за претседател на ФФМ и членови на УО на ФФМ.

УО на ФФМ донесе одлука да поднесе оставка до одржување на Вонредното Изборно Собрание на ФФМ. Претседателот и потпретседателот на ФФМ остануваат на функцијата до изборното собрание.

УО донесе одлука да се избере Ад-Хок комисија во состав од 7 члена (4 членови на Управниот одбор и 3 члена на Иницијативниот одбор) која ќе координира со активностите на ОФС-и и подготовката на материјалите за Вонредното изборно собрание.

УО го одреди дневниот ред за седницата на Вонредното изборно собрание.

На предлог на претседателот Хари Хаџи-Ристески, УО донесе одлука со која му ја укина Дисциплинската казна на делегатот на ОФС Струмица , Масар Омерагиќ.

Согласно правилникот за Трета МФЛ, седиштето на Трета лига Запад наместо во Гостивар ќе биде со седиште во Тетово во наредните две години. Исто така и седиштето на Трета МФЛ Југо-Запад се сели од Охрид во Струга.

Седницата се одржа во х. Салида во Прилеп во присуство на 12 членови на УО.
--- надополнето: 23 јуни 2012 во 04:32 ---
МОЈ ПРЕДЛОГ
ПРЕСЕДАТЕЛ - ДАРКО ПАНЧЕВ
ПОДПРЕСЕДАТЕЛ - АРТИМ ШАЌИРИ
 
Koj и да дојде, тешко дека нешто ќе се смени...
Посебно кога гледам дека Омерагиќ е главен фаворит... WTF.
Инаку мој предлог... Емил Божиновски.
 
Може ја да се кандидирам ?
:D
 
Кој е тој Омерагиќ, што е некој бивш фудбалер?Или исто срање како и овој?
 
Дарко Панчев. Друг кој и да дојде ке биде апла крадење како и до сега
 
Молите се само да не дојде овој Омерагиќ.Бетер од Хаџи е(ОД ПРОВЕРЕНИ ИНФОРМАЦИИ);)Кај него све се врти околу парата.Значи кој колку пари фрлил толку музика ќе има за него.
 
Дарко Панчев. Друг кој и да дојде ке биде апла крадење како и до сега

Да али Панчеве дали ќе може дека гарант ќе има конфликт на интереси дека држи обложувалница.

Ако може тогаш Панчев и Шаќири би биле најдобар избор
 
харалампие хаџи-ристески!
потпретседател он лично нека си избери
 
59.jpg

Tони Мицевски !
 
Игорче Трпевски. Заради него успеавме на ЕП кошарка заради него и ќе успееме на фудбалски план.
Кога ќе има собири на сите престедатели секој пат ќе го добиеме најдоброто од УЕФА.
"дааа така погледни ме во очи Платини"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom