Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Bt
  • Време на започнување Време на започнување
Новиот Управен одбор на ФФМ, на својата прва седница под водство на новиот претседател Илчо Ѓорѓиоски денеска ги разреши Судискиот комитет при ФФМ како и досегашниот Комесар за натпревари именувајќи нови лица во двете клучни Комисии во ФФМ одговорни за функционирањето на домашните натпреварувања.

За нов претседател на судискиот комитет е назначен, поранешниот истакнат наш интернационален судија Емил Божиновски кој по шест години пауза од моментите кога се повлече од фудбалот по загубената битка за претседателската функција на ФФМ, сега повторно се враќа во ФФМ. За членови на комитетот се избрани: Душан Стојановски, Стојанче Саздов, Ѓорѓи Гоцевски, Златко Талевски, Бранко Манојловски, Марјан Ристевски, Петар Илиевски, Илир Сеља, Алиреџа Хаџи-Пази, Драганче Стојановски, Пане Иванов и Аднан Идризи.

За нов претседател, пак, на Комисијата за натпревари е избран Васко Дојчиновски кој доаѓа на местото на Миле Спиркоски.

Меѓу другото на својот прв состанок, новиот Управен одбор го усвои пречистениот текст на Статутот на ФФМ прифатен од Генералното собрание на последната Вонредна седница, ги прифати предлог-листите за контролори, судии и судии-асистенти, и го прифати извештајот за продадени влезници за финалето на националниот фудбалски куп, Работнички- Ренова и квалификацискиот дуел на репрезентацијата до 21 година Македонија-С. Ирска.

Управниот одбор го прифати предлогот да им се врати правото да регистрираат фудбалери на ОФС Куманово и ОФС Битола.
 
Хари планирал и последниов пат некакво си изненадување, ама имал премногу јаки притисоци од ‘светата столица‘, па изостана изненадувањето.
Луѓето се исти, само сега ‘светата столица‘ е главна.
 
А демек до сеа, фудбалот беше топ, совршено беше се, ружи цветаа, па сега ќе дојде овој и ќе го уназади... Нема поголемо дно од ова моментално. Не велам дека е добар или не, велам дека треба да почекаме да почне со работа, па потоа да го коментираме.
Хари си имаше 10 години да си се покаже, видовме што покажа. Едно големо ништо.
Нека почне овој со работа, па после ќе го критикуваме/фалиме. Не може на нероден Петко капа да се крои.



Во фудбал? Кој од овие земји жити се е напред во фудбалот? Грција предничи тоа е факт, ама и кај останативе ситуацијата МОМЕНТАЛНО не е розева.
Темава е за ФФМ и за македонскиот фудбал генерално се прави муабет, не за другите спортови.


Ех нема потреба што да се чека.Јасно е уште од старт.Пиун на Груевски и Камчев е човеков.

А ако видиме наназад што направија овие двајцава,јасно ни е колку ќе има подобрување.Не велам дека Хари беше добар туку напротив сметам дека беше многу лош,ама овој сега ќе не дозакопа...
 
Хари планирал и последниов пат некакво си изненадување, ама имал премногу јаки притисоци од ‘светата столица‘, па изостана изненадувањето.
Луѓето се исти, само сега ‘светата столица‘ е главна.
Da da ama za da se trgne isto dobil vetuvanje deka nema da go gonat za kriminalite od pratijata sto znaci ni luk jal ni luk mirisal i site se svetci :sick:
 
Ех нема потреба што да се чека.Јасно е уште од старт.Пиун на Груевски и Камчев е човеков.

А ако видиме наназад што направија овие двајцава,јасно ни е колку ќе има подобрување.Не велам дека Хари беше добар туку напротив сметам дека беше многу лош,ама овој сега ќе не дозакопа...

значи Хари да си останеше најдобро решение ке беше, од кај кур ти заклучи дека ке не дозакопа уште не почнат со работа.
 
Најдобро ќе беше да го ставеа Никола Тодоров за претседател, човекот е експерт на секое поле, ќе им влетуваше со инспекции во 1 саат по полноќ во општински сојузи, ќе воведеше картички, ќе се куцаа играчите кога ќе влегуваа и излегуваа од игра...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom