Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Bt
  • Време на започнување Време на започнување
Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески и членовите на Управниот одбор предмалку на итна седница во Прилеп поднесоа оставки и закажано е ново Вонредно Изборно собрание за 29 јули во хотел „Инекс Горица“ во Охрид. Ова е нов маневар на раководната гарнитура во ФФМ, која не сака да се откаже од власта, туку да излезе на нови избори, додека има шанси да делува и да добие нов мандат. Со една ваква одлука, на утрешното Вонредно собрание на Инцијативниот одбор, кое најверојатно нема ни да се одржи, нема да може да се гласа недоверба на претседателот.


Истовремено, ќе мора сите општински фудбалски сојузи да дадат свои предлози за нов претседател на ФФМ, по што Харалампие Хаџи-Ристески ќе знае против кого ќе треба да се бори.
haralampie%20golema.jpg


Донесена е одлука да му се укине Дисциплинската казна на Масар Омерагиќ, со што Харалампие Хаџи-Ристески најверојатно го повикува на фудбалски избори на 29 јули. Еве како сето тоа е пренесено на официјалната интернет страница на ФФМ, каде се вели дека распуштен е целиот УО на ФФМ, ама не и претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и потпретседателот Кенан Идризи.


Во продолжение, информацијата која е пласирана на сајтот на ФФМ.


УО на ФФМ денеска одржа вонредна седница на која ја укина вчерашната одлука на Комитетот за итност за одржување на Вонредно собрание на 21 јули и закажа ново Вонредно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 29-ти јули во х. Инекс Горица во Охрид. Терминот ќе биде дополнително одреден.
УО ги задолжи ОФС-и во рок од 10 дена да одржат општински собранија и да предложат свои кандидати за претседател на ФФМ и членови на УО на ФФМ.
УО на ФФМ донесе одлука да поднесе оставка до одржување на Вонредното Изборно Собрание на ФФМ. Претседателот и потпретседателот на ФФМ остануваат на функцијата до изборното собрание.
УО донесе одлука да се избере Ад-Хок комисија во состав од 7 члена (4 членови на Управниот одбор и 3 члена на Иницијативниот одбор) која ќе координира со активностите на ОФС-и и подготовката на материјалите за Вонредното изборно собрание.
УО го одреди дневниот ред за седницата на Вонредното изборно собрание.
На предлог на претседателот Хари Хаџи-Ристески, УО донесе одлука со која му ја укина Дисциплинската казна на делегатот на ОФС Струмица , Масар Омерагиќ.
Согласно правилникот за Трета МФЛ, седиштето на Трета лига Запад наместо во Гостивар ќе биде со седиште во Тетово во наредните две години. Исто така и седиштето на Трета МФЛ Југо-Запад се сели од Охрид во Струга.
Седницата се одржа во х. Салида во Прилеп во присуство на 12 членови на УО.
Извор : http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=9272


Ваши мислења околу ова , сигурно пријатно изненадени ? :vozbud: :)
 
Очигледно не сфаќате што му е целта на Хари. Со собранието што беше закажано за утре, Хари сигурно паѓаше. А вака само добива на време да си привлече нови поттрчковци и гзолижачи, така да не е многу за радување ова.
Чекајте, ќе видите што ќе се случи. Сум рекол ја, само куршум у чело може да го тргне од ФФМ ова гомно!
 
а утре ќе се одржи собрание или не?
 
а утре ќе се одржи собрание или не?
Нема, зошто сега нема кого да разрешат :) Затоа и го напрае све ова Хари, нема крај на неговите игре...а некои од овде се радуваат мислејќи дека си дал оставка...
 
И да не го изберат Куралампије ќе изберат некој како него... треба од корен, до најситниот делегат да се зачисти и од нула да се тргне. Сум пишал, и пак сеа ќе пишам, интервенција на полицијата и државата, па нека ни лупнат тригодишна забрана од УЕФА и така нема што да загубиме.
 
Пак ќе се спаси 100%. Сега не ни може да има утре собрание, како што спомнавте нема кој да менуваат... А на наредното изборно, пак ќе победи.
 
Не бе нема спас од овој на крајот е жртва па нормално ќе го потегне јажето што го држи во УЕФА! Сега беше последниот момент да се тргне гробарот на македонскиот фудбал.
 
Не е само он има и др кои му помагаат само еден палестинец да дојде да ги разнесе овие треба :mad: го упропастија фудбалот фак ју :mad:
 
Пак ќе се врати. Мафија ради док полиција спава. Дај боже да не се врати али не е така. Фудбалот и понатака ќе тоне а овој си лапа парички.
 
И да не го изберат Куралампије ќе изберат некој како него... треба од корен, до најситниот делегат да се зачисти и од нула да се тргне. Сум пишал, и пак сеа ќе пишам, интервенција на полицијата и државата, па нека ни лупнат тригодишна забрана од УЕФА и така нема што да загубиме.
УЕФА сама го стави на функција , што значи ако го фатат него сигурно и неа така да просто невозможно да ги фатат .
Останува на 29-ти , барем да не го гледаме овој буљаш :eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom