Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Bt
  • Време на започнување Време на започнување
Додека не видам официјално со печат, не верувам.
Тој таа фотеља со лесни пари не ја напушта туку така...:tapp:
 
ја лично не веруам дека ќе го сменат таќе лесно,ама ако има правда у оваа држава,и еден господ личен да замине па и нашиот фудбал да види бел ден би бил многу среќен.
 
Шаќири: Го давам „корнерот од Саутемптон“ само да падне Хаџиристески!

Пензионираниот македонски фудбалски репрезентативец Артим Шаќири остро удри по режимот во Фудбалската федерација на Македонија и во изјава за „Македонски спорт“ вели дека нема да се врати во фудбалот се додека не се смени актуелната гарнитура на власт.


Голот од корнер на Артим Шаќири против Англија е еден од најславните во македонската историја
Ми се гади од овој фудбал на Хаџиристески. Ќе се вратам во фудбалот само ако ги снема овие кои го уништија овој спорт во Македонија. Ги давам сите голови што ги постигнав за Македонија, па дури и оној од корнер пред 10 години во Саутемптон, само за да падне овој режим“, вели за „Македонски спорт“ поранешниот капитен на националниот тим.
Со ова се зголемува притисокот врз Харалампие Хаџиристески пред саботното Собрание на федерацијата, собир кој сега го организира опозицијата на прилепчанецот. Според најавите, опозиционерите се во мртва трка со времето за да обезбедат 59 делегати што е минималната потребна бројка за Хаџиристески да биде сменет.

Извор.
 
Иницијаторите велат дека сите делегати му вртат грб на Хаџиристески

21
ЈУН 2012​
13:44​

Иницијативниот одбор за промени во Фудбалската федерација на Македонија, објави дека имаат подршка од 21 општински фудбалски сојуз (ОФС) и дека во пресрет на саботното вонредно Собрание очекуваат помеѓу 90 и 105 делегати, од можни 117 колку што брои највисокиот орган на Федерацијата.


Хаџиристески веќе десет години е на чело на ФФМ
ИО за спас обзнани дека на Македонија и „виси суспензија“ од ФИФА, затоа што веќе истекол рокот за промена на Статутот, кој треба да се усогласи со „светскиот устав“ и дека одржувањето на највисокото тело на ФФМ е практично спас од суспензија. Токму статутарните промени, комплетни, како што ги бара ФИФА се основа на Собранието, а дополнителна точка била гласањето на доверба на Харалампие Хаџиристески, актуелниот прв човек на ФФМ.
„Сакаме чисто и демократско Собрание. Сакаме Собрание на кое нема да има ниту една дамка. Да биде толку чисто, почисто да не може да биде“, рече Стојанче Златановски.
Иницијаторите објавија дека имаат подршка од сите ОФС-и, но дека од 21 ОФС подршката е комплетна, а од останатите пет – по некој делегат. Златановски објави дека нема повратна информација од канцеларијата на ФФМ за логистичка подршка за организирање на вонредното Собрание, најавувајќи дека до утре до пладне ќе чекаат одговор од ФФМ.
„Ние очекуваме мнозинство на делегати. Мислам дека сме на вистинскиот пат. Ова е шанса да се усвои тој Статут, кој никогаш не бил ставен на дневен ред. Хаџиристески ставаше неколку измени на членови, но воглавно 80-90 отсто не е сменет“, рече Иван Путилин.
На крајот, иницијаторите на два дена до Собранието му порачаа уште еднаш на Хаџиристески да дојде на СОбранието, како и членовите на УО. Златановски објави дека сите се поканети.
„Хари треба да дојде на Собрание. Тоа е единствениот начин да се стави крај на се. Ние сите ги поканивме, очекуваме и членовите на УО да бидат на Собранието. Од канцеларијата на ФФМ немаме одговор, но сите треба да бидат присутни. На крај, ние достоинствено ќе прифатиме резултат, ако на Хари му се изгласа доверба“, додадоа иницијаторите.
Иницијативниот одбор според Статутот на ФФМ побара вонредно Собрание со потписи од десет ОФС, за кое Хаџиристески неодамна на УО на Федерацијата објави дека ќе побара дополнителна документација за да одговори на барањето за вонредно Собрание.
http://www.mkd.mk/39277/sport/inicijatorite-velat-deka-site-delegati-mu-vrtat-grb-na-hadziristeski/
 
Од кај овај човек толку врски во Уефа не ми е јасно... Пак ќе го спасат.
 
Од кај овај човек толку врски во Уефа не ми е јасно... Пак ќе го спасат.
Мислам дека тој го даде клучниот глас,за платини да победи,ама се надевам дека више му доаѓа крајот не мора да иде у затвор само нека се тргне од фудбалот.
 
Само немој да биде како на минатото кога го рушеа па на гласањето испаднаа само двајца против него
 
А овие што сакаат да го бутнат, спомнаа некои фудбалски имиња што ги имаат како замена за Хари или бар некаква стратегија како планираат они да го водат фудбалот во државава или работата е да го бутнеме Хари па што биде нека биде???
 
вие сте луди што се замарате за фудбалот у македонија :confused:
 
Миленко Неделковски
ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО....
На итна седница во Прилеп, пред 15-тина минути УО на ФФМ поднесе неотповиклива колективна оставка.
Неотповиклива оставка поднесе и досегашниот Председател Харалампие - Дрти Хари - Хаџиристески.
За 29ти јули закажано е ВОНРЕДНО И-З-Б-О-Р-Н-О Собрание на ФФМ.
 
Хаџи-Ристески и УО на ФФМ се „самораспуштија“, ново Вонредно Изборно Собрание на ФФМ на 29 јули
Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески и членовите на Управниот одбор предмалку на итна седница во Прилеп поднесоа оставки и закажано е ново Вонредно Изборно собрание за 29 јули. Ова е нов маневар на раководната гарнитура во ФФМ, која не сака да се откаже од власта, туку да излезе на нови избори, додека има шанси да делува и да добие нов мандат. Со една ваква одлука, на утрешното Вонредно собрание на Инцијативниот одбор нема да може да се гласа недоверба на претседателот.


Истовремено, ќе мора сите општински фудбалски сојузи да дадат свои предлози за нов претседател на ФФМ, по што Харалампие Хаџи-Ристески ќе знае против кого ќе треба да се бори.


Донесена е одлука да му се укине Дисциплинската казна на Масар Омерагиќ, со што Харалампие Хаџи-Ристески најверојатно го повикува на фудбалски избори на 29 јули. Еве како сето тоа е пренесено на официјалната интернет страница на ФФМ, каде се вели дека распуштен е целиот УО на ФФМ, ама не и претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и потпретседателот Кенан Идризи.


Во продолжение, информацијата која е пласирана на сајтот на ФФМ.


УО на ФФМ денеска одржа вонредна седница на која ја укина вчерашната одлука на Комитетот за итност за одржување на Вонредно собрание на 21 јули и закажа ново Вонредно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 29-ти јули во х. Инекс Горица во Охрид. Терминот ќе биде дополнително одреден.

УО ги задолжи ОФС-и во рок од 10 дена да одржат општински собранија и да предложат свои кандидати за претседател на ФФМ и членови на УО на ФФМ.

УО на ФФМ донесе одлука да поднесе оставка до одржување на Вонредното Изборно Собрание на ФФМ. Претседателот и потпретседателот на ФФМ остануваат на функцијата до изборното собрание.

УО донесе одлука да се избере Ад-Хок комисија во состав од 7 члена (4 членови на Управниот одбор и 3 члена на Иницијативниот одбор) која ќе координира со активностите на ОФС-и и подготовката на материјалите за Вонредното изборно собрание.

УО го одреди дневниот ред за седницата на Вонредното изборно собрание.

На предлог на претседателот Хари Хаџи-Ристески УО донесе одлука со која му ја укина Дисциплинската казна на делегатот на ОФС Струмица , Масар Омерагиќ.

Согласно правилникот за Трета МФЛ, седиштето на Трета лига Запад наместо во Гостивар ќе биде со седиште во Тетово во наредните две години . Исто така и седиштето на Трета МФЛ Југо-Запад се сели од Охрид во Струга .

Седницата се одржа во х. Салида во Прилеп во присуство на 12 членови на УО.
 
Читајте го целиот текст, ова е уште една игра на Хари! УМРИ БЕ ПЕДЕРУ ГАДЕН!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom