Скопско лето 2012

10. 07. 2012, во Даут Пашин Амам, во 20,30, концерт на унгарскиот гитарист Андраш Чаки
На интернет ја најдов неговата страница и може да погледате и чуете како свири ( има повеќе нумери на YouTube )
http://csakiandras.hu/angol/start.htm
Мислам дека влезот е слободен
 
Вечерва, на 16. 07. концерт на Крсте Бадаровски, музеј на Град Скопје ( стара железничка ) почеток во 20,30
За Крсте Бадаровски не можев да најдам по опширни податоци
Единствено дека е од Скопје, дека претходно има завршено средно музичко „ Илија Николовски - Луј “. И дека академија завршил во Чешка. Се што најдов е на Чешки јазика и се чини дека таму е многу ценет Пијанист. Би замолил некој кој е по упатен да напише нешто повеќе за него. Еве што најдов за Крсте Бадаровски на Чешки јазик:
http://zusbenatky.webnode.cz/pedagogicky-sbor/krste-badarovski/
 
Денес 17. 07, 2012., во 20,30 во Даут Пашин Амам, концерт на Штефан Грасе - гитара и Рафаел Кемпкен - удиралки
Во Даут Пашин Амам, влезот е обично слободен
Еве што најдов на интернет:
http://www.stefan-grasse.de/index.html
 
18. 07, на платото пред Универзална сала со почеток во 21 часот. Театарска представа Прикаска од предиво.
Пребарував на интернет... изгледа се работи за куклена представа за деца. Продукција Илкова театар - Софија.
На Англиски јазик не успеав да најдам ништо, на Бугарски јазик има доста, ама слабо разбирам. Ако добро разбрав, се работи за култна представа која се игра од 1989
Еве кој сака нека погледа:
http://theatre.art.bg/илкова-теат'р___28___20
 
Вечерва имаше и филм во Луна парк - "Haywire" (во рамките на СК лето).
Фул беше, немаше игла каде да фрлиш.
Оцена 3 од 5, Ок за сите што се по акциони трилери:D
Искрено, ме зачуди како Мајкл Даглас и Антонио Бандерас се нафатиле да го снимат филмов...изгледа им понудиле МНОГУ пари;)

Утревечер, во 20:30 пред платото на Универзална, концерт на Kynnes Kaballe.
 
Браво плавоока и смрт за зони и пајак возила. Многу сакам вакви луѓе со вакви иницијативи и покрај за жал малиот интерес.
 
Браво плавоока и смрт за зони и пајак возила. Многу сакам вакви луѓе со вакви иницијативи и покрај за жал малиот интерес.

И ние те сакаме;)
Кога почна манифестацијава, мислев нема народ ради фудбалот...а тоа да ти било целосна културна апатија:(
Убаво што Смрт за зони и пајак возила ја отвори темата, вреди да се сподели, па макар и да се работи за неколку луѓе. Тоа ти е, културата е на една голема 0 кај нас:(. Поинтересни се турски серии, турбо фолк кафани и партиски препукувања.
Но, иако сме малцинство, не се предаваме, хаха:LOL: Поздрав!

Не знам што има викендов, но во понеделник, во 21 часот пред Музејот на холокаустот, концерт на Ofirel Viaje.

П.С. Не знам каква е состојбата со Охридско лето, дали е попосетено...? Ако некој знае, нека сподели.
 
Вечерва 23 јули во 21 часот, на платото пред Музејот на Холокаусот концерт на групата Ofir el viaje,
Колку што разбрав,се работи за група од Шпанија, која свири прогресивен рок. Ако некој знае нешто повеќе за нив нека напише
Најдов и две нивни песни
http://www.youtube.com/watch?v=52DuUW8g2M4
http://www.youtube.com/watch?v=AKWUaFBZco4
 
Вечерва 24. 07, во 21 часот во Музејод на Град Скопје ( Стара железничка ) - Болоња чело проект
Учествува, меѓу другите и Lorenzo Squarotti челист
Еве нешто со него
http://www.youtube.com/watch?v=hzp1EVBGOoQ
Мислам дека ова не треба да се пропушти...
 
26. 07, Стара железничка, во 21`Барабара Миколиќ флејта и Томислава Лојиќ пијано. Колку што рабрав се работи за многу млади музичари
 
Денес и утре следат два настани кој ќе се одржат во 20,30 на платото позади музејот на Мајка Тереза:
29. 07. 2012 - Концерт на фолклорен ансамбал „ Лефкада “ од Северен Кипар
( ова ме збуни, вака е објавено на интернет страницата на Скопско лето, а Лефкада е остров во Јонското море )
http://www.lefkada.gr/default.asp?langid=2
30. 07. 2012 - Концерт на групата „ Кабадијас “
Според мое мислење ова ќе биде интресен настан, се работи за наша, скоро формирана; група од наши школувани и реномирани музичари. Еве што најдов за групата
http://www.makdenes.org/content/article/24578804.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom