jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Колку што знам, Русија ја вклучи Кина во развој на посебна заедничка верзија на системот S-400, кој би бил во симбиоза со Рускиот и би претставувал еден заеднички против-воздушен систем. Има интерес и од Индија, со оглед на тоа дека се граничи со нуклеарна сила. Како дополнителна сигурност, набргу се очекува и новиот мобилен систем S500, кој би можел да пречекува проектили и до 500км пред да влезат во Руска територија и се најавува како најсофистициран систем, далеку пред неговите конкуренти. Имено дури и S400 може да се каже дека е пред своите конкуренти. Мора да ја нагласам и компатибилноста со старите системи, што му дава на овој серијал од противоздушни системи посебен акцент и систем кој сам по себе се надополнува.Што се однесува до Русија-Индија-Кина,мислам дека веќе е Русија и Индија,Кина се дистанцира и започнува свои сопствени проекти за разлика од Индија и Русија кои имаат договор вреден над 5 милијарди и истиот опфаќа асистенција при производство на индиската верзија на Т-90,авијацијата и секако Морнарица.
Што се однесува до воената соработка со Индијците како на пример со 90ките, не сум запознаен во детали, но знам дека оваа сорабтка не се ограничува само на производство. Индија ја спонзорира Руската воена индустрија, за научен развој во одредени сектори од областа на воената технологија. Значи соработката е едно ниво погоре од обична асистенција или лиценцирање на производство.