Средба Груевски - Путин во четврток 21-06-2012

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Што се однесува до Русија-Индија-Кина,мислам дека веќе е Русија и Индија,Кина се дистанцира и започнува свои сопствени проекти за разлика од Индија и Русија кои имаат договор вреден над 5 милијарди и истиот опфаќа асистенција при производство на индиската верзија на Т-90,авијацијата и секако Морнарица.
Колку што знам, Русија ја вклучи Кина во развој на посебна заедничка верзија на системот S-400, кој би бил во симбиоза со Рускиот и би претставувал еден заеднички против-воздушен систем. Има интерес и од Индија, со оглед на тоа дека се граничи со нуклеарна сила. Како дополнителна сигурност, набргу се очекува и новиот мобилен систем S500, кој би можел да пречекува проектили и до 500км пред да влезат во Руска територија и се најавува како најсофистициран систем, далеку пред неговите конкуренти. Имено дури и S400 може да се каже дека е пред своите конкуренти. Мора да ја нагласам и компатибилноста со старите системи, што му дава на овој серијал од противоздушни системи посебен акцент и систем кој сам по себе се надополнува.

Што се однесува до воената соработка со Индијците како на пример со 90ките, не сум запознаен во детали, но знам дека оваа сорабтка не се ограничува само на производство. Индија ја спонзорира Руската воена индустрија, за научен развој во одредени сектори од областа на воената технологија. Значи соработката е едно ниво погоре од обична асистенција или лиценцирање на производство.
 
Б.Ц е контроверзен,ама дека ја одржа Р.Македонија во услови на Ембарго од Грција,Санкции за ЈУ,Војна во Босбна,Хрватска-кои важеа за нас,,Крах и губење на 20 милионски пазар, и под практична Окупација на ЈНА и неговата спрепка на која грците се спрепнаа(договорот кој го прекршија) не е занемарлива,да бидеме малку објективни.
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 16:16 ---

Зависи кој како ги гледа работите, јас сум неутрален политички и не плукам ни по Грујо, ни по Бранко, ниту пак ги фалам ............ едноставно Бранко и Грујо си имаат сосема посебни начини на водење на политиката(надворешна) ........ всушност во политиката постојат два правци, едниот е полесен, другиот е потежок, Бранко го тераше полесниот пат, Груевски моментално го тера потешкиот/заобиколен пат и тоа е тоа ........ Бранко денеска многумина директно го обвинуваат за промена на знамето, името(прифаќање на референцата ФИРОМ/БЈРМ), потпишување на рамковниот во 2001(иако и тогашниот прв човек на владеачката ВМРО-ДПМНЕ тогашниот прем.Љубчо Г. стави потпис на истиот договор), потоа за децентрализацијата(Струга и Кичево) и.т.н. исто така ставот на опозицијата(блед став) е дека треба да се прифати промена на името(со ГЕО-одредница), но со зачувани имиња на јазик и нац.идентитет ........ додека пак сегашниот премиер Груевски си има сосема спротивни гледишта и начини на водење на надв.политика, Груевски е строго против било каква промена на уставното име(против секакви ГЕО-одредници, наставки, придавки...) и повеќе гледа кон истокот(Русија, Турција, Катар, Индија, Кина...), особено после шлаканиците од Букурешт(април.2008) и од Чикаго(пред месец дена), додека пак Бранко повеќе беше наклонет кон западот ..... така да секој со своите гледишта .......... времето(иднината) ќе покаже кој повеќе грешел !
 
Убо е да има вакви среди за наз е битно да се позиционираме, да стапиме во контакт со овие држави да стават и фокус на нас. Сепак не очекувам премногу од оваа средба, добро е но треба прво да се зацврстат односите. И најмногу ме радува што се одземаат аргументите дека сме биле изолирани што се тролува со години наназад, каков нонзенс кој сега и за секого стана очиглено.

Tие што сега најповеќе трубат дека сме биле изолирани , не само што беа изгубени во време и простор но и правеа катострофална антиреклама на сопствената држава .

И тоа баш на оваа тема за Русија имавме пример во 2003 кога Стопанската комора во придружба со владина делегација предводена од тогашниот премиер во Москва отиде со каталог од 90-тите на минатиот век и во него веќе непостоечки фирми . А претходно се фалеа дека се припремале за настанот неколку месеци порано....:facepalm:
 
Колку што знам, Русија ја вклучи Кина во развој на посебна заедничка верзија на системот S-400, кој би бил во симбиоза со Рускиот и би претставувал еден заеднички против-воздушен систем..

Не е истиот, ки8на по лиценца го има С-300 како HQ9(многумина сметаат дека Иран го посе4дува) но има шпекулации за 400 HQ19 иако официјално не се потврдени,очигледно станува зббор за кинеска варијанта но со добар удел на русите,но кина има тестирано и свои системи воглавно,русија има свои варијанти како газела,А-135 и сл.

Кина од друга страна ја има ДФ-21,и развива сопствен програм.



Има интерес и од Индија, со оглед на тоа дека се граничи со нуклеарна сила.

А кој го направи Пакистан нуклеарна сила??
Кој асистираше=КИНА:)

Имено дури и S400 може да се каже дека е пред своите конкуренти.

Може да се рече но не и да се тврди со сигурност-конкурент му е Патриот 3 кој е инфериорен во однос на домет па и детекција.

. Индија ја спонзорира Руската воена индустрија, за научен развој во одредени сектори од областа на воената технологија. Значи соработката е едно ниво погоре од обична асистенција или лиценцирање на производство.

Па тоа ти зборам цело време,Индија активно зеде учество во проектот СУ-Т-50 петта генерација а за морнарицата да не зборам,но Кина се дели што е очигледно.

Битно за нас е да издејствуваме барем добар дил за гасификација,мислам и на ТЕЦ неготино на за оружје купување едно нешто икај нас нема логика-МВР да има поголем Буџет од Армијата,и тоа бајаги поголем.
 
Битно за нас е да издејствуваме барем добар дил за гасификација,мислам и на ТЕЦ неготино на за оружје купување едно нешто икај нас нема логика-МВР да има поголем Буџет од Армијата,и тоа бајаги поголем.
Ок во секој случај се сложувам со оваа констатација, а и многу сме далеку од ситуација кога би можеле да издејствуваме воена соработка со Русија на ниво на вооружување. Таква една соработка би можела да дојде само откако официјално би се откажале од НАТО интеграцијата, што е невозможно за овој период.

Но имај во предвид, дека економската наклонетост кон Русија, само по себе би повлекло некои други работи. Прво и основно Рускиот пазар не е толку со рестриктивна политика како Европскиот, поготово прехранбениот и е исто така доста голем за Македонското производство. Доколку Република Македонија би успеала да го освои Рускиот пазар, тоа би значело дефакто одалечување од ЕУ, само по себе, но истовремено и економски бум. Ова самото по себе би значело и оддалечување од НАТО. А со тоа и соработка на воен план со Русите. Мое мислење е дека САД ќе дозволи една таква игра, пошто веќе немаат никаков изговор за да држат толку голем Воен буџет, па нова поларизација би била одличен изговор за тоа.
 
Ок во секој случај се сложувам со оваа констатација, а и многу сме далеку од ситуација кога би можеле да издејствуваме воена соработка со Русија на ниво на вооружување. Таква една соработка би можела да дојде само откако официјално би се откажале од НАТО интеграцијата, што е невозможно за овој период.

Реално гледано сега најмалку ни е потребно оружје,нема реална закана од надвор,вистинската закана е внатре и е специфична и речиси нерешлива без економски развој.

ДФемократија не е плурализм,не е да се прави што сака туку јас лично сметам дека демократијата се базира врз економска основа без економска основа колку и кој да сака права и да му дадеш џабе е кога 70% од граѓаните едвај поминуваат до први,а многумина зависат и од пензии-вистинска демократија имаме кога поединецот ќе има економска слобода т.е независност и тогаш нема да му биде гајле дали некој е албанец,турчин,македонец па да се расправаат на кој му е поголем затоа и сметам дека неопходно е да се стави акцент на економската оработка и овде делиме речиси исто мислење,сепак огромна штета е уништувањето на нашата градежна оператива која од Градење мостови се сведе на фасадирање.


Но имај во предвид, дека економската наклонетост кон Русија, само по себе би повлекло некои други работи. Прво и основно Рускиот пазар не е толку со рестриктивна политика како Европскиот, поготово прехранбениот и е исто така доста голем за Македонското производство. Доколку Република Македонија би успеала да го освои Рускиот пазар, тоа би значело дефакто одалечување од ЕУ, само по себе, но истовремено и економски бум.

Напротив,мислам дека ќе се приближиме до ЕУ...според стандардот.

Прехранбената индустрија има потенцијал кој не смее да се потцени но не смееме да дозволиме да остане само на тоа,алудирам посебно за реактивирање на нашата Градежна оператива која придонесуваше со чисти 200 милиони долари годишно пред распадот на СФРЈ.


Ова самото по себе би значело и оддалечување од НАТО. А со тоа и соработка на воен план со Русите.

Не верувам економската соработка па и воената со Русија(или украина) НАТО ќе ја интерпретира како оддалечување на Македонија-имај го предвид договорот за Стратегиско партнерство со САД и Македонија функционира практично во НАТО иако не е членка самите сме сведоци на тоа,мое мисллење е дека кај западот нема загриженост околу средбиве-ние јасно целиме кон НАТО а испланирани ни се мисиите(со НАТО) до 2014 година.
 
На Меѓународниот форум во Петроград, ПУТИН ВЛЕГОЛ ВО САЛАТА каде што се одржувал форумот ЗАЕДНО СО ГРУЕВСКИ и двајцата добиле аплауз.
Повеќе прочитајте на : http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/gruevski-se-sretna-so-putin-vo-sankt-peterburg

Дипломатски, ваквиот гест на Путин значи многу. Не ќе да разговарале само за економска соработка, веројатно многу се разговарало и за политика;)
 
На Меѓународниот форум во Петроград, ПУТИН ВЛЕГОЛ ВО САЛАТА каде што се одржувал форумот ЗАЕДНО СО ГРУЕВСКИ и двајцата добиле аплауз.
Повеќе прочитајте на : http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/gruevski-se-sretna-so-putin-vo-sankt-peterburg

Дипломатски, ваквиот гест на Путин значи многу. Не ќе да разговарале само за економска соработка, веројатно многу се разговарало и за политика;)
Секое влијание почнува и завршува со економијата. Политиката е орудие на економијата. Може паднале и конкретни геостратешки разговори, НО голем чекор напред е и да е само ова што се вади во јавност (а не е само тоа).

Одличен сигнал!!!
 
Секое влијание почнува и завршува со економијата. Политиката е орудие на економијата. Може паднале и конкретни геостратешки разговори, НО голем чекор напред е и да е само ова што се вади во јавност (а не е само тоа).

Одличен сигнал!!!

Општо земено, точно дека економскиот интерес е најважен. Но, Македонија и Србија секогаш биле некаков исклучок од светскиве текови и мислам дека рускиот интерес за Македонија во основа е геостратешки.

Ако се сеќаваш на Западен Берлин/НАТО, кој беше остров во ДДР/СССР,, па нешто интуицијата ми иде натаму, но со обратен редослед на настаните и силите ;)
 
Општо земено, точно дека економскиот интерес е најважен. Но, Македонија и Србија секогаш биле некаков исклучок од светскиве текови и мислам дека рускиот интерес за Македонија во основа е геостратешки.

Ако се сеќаваш на Западен Берлин/НАТО, кој беше остров во ДДР/СССР,, па нешто интуицијата ми иде натаму, но со обратен редослед на настаните и силите ;)
Геостратешкиот елемент е конкретен елемент на интересите на една држава, која пред се мора безбедносно да е присутна каде што има сфери на интерес.

Примерот за ДДР што го кажуваш можеби е несоодветен за подрачјето, меѓутоа тоа е тоа воглавном. А со оглед на расцепканоста на Балканот, на воен план, сериозно воено присуство на Русите во Македонија, би ги неутрализирало сите Балкански НАТО држави. Што е најинтересно, сум го кажал тоа многу пати, мислам дека таква една ситуација ќе и оди во прилог и на САД, чиј „непријател“ во моментот не е доволно силен за да го оддржи воениот буџет. При еден таков пресврт на Балканот и одалечувањето на Турција од западот(имај во предвид дека Балканот заедно со Мала Азија претставува најважен геостратешки регион во светот), ситуацијата на теренот значајно би се изменила и САД би добиле достоен противник, а со тоа и традиционално најакото лоби (магнатите за оружје) повеќе пари.
 
Секое влијание почнува и завршува со економијата. Политиката е орудие на економијата. Може паднале и конкретни геостратешки разговори, НО голем чекор напред е и да е само ова што се вади во јавност (а не е само тоа).

Одличен сигнал!!!

Дефинитивно испаднало и нешто конкретно ...
Мислам дека оваа новина оди во контекст на твојот коментар за економско-геостратешки разговори ...
Tој регионалниот центар на „Лукоил“ би ги покривал и Бугарија :D , Албанија, Косово, што е одлична вест за Македонија.
 
Дефинитивно испаднало и нешто конкретно ...
Мислам дека оваа новина оди во контекст на твојот коментар за економско-геостратешки разговори ...
Tој регионалниот центар на „Лукоил“ би ги покривал и Бугарија :D , Албанија, Косово, што е одлична вест за Македонија.
ОКТА ке купат или ке градат нешто ново?:)
 
Ма сигурно ќе градат нешто ново.
Јас секогаш полнам нивен бензин, најкалоричен е :)

Разликата во квалитетот помеѓу горивата од Лук-Оил и горивата од Мак-Петрол(како и на останатите домашни фирми) се огромни ............ ставам бензин(95ка) илјадарче во Лук-Оил и терам обавезно 1-2 дена повеќе отколку кога ќе ставам илјадарче(од истиот тип на бензин) во Мак-Петрол, најозбилно, а потполно иста релација, иста километража, ист начин на возење !
 
Валкани македонисти зошто лажете дека ќе станете регионален лидер на ЛУКОИЛ како ви лаже овој Груевски.В Македонија има само 20 бензински пумпи додека во Бугарија има рафинерија / најголемата рафинерија на Балканот и Југоисточна Европа /, над 300 бензински пумпи, шефот на ЛУКОИЛ за Југоисточна Европа е Бугарин / Валентин Златев / не Македонец.
Освен това.Имаме 2 рафинерии / во Бургас и Плевен /, Иран сака да гради уште една крај Варна.
Русија ако ќе гради рафинерија / таа ќе гради / ќе биде во Бугарија, не во Македонија, не во Грција, не во Србија.
http://energymk.com.mk/index.php?op...-38-13&catid=58:2011-08-04-21-13-49&Itemid=79
http://www.dnevnik.bg/bulgaria/2012...tvurdi_gotovnostta_si_da_stroi_rafineriia_do/ ЗА ИРАН
http://www.regal.bg/show.php?storyid=1837686 ЗА РУСИја
Как Македони ке е ЛИДЕР
Тоа Груевски много ЛАЖЕ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom