Навредливи билборди во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Ме нервираш. :)
Од една страна "остави ги овие, дивјачишта нерафинирани и неартикулирани", а од друга страна "мавај дивјачки по овие, да не се занесуваат дека го фатиле Исус за муда."
И ете го резултатот на тоа лицемерие. На тој страв. По христијанството се плука оти "ни ја мати водата", а никој не се осмелува да ги критикува фашизодите од другата страна, оти Rahmad Kitokvrc ќе ти го кврцне тулето и/или главчето. :)

Зашто лицемерие, за мене исто срање се и едните и другите само што едните можат да се вразумат со закони а другите со стап, скоро разумни и неразумни...
Страв, храброст... стравот лозје чува видиш.
Не се устручавам да ги критикувами другите воопшто, веќе ги искритикував, во случајов христијаниве ме рчнаа..моменат на слабост :)

П.С. Твојата идеја која е за справување со муслиманиве пошто ги наметнуваш во муабетов (со право донекаде), ама што да се прај ајде...
 
Таканареченото тепање на студенти беше меѓупартиска пресметка за време на вжештена изборна кампања и не е во ред да се смета за верски инцидент затоа што не беше таков. Ни прв, ни последен пат партиите се пресметуваат на улица. Дури имало и калашњикови во некои случаи.

Ги предводеше поп. Имаше околу него волови закитени со крстови кои горе доле повторуваа се што тој збореше. Бев таму, и се гледаше дека религиозно е поттикната целата работа.

Освен ако попот не го сметаш за политичар. Во кој случај би те прашал зошто религијата и државата се мешаат и синтетизираат во едно тело?
 
Не е битно кој ги предводел. Битно е кој ги организирал. Едните ги предводеше поп, другите беа невладина организација предводена од студенти. Проформа. Ама во позадина беше ДПМНЕ против СДСМ во ек на изборна кампања, помеѓу два круга на локални избори, во општина во која и двете партии сметаа дека мора да победат. Изманипулираните (сигурен сум дека имало такви на двете страни) се небитни во приказната. Тие се само колатерална штета.

За последното прашање, заради заедничка корист и власт. Ништо помалку, ништо повеќе.
 
Ги предводеше поп. Имаше околу него волови закитени со крстови кои горе доле повторуваа се што тој збореше. Бев таму, и се гледаше дека религиозно е поттикната целата работа.

Освен ако попот не го сметаш за политичар. Во кој случај би те прашал зошто религијата и државата се мешаат и синтетизираат во едно тело?

Во право си. На калето немаше поп кога ги претепаа македонците, па по тоа можеме да увидиме дека не се работи за тепачка од религиозни побуди.
Попот е битен. ;)
 
Не е битно кој ги предводел. Битно е кој ги организирал. Едните ги предводеше поп, другите беа невладина организација предводена од студенти. Проформа. Ама во позадина беше ДПМНЕ против СДСМ.

Тоа, тоа е моментот што им дава власт на религиите да се понашаат раскалашено и разгалено, право да се закануваат, тепаат и убиваат итн...
 
Во право си. На калето немаше поп кога ги претепаа македонците, па по тоа можеме да увидиме дека не се работи за тепачка од религиозни побуди.
Попот е битен. ;)

Не ми врти зборови, знаеш на што мислев со постот. Може се тргнав кога почнаа физичките пресметки, ама бев доволно време таму за да имам увид за целата ситуација. Религија или политика, што и да е, тоа не личи на човечко однесување. А овде некои ќе ми продаваат бубрези за културно однесување, и како билбордов било недолично и невкусно за еден културен народ.
 
Тоа, тоа е моментот што им дава власт на религиите да се понашаат раскалашено и разгалено, право да се закануваат, тепаат и убиваат итн...
Повеќе е обратно. Свештениците им даваат право на политичарите (заради лукративни причини) да организираат, тепаат, убиваат... во име на религијата. Затоа глупо е на вистинските верници да им се ставаат под нос гревовите на коалицијата помеѓу политичарите и свештениците. Христијаните кај нас не се воопшто агресивни и воинствени.
 
Море Raziel , цело време ги извртуваш зборојве како што кажа Чкорпион...кај беше сега она смајлито со Узи кај шо пука :icon_lol:
 
Тоа, тоа е моментот што им дава власт на религиите да се понашаат раскалашено и разгалено, право да се закануваат, тепаат и убиваат итн...

Хмм...
Мислам дека Inglorious во постот не пишуваше за тоа како некој некому дава власт, туку како некој(ДПМНЕ) користи некој друг(МПЦ) за да се пресмета со противниците(СДСМ). Ефективно во постот напиша дека МПЦ е подредена на власта. Слуга.
Што е и вистина. МПЦ нема капацитет, ниту авторитет сама да се пресметува.
 
Повеќе е обратно. Свештениците им даваат право на политичарите (заради лукративни причини) да организираат, тепаат, убиваат... во име на религијата. Затоа глупо е на вистинските верници да им се ставаат под нос гревовите на коалицијата помеѓу политичарите и свештениците. Христијаните кај нас не се воопшто агресивни и воиствени.

Убаво го кажа и ова. Не се агресивни и затоа кажував дека негативно ги критикувам (најчесто) нив пошто се поразумни за разлика од другиве неписмениве т.е. муслиманиве (ајде има исклучоци да не генерализирам бла бла) :)
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 17:24 ---
Хмм...
Мислам дека Inglorious во постот не пишуваше за тоа како некој некому дава власт, туку како некој(ДПМНЕ) користи некој друг(МПЦ) за да се пресмета со противниците(СДСМ). Ефективно во постот напиша дека МПЦ е подредена на власта. Слуга.
Што е и вистина. МПЦ нема капацитет, ниту авторитет сама да се пресметува.

Епа за да го искористипш некој мора даму направиш илузија дека има некакви права повеќе од обичните смртници т.е. "му даваш власт". Слуга е на власта ама си има бенефит од тоа, едно чудо цркви и џипови (народот не гомешаме).
 
Повеќе е обратно. Свештениците им даваат право на политичарите (заради лукративни причини) да организираат, тепаат, убиваат... во име на религијата. Затоа глупо е на вистинските верници да им се ставаат под нос гревовите на коалицијата помеѓу политичарите и свештениците. Христијаните кај нас не се воопшто агресивни и воиствени.

Затоа често го употребувам терминот квази-христијани. Знам дека има луѓе кои едноставно не се ни приближно такви како оние кои што сме навикнати да ги гледаме по вакви настани.

Луѓе како Петар, Мики и еден мој пријател кој не е член на форумов. Одлика на тоа ако човек се смета за христијанин, како треба да се однесува. Мислев дека бев јасен (и другите) за која група на луѓе збориме.
 
Убаво го кажа и ова. Не се агресивни и затоа кажував дека негативно ги критикувам (најчесто) нив пошто се поразумни за разлика од другиве неписмениве т.е. муслиманиве (ајде има исклучоци да не генерализирам бла бла) :)
Баш така. Исто е и со „слободните уметници“. И тие викаат ај ќе ги критикуваме христијаниве, бидејќи тие другите, неписмените, сечат раце, нозе, глави, пукаат, се разнесуваат во трговски... Што, мислам дека ќе се согласиш, е малку лицемерно.
 
Мислам дека ептен во погрешна насока замина муабетов.Не го навредија Исус на билбордов, туку ИНДИРЕКТНО ги навредија луѓето што веруваат во чуда.
Вие го свртевте на Исус вс. Мухамед.
 
Епа за да го искористипш некој мора даму направиш илузија дека има некакви права повеќе од обичните смртници т.е. "му даваш власт". Слуга е на власта ама си има бенефит од тоа, едно чудо цркви и џипови (народот не гомешаме).

I like the part where илузија. :)
Во тој дел од постот си во право. Ти, како интелегентен и облагороден момчак, либерал и либертин, потомок на Aiwass и Nuit, треба да ја знаеш основната дистинкција помеѓу власт и илузија за власт. Второто го имаш во случајот со тепачката на плоштад. Сите плукаа по МПЦ, црквата изгуби образ, а конците ги држеше ВМРО, кое остана колку-толку чисто од тој срам.

Бенефит од власта немаат, освен ако за бенефит го гледаш тоа дека сеуште не ги направиле поповите државни службеници и не ги приморале да даваат фискални сметки.
А и тоа не е. Остаток е од традицијата и обичаите, со векови наназад. Не е придобивка од сегашната политика.
 
Затоа често го употребувам терминот квази-христијани. Знам дека има луѓе кои едноставно не се ни приближно такви како оние кои што сме навикнати да ги гледаме по вакви настани.

Луѓе како Петар, Мики и еден мој пријател кој не е член на форумов. Одлика на тоа ако човек се смета за христијанин, како треба да се однесува. Мислев дека бев јасен (и другите) за која група на луѓе збориме.
На сите ни е јасно што всушност се случува со настанов. И дозволија на МПЦ да направи „чудо“, па од чудото да прави пари, и сега и дозволуваат да ги замолчи тие што го исмеваат чудото. За возврат поповите треба да насочуваат дека едните се богоугодни да бидат земска власт, а другите се слуги на ѓаволот.

Ама ниту еден атеист (група на која припаѓам и јас) во овие 22 страни не целеше на тоа, туку сите го користат настанов за да „победат“ во нивната форумска битка против религиите и го напаѓаат христијанството. А на форумов декларирани христијани се баш луѓе како Петар, Мики..., а не тие гореспоменатите квази-христијани, кои не се христијани, туку се атеисти кои заради повторно лукративни причини се декларираат како христијани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom