Навредливи билборди во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Баш така. Исто е и со „слободните уметници“. И тие викаат ај ќе ги критикуваме христијаниве, бидејќи тие другите, неписмените, сечат раце, нозе, глави, пукаат, се разнесуваат во трговски... Што, мислам дека ќе се согласиш, е малку лицемерно.

И ти ко Рациел ми ги наметнуваш муслимани во муабет за христијани. Муслиманите го симнаа билбордот? Треба на секое клецање што ќе го оствари власта во 100 чекори користејќи ги нивните омилени рисјани да се тешиме дека има полошо од тоа т.е. сечење, пукање итн итн? Тоа можеби не е лицемерие ама е моронизам...
Ако веќе си еве мудар нели, дај некакво решение за тоа што те плаши и ужаснува во ноќите, или знаеш само ајде ќути имало и полошо, јака философија нема што брао.
Ме мрзи сега да се повторувам штомислам и како за муслимани, начини бла бла...ете читај од почеток што сум му одговорил на Рациел онака да ти спомнам не дека е битно.
Нема шо да додадам повеќе на темава, се вртите во круг цело време...
 
Ако веќе си еве мудар нели, дај некакво решение за тоа што те плаши и ужаснува во ноќите, или знаеш само ајде ќути имало и полошо, јака философија нема што брао.
Институционална борба. Тоа значи коалицирање и поддржување на тие што преродуваат во 100 чекори плус црквата и трпење на нивните глупости и чуда, само затоа што се едиствените моќни да ги спречат „тие што ме плашат и ужаснуваат во ноќите“. Помалото од двете зла. Некогаш мора да се бира така. Тоа е моето решение. Сега може да го кажеш твоето? Лицемерно плукање по христијанството?
 
I like the part where илузија. :)
Во тој дел од постот си во право. Ти, како интелегентен и облагороден момчак, либерал и либертин, потомок на Aiwass и Nuit
:pipi:

Бенефит од власта немаат, освен ако за бенефит го гледаш тоа дека сеуште не ги направиле поповите државни службеници и не ги приморале да даваат фискални сметки.
А и тоа не е. Остаток е од традицијата и обичаите, со векови наназад. Не е придобивка од сегашната политика.

Лична корист имаат поединци, од цунамито на изградба на цркви, кои за да се наполнат соодветно и со луѓе и со пари, имаа потреба/корист од чудото, кое чудо сега почна да се користи како потсмев претворен во креативна уметност од шегобијни уметници итн...
Уствари појма немам дали имаат или немаат, муабетов на темава ми беше...не е во ред ова со билбордиве и ондак то...:coffee:
 
Ама ниту еден атеист (група на која припаѓам и јас) во овие 22 страни не целеше на тоа, туку сите го користат настанов за да „победат“ во нивната форумска битка против религиите и го напаѓаат христијанството. А на форумов декларирани христијани се баш луѓе како Петар, Мики..., а не тие гореспоменатите квази-христијани, кои не се христијани, туку се атеисти кои заради повторно лукративни причини се декларираат како христијани.
Не си сосем во право за болдот. Имаше доста кои реагираа само на „демократското“ симнување на билбордот Јас неколку пати прашував членови каде на сликата од билбордот го видоа Исус или некоја Икона. Инаку за остатокот од постот целосно се согласувам. Одма се навртеа Мухамед зошто не бил исмејуван, па никаде ни Исус не беше исмејуван.
 
Институционална борба. Тоа значи коалицирање и поддржување на тие што преродуваат во 100 чекори плус црквата и трпење на нивните глупости и чуда, само затоа што се едиствените моќни да ги спречат „тие што ме плашат и ужаснуваат во ноќите“. Помалото од двете зла. Некогаш мора да се бира така. Тоа е моето решение. Сега може да го кажеш твоето? Лицемерно плукање по христијанството?

Зарем навистина веруваш дека тие се единствените што можат да ги спречат и дека сето тоа зависи од нив/ нас? Наивно. Зошто не ги спречија во 2001, зошто ги вадеа со алтобуси од Арачиново и зошто му дадоа секакви права, затоа што сме моќни!?
Него друг муабет е тоа :)
Немам пријателе никакво решение јас и не плукам лицемерно туку онака чисто да се џавка колку да се брои процент од време на време. И поради немањето решенија и согледувањето на играта до некаде, обично не пишувам на вакви теми заразени со политика и религија :)
 
Не си сосем во право за болдот. Имаше доста кои реагираа само на „демократското“ симнување на билбордот Јас неколку пати прашував членови каде на сликата од билбордот го видоа Исус или некоја Икона. Инаку за остатокот од постот целосно се согласувам. Одма се навртеа Мухамед зошто не бил исмејуван, па никаде ни Исус не беше исмејуван.
И јас во билбордот не видов напад на христијанството. Во настанов може да се види само презентација на моќ на власта и црквата. Ама затоа на форумов видов напаѓање на христијанството, на моменти и невкусно, што не е баш најпријатно за читање.
 

Остај драпање муда. Овие 20+ реплики према тебе ми беа со целосно друга цел. Пример, if i may say. :)
The Magus е искулиран форумџија, мирен, кроток, не се конфронтира. Мрази да цепидлачи и да се докажува. Лесно е да му се нафрлиш на Magus со критики и да го напињаш, оти нема да се напне. Нема да те испцуе кога му извртуваш реченици, нема да ти врати со 50+ редови пост и цитати од Фукујама. Нема да ти бара број за да договара тепачка.
Magus, во случајов, е христијанството. Трпелив и толерантен. Ако на ваков начин реплицирав на еден друг форумџија(whom i shall not name) ќе добиев пораки со компромитирачка содржина за мајка ми, закани по живот, куќа и имот. :)
Mногумина, за да избегнат пораки во конверзации со закани и понуди за содомија, пре би да му реплицираат на човек како Magus. :D
 
И јас во билбордот не видов напад на христијанството. Во настанов може да се види само презентација на моќ на власта и црквата. Ама затоа на форумов видов напаѓање на христијанството, на моменти и невкусно, што не е баш најпријатно за читање.
Да се разбереме. Не реков дека немаше. Имаше и Vice versa. Па реплики, контра-реплики, па контра-контра-реплики..... :D Но да не се навраќаме до толку.
Мислењето е (барем моето) дека не требаше да биде отстранет билбордот, веројатно, како велат, кој си има мувата на капата... па црквата „соодветно“ реагираше за не и го „откријат“ чудото. А дискусијата отиде во сосем друга насока.... :(
 
И уште 500 години да си ги задржиме турските традиции, најубаво ќе ни биде ;)
Ни Турците веќе не ги сакаат нивните стари традиции и однесувања, а ни јас, не сакам да бидам примитивец и примитивно да се однесувам.
 
Остај драпање муда. Овие 20+ реплики према тебе ми беа со целосно друга цел. Пример, if i may say. :)
The Magus е искулиран форумџија, мирен, кроток, не се конфронтира. Мрази да цепидлачи и да се докажува. Лесно е да му се нафрлиш на Magus со критики и да го напињаш, оти нема да се напне.

Дој некогаш на љубов и секс и обиди се да ми го ускратиш демократското право да општам со повеќе жени на повеќе начини не прифатливи кај сите религии и нации ќе ти кажам цепидлачење и докажување (нормално ако ми е моменат, ден таков на лева нога зачнат) :vozbud:
 
кое чудо сега почна да се користи како потсмев претворен во креативна уметност од шегобијни уметници итн...
Уствари појма немам дали имаат или немаат, муабетов на темава ми беше...не е во ред ова со билбордиве и ондак то...:coffee:

Е извини, ама да немаше причина, чудото немаше да се користи како потсмев.Ама сите знаеме дека е една огромна глупост и се работеше само за време кога некој ќе направи нешто во врска со тоа. И билбордов не е ништо, нема потреба да се возбудуваат луѓево, тоа е само еден шега која барем малку ги поттикнува луѓето да размислуваат (за жал, не сите) а другата половина па ги поттикнува да се расправаат, бидејќи нели после господ ќе им суди што не превземале ништо во врска со тоа.
 
:pos::pos::pos::pos: Од што да ми биде страв? И каква врска има ова со потписот?:pos::pos::pos::pos:. Ако немаш што да ми одговориш не ми реплицирај со глупости.
Глупости се за тебе а? Па уште и смешно ти е, а? Каде си ти во критиката на Исламот, не мора да е само на форумов? Ти прпа а? Ради гуза ко медуза? Јас синко 40 (и со букви, четириесет) години живеам во маало со мешан состав, и тоа им го плескам во очи. Никој ни ме истепал ни ме убил до сега, како што гледаш. Ќе се осудиш некогаш ти тоа да го направиш?
 
Он ќе биде првиот што ќе не коли и мава, не зошто се навредил поради некоја комична содржина со религиски акцент, туку поради тоа што така му налага околината.
A кој рече дека јас ќе ве колам и мавам:pos::pos::pos:. Да не се "уплашивте од мене", да не ме етикиравте како "христијански фундаменталист, македонскиот Андреас Брејвик":pos::pos::pos:. Не планирам да завршам во затвор за безвезе работи, посебно за религија. И која таа околина која мене ми налага?
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 18:24 ---
Глупости се за тебе а? Па уште и смешно ти е, а Курле? Каде си ти во критиката на Исламот, не мора да е само на форумов? Ти прпа а? Ради гуза ко медуза? Јас синко 40 (и со букви, четириесет) години живеам во маало со мешан состав, и тоа им го плескам во очи. Ќе се осудиш некогаш ти тоа да го направиш?
ИЗМЕНЕТО. Од што да ми прпа, ИЗМЕНЕТО, јас во очи на муслимани сум им рекол дека не ми се допаѓа нивната религија поради изродине со шахади што беа на протест. Ама јас нема да им го навредувам никогаш Мухамед зошто е тоа многу болно за една цела религија. ИЗМЕНЕТО.
 
Незнам усмрден еден кој тресе глупости и лаже, јас џамлии сум играл пред 10 години, сега студирам, :pos: оди играј си со кукли и камиончиња зошто по муабетов ми изгледа ко да зборам со малолетен мочко.
А бе дете, прибери се што збориш, и од татко ти сум постар, почит да се немало
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom