И има уште една, само не знам каде може да се купи, но можеби ја има во библиотеките... “Во сенката на Олимп : Потеклото на Македон“ од Јуџин Борза, американски професор по античка историја и воедно историчар. Неговата теза е дека античките Македонци биле секогаш посебен ентитет од Хелените и дека покрај тоа што се разбира имало одредни примања од хеленската култура која во тоа време била најдоминантна, сепак си го зачувале посебниот идентитет.
„Во сенката на Олимп: Појавата на Македон„ насловот мислам така беше... Инаку книгата ја има во Табернакул и мислам дека беше 900 денари. И ја имаше и на англиски и на македонски.
Пофалба и од мене за книгата. Доста објективна и со интресни податоци и тези .
А и членовите погоре предложија неколку книги за Византија. Еве уште една : Istorija vizantiskog carstva- Sharl Dil. Кратко е книжулите и е одлично за тие што тек почнуваат да се интресираат за средниот век .. и конкретно Византија.
Ја има книгата во електронска верзија.. кој сака слободно нека пиши.
