И как по-точно са им го дали ?
Зашто не вземеш, като си толко дашен, да дадеш сега език на г'рците например,
или на унгарците ???
Поставуваш прашање кое бара огромна елаборација, дали ти сметаш дека на тоа твое прашање може едноставно и во неколку реченици да се одговори.
Денес веќе на секој разумен интелектуалец му е јасно дека политички инспирираната и наметната словенска теорија за преселба на некакво словенско племе од “зад карпатите“ не држи вода и е рамна на научна-фантастика.
Од еден мал простор околу Дњепар и околината кој претставувал права пустелија, божем во 5 и 6 век во еден фантастичен број Словените извршиле една таква експанзија на европските простори што буквално збришале се пред себе од југ на Пелопонез, па Тракија, Македонија, Илирикум (просторите на поранешна Југославија), северни делови на Италија, поголеми делови на Австрија, Панонија, Чешка со Словачка, половина и повеќе од денешна Германија, Полска, Украина и да не набројувам понатаму.
За да биде уште поинтересно за овие словени претходно никој ни чул ниту ги видел, дури најсериозните студии за словените не можат да утврдат точно каде живееле овие пра-словени.
За инсталирање и наметнување на оваа словенска теорија има работено една огромна машинерија на државни и политички инструирани историчари со подршка од еден Советски Сојуз, Германија и да не набројувам понатаму. Притоа нема никакви материјални и археолошки докази кои ја подржуваат оваа теорија за преселба на некакви словенски племиња освен добро исконструирани теории.
Од друга страна, уште поинтересно, политичката историографија сака да ги убеди луѓето како од древните Македонци, Илири, Тракијци, Венети НЕ ОСТАНАЛЕ СКОРО НИКАКВИ ТРАГИ. А станува збор за огромен географски простор и добро етаблирани цивилизации. За Македонците се спомнуваат некои 150 глоси, нешто слично за венетите, тракијците, илирите.
Така испаѓа, бидејќи се бара нешто што ќе биде СОСЕМА РАЗЛИЧНО од денешниот јазик на Македонците, трако-македонците (Бугарите), илиро-македонците (црногорците, босанците, далматинците), венетите. Зошто се затвараат очите пред сите докази за постоење на “словенски јазик“ на овие балкански простори уште пред 5 век. Целата оваа досегашна научно-фантастична историја беше политички подржувана, зад словенската теорија стоеја едни моќни држави како Советски Сојуз, Германија, Југославија и тн. Полека се создава една нова генерација на историчари кои сега со новите истражувања ќе понудат аргументи за една поинаква вистина од онаа што досега ни се пласираше.
Меѓу останатото се презентираат и докази како од овие простори се ширела една “словенска култура и јазик“. Тој што сака да дознае нешто повеќе, ќе си побара и најде литература и информации за новите истражувања околу оваа тема.