Битката на Марица и продорот на Османлиите

  • Креатор на темата Креатор на темата Liquid00
  • Време на започнување Време на започнување
Многу јасно дека неможеме да ги осудуваме луѓето за тоа што го направиле,секој со своја мака,но можеме да анализираме одредени однесувања во одреден историски период,и можеме да ремизираме дали било позитивно и негативно за нечија кауза...отоманскиот период сума сумару бил негативен период за балканот општо(за македонската ич да не зборувам)...тука имала цивилизација која продолжила континуитет на Македонската култура и Римското право,светлосни години понапредно општество од било кое во тој период,за да по доаѓањето на Турците и тотално укинување, воведување на мешовита персиска култура со назадни феудални уредувања и шеријатот...
Се согласувам во се освен во твојата оценка за Отоманската империја.
За жал се уште за Отоманската империја владе општо негативно мислење кое за заснова на ситуацијата во Империјата во годините на нејзиниот распад. Меѓутоа во својот подем тоа била една извонредна Држава во која обичните луѓе уживале такви права биле незамисливи во Европа.
На пример, секој можел да се пожали на Султанот. Kога Султанот одел на молитва секој можел да клекне пред него и да се пожали. Таква работа во Европа се јавува дури на крајот на 18 век и почетокот на 19 век, односно по Француската буржуаска револуција. Тоа право, да се пожалиш било каде, денес, кај нас е гарантирано со член 24 од Уставот и јас многу пати сум го користел во врска со зоните и пајак возилата. Инаку порано не било замисливо такво нешто -кралот или царот бил dominus et deus
Еве друг пример: Селаните кметови, уживале многу поголеми права, одколку селаните кметови во Западна Европа или во Византија. Никогаш не биле врзани за земја. Цело време постоело парично стопанство
Eве уште еден пример, никогаш немало случаји на верска нетолеранција, а во Европа била сосема друга ситуација. На пример протестантите од Франција и Чешка се целосно истребени.
Имало и локална самоуправа...
Да не должам, можеби ќе биде добро да отвориме цела тема за животот во Отоманската империја, меѓутоа на есен или зима кога повеќе ќе бидеме дома.
 
Американците сите оние главари на племињата во Ирак и Авганистан,сите кои ги сметаа за неподобни беа убиени од цивили(платени од Америте),затоа што таму важи правилото за униформирано лице дека додека некој не отвори оган врз нив,тој нема право да употреби оружје...така работи секоја империја.

Сето тоа беше убаво, имавме и Хуриет и Младотурци,ама на хартија. Вака во обичниот живот си имаше башибозуци, јаничари и сл кои беснееа како никој до сега на балканот,а отоманската администрација беше слепа. Единствено ако не се јави некој претендент за тронот.

Но здравје,и јас имам во иднина план да отворам за Ромеја,па ке си ги искажеме фактите пријателе.

Поздрав,
 
Бидејки се така викало..Бил Србин..Имал 4 С.....:rolleyes:

Да чуемо некоја досије Х завера? :)
Ова е знаме на православие а не на некое српство или бог знае ти што:

https://www.google.com/search?hl=en&q=byzantium flags&bav=on.2,or.r_gc.r_pw.r_qf.,cf.osb&biw=1366&bih=667&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi&ei=FuADULbGL7DP4QTovdygCA

Eве тука имаш колку закаш такви со дво глави орли 4 С или В како и да е ќе се увериш . Само не ми е јасно како една грција со увезуван крал создадена земја од високи сили , србија со копирано знаме па сега сакаат да брцнат и од тој средновековен мед нивни биле Крал Марко , Волкашин и незнам ти што таму пу пу исто како САД дојде ред газди да се прават сите вештачки држави . Па писмото ние им го дадовме кој беа Кирил и Методиј , Климент и Наум кој се тие од каде се ???
 
Oва дека Турците сакале да го освојат Рим, првпат слушам.
Те молам образложи подетално.

Мехмед Освојувачот имал таква идеа да го освои Рим и да го обнови Римското Царство. Во 1480 година турската војска извршила инвазија на Италија и го освоила градот Отранто во Јужна Италија, но набрзо Мехмед умрел во 1481 година па планот пропаднал. Папските војски успеале да ги поразат Османлиите и да го повратат градот под своја управа.
 
Шо ќе му бил Рим, кога веќе го имал Новиот Рим под власт. Мислам и дека некаде прочитав дека османлиските султани се сметале себеси за легални наследници на Римското Царство.
 
Мехмед Освојувачот имал таква идеа да го освои Рим и да го обнови Римското Царство. Во 1480 година турската војска извршила инвазија на Италија и го освоила градот Отранто во Јужна Италија, но набрзо Мехмед умрел во 1481 година па планот пропаднал. Папските војски успеале да ги поразат Османлиите и да го повратат градот под своја управа.
Moжно е дека Мехмед 2 имал таква идеја, но јас за такво нешто не сум слушнал. И не ми е логично да имал таква идеја. Во тоа време постоело Светото римско царство.
Тоа време кога во Италија доминирале Венеција и Ѓенова и Отрант е заземен од Нeaполското кралство. Во Шпанија се одвива последниот стадијум на Реконквиста.
Би разбрарал да сакал да помогне на муслиманите во Шпанија или Сицилија да ја врати власта на муслиманите. Но да сакал да го обнови Римското царство не ми изгледа логично.
 
Шо ќе му бил Рим, кога веќе го имал Новиот Рим под власт. Мислам и дека некаде прочитав дека османлиските султани се сметале себеси за легални наследници на Римското Царство.

Скоро сите империи по Рим се повикуваат како наследници на Рим....во почетоците на Турската(селџучката) Империја и Султанатот официјално се декларирала како Saljūqiyān-e Rūm (Рум=Рим на турски)
--- надополнето: 16 јули 2012 во 15:59 ---
Ова е знаме на православие а не на некое српство или бог знае ти што . https://www.google.com/search?hl=en&q=byzantium flags&bav=on.2,or.r_gc.r_pw.r_qf.,cf.osb&biw=1366&bih=667&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi&ei=FuADULbGL7DP4QTovdygCA еве тука имаш колку закаш такви со дво глави орли 4 С или В како и да е ќе се увериш . Само не ми е јасно како една грција со увезуван крал создадена земја од високи сили , србија со копирано знаме па сега сакаат да брцнат и од тој средновековен мед нивни биле Крал Марко , Волкашин и незнам ти што таму пу пу исто како САД дојде ред газди да се прават сите вештачки држави . Па писмото ние им го дадовме кој беа Кирил и Методиј , Климент и Наум кој се тие од каде се ?????

Самиот Душан се повикува на византиските титули(дукс на Македонија,цар на Ромеи и Срби и сл со амбиција да ги замени Палеолозите со своја династија) така да нема ништо чудно што Српската култура огромен дел е под влијание на Византиската...
 
Moжно е дека Мехмед 2 имал таква идеја, но јас за такво нешто не сум слушнал. И не ми е логично да имал таква идеја. Во тоа време постоело Светото римско царство.
Тоа време кога во Италија доминирале Венеција и Ѓенова и Отрант е заземен од Нeaполското кралство. Во Шпанија се одвива последниот стадијум на Реконквиста.
Би разбрарал да сакал да помогне на муслиманите во Шпанија или Сицилија да ја врати власта на муслиманите. Но да сакал да го обнови Римското царство не ми изгледа логично.

Зошто нелогично? Османлиската држава во периодот 1451-1481 година прераснува во една од најмоќните држави во доцносредновековна Европа. Мехмед ја освојува Византија, Србија, Босна и го задушува востанието на Скендербег, а Унгарија ,единствената бариера на западот, се наоѓа во дефанзива. Сицилија е сеуште не му е на памет, а Родос е тврд орев за османската војска. Помош на муслиманска Шпанија не е возможен бидејќи 1) во тие години се обединуваат Кастиља и Арагон и се создава ново моќно кралство - Шпанија. За борба со него се потребни огромни средства, како човечки така и финансиски. Муслиманска Шпанија е сведена на Гранада и околината така да веќе во воздухот мирисал падот на градот. 2) Тогаш Османлиите сеуште не го контролирале северниот брег на Африка (Селим го освојува Египет дури по 40 години од настаниве) и немаат постојана база во Медитеранот. Родос не е освоен, Малта не е освоена (никогаш и нема), Сицилија не е освоена (никогаш и нема), Крит исто така. Како да ги префрли војските до Шпанија? Треба да мисли на тоа да има сигурен премин и брза достапност до ресурси за војската и свежи и нови војници. Едноставно премногу ризичен потег.

Рим е центарот на западното христијанство и се наоѓа на извонредна стратешка положба. Неговото освојување го отвора патот за Западна Европа и го намалува притисокот на балканската граница. Да не зборувам за прашањето на престиж помеќу исламот и христијанството.

Ова е добра статија за освојувањето Отранто (про-католичка). За инвазијата на Италија нешто кратко имаш и кај Халил Иналџик во „О.Империја во класичен период 1300-1600“. Статија од Вики.
 
T
Мехмед Освојувачот имал таква идеа да го освои Рим и да го обнови Римското Царство. Во 1480 година турската војска извршила инвазија на Италија и го освоила градот Отранто во Јужна Италија, но набрзо Мехмед умрел во 1481 година па планот пропаднал. Папските војски успеале да ги поразат Османлиите и да го повратат градот под своја управа.
Tocno taka. Iako vojskata i pasite bea protiv toa. Zatoa vo 1482 po porazot na Dzem i doagjanjeto na Bajazit II na osmanskiot prestol zavrsuva takvata osmanska aktivnost vo Italija, t.e. povleceni se site osmanski sili. Podocna so zaloznistvto na Dzem kaj papata i fakticki na osmanliiteracete im se vrzani vo odnos na dejstvata kon Apeninskiot poluostrov.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom