- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 71
Се согласувам во се освен во твојата оценка за Отоманската империја.Многу јасно дека неможеме да ги осудуваме луѓето за тоа што го направиле,секој со своја мака,но можеме да анализираме одредени однесувања во одреден историски период,и можеме да ремизираме дали било позитивно и негативно за нечија кауза...отоманскиот период сума сумару бил негативен период за балканот општо(за македонската ич да не зборувам)...тука имала цивилизација која продолжила континуитет на Македонската култура и Римското право,светлосни години понапредно општество од било кое во тој период,за да по доаѓањето на Турците и тотално укинување, воведување на мешовита персиска култура со назадни феудални уредувања и шеријатот...
За жал се уште за Отоманската империја владе општо негативно мислење кое за заснова на ситуацијата во Империјата во годините на нејзиниот распад. Меѓутоа во својот подем тоа била една извонредна Држава во која обичните луѓе уживале такви права биле незамисливи во Европа.
На пример, секој можел да се пожали на Султанот. Kога Султанот одел на молитва секој можел да клекне пред него и да се пожали. Таква работа во Европа се јавува дури на крајот на 18 век и почетокот на 19 век, односно по Француската буржуаска револуција. Тоа право, да се пожалиш било каде, денес, кај нас е гарантирано со член 24 од Уставот и јас многу пати сум го користел во врска со зоните и пајак возилата. Инаку порано не било замисливо такво нешто -кралот или царот бил dominus et deus
Еве друг пример: Селаните кметови, уживале многу поголеми права, одколку селаните кметови во Западна Европа или во Византија. Никогаш не биле врзани за земја. Цело време постоело парично стопанство
Eве уште еден пример, никогаш немало случаји на верска нетолеранција, а во Европа била сосема друга ситуација. На пример протестантите од Франција и Чешка се целосно истребени.
Имало и локална самоуправа...
Да не должам, можеби ќе биде добро да отвориме цела тема за животот во Отоманската империја, меѓутоа на есен или зима кога повеќе ќе бидеме дома.