Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Ќе се изедам жива што не живеам во времето на корзото и состаноците во слаткарници и се разбира легендарните игранки. 







Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не, не, не ... Немој никогаш да посакуваш нешто што поминало, бидејќи ниту тогаш не било се убаво и идеално. Во психата на секој човек е да ги заборава лошите работи, па кога некој ти раскажува ти изгледа дека во минатото се било поубаво.Ќе се изедам жива што не живеам во времето на корзото и состаноците во слаткарници и се разбира легендарните игранки.![]()
На аглот, каде што сега има дуќан за фармерки ( пред година две Германос и Космофон ) до тој дуќан , кон Плоштад, беше ЈугопластикаЧичко Анчо Југопластика е продавницата на аголот кај пешачкиот на Рекорд ??? или ја сум грешка.
Не е вистина... И порано и сега било исто а и во иднина ќе биде исто. Тие што тврдат дека порано било подобро, се само „ стари прдешници “ и ништо повеќе. Тоа е само една фаза во развојот и осамосталувањето на секое дете, во која се стекнуваат пријателства и се запознава Градот..
На возраст од 15 до 20 години сите деца добиваат желба да се дружат, да комуницираат, да се запознаваат, да разговараат, да шетаат и тн. На пример, во тоа време секое дете сака, понекогаш да отиде да преноќи кај другар односно другарка - тоа е прво напуштање на родителскиот дом. Денес постои и дружење преку интернет или телефон. И денес, кога ќе видам групи млади на таа возраст, како навидум бесцелно шетаат по улиците си спомнувам на тоа
Не, не, не ... Немој никогаш да посакуваш нешто што поминало, бидејќи ниту тогаш не било се убаво и идеално. Во психата на секој човек е да ги заборава лошите работи, па кога некој ти раскажува ти изгледа дека во минатото се било поубаво.
Еве јас ќе ти раскажам за еден дечко кој обавезно искачаше со две девојки. Со едната од 4 до 6, а со другата од 6 до 8. И бидејќи беше љубител на девојки сега има, покрај сопругата, три ќерки.
Имам речиси 59 години.. Компјутерот, телефонот, телевијзијата и се слично, сменија многу од формата на дружењето но суштината е иста - младите имаат потреба да се дружат. Сега, кога размислувам на тие времиња, помислувам дека во тој период на животот, ние сме како пеперутки, летаме на сите страни, разговараме, мислиме дека сите се исти и дека на сите им предстои светла иднина. Сите поминуваме низ таа фаза на животот.Абе ептен исто е веќе.
Само што таа желба за дружење што ја спомна, денеска децата си ја задоволуваат преку фејсбук и хај5 и скајп и мсн (читај пред компјутер), а кога излегуваат, излегуваат во друштво од не повеќе од 4-5 личности, не ни пробуваат да воспостават никаков контакт или да искомуницираат со некој непознат пошто за тоа да се деси најважинот услов е да прво го има како френд на фејсбук, па после може во живо да зборат.
Доколку си околу 25-30 години или постар, најверојатно се сеќаваш на еден период кога на плоштад се собираа големи друштва, едни имаше на самото кругче (кај што е сеа фонтаната со аце), други имаше на клупите карши лондон (сега тие клупи ги нема)...кога последен пат си видел толку големи друштва од по 30 души да седат на едно место?
Луѓето едноставно се отуѓуваат едни од други и тоа е тоа.
Само ти се чини дека е така.Јасно ми е дека не било се убаво и идеално, ама те уверувам дека многу полесно и побрзо би се уклопила и би го прифатила тоа време, отколку ова во кое живеам. Да ми даде некој избор, веднаш би го избрала тој шмек на старо Скопје, корзото, зезањето, дружењето... Ова во кое денес живеам не е време, ова денес е невреме. Знам дека е малку чудно човек да е носталгичен по време во кое не ни живеел, ама јас сум... Порано материјално можеби немале многу, ама имале се (што млад човек ќе посака: зезање, дружење, романтики). Денес материјално имаме повеќе, ама немаме ништо. Се е празно и без душа. Барем јас така ги доживувам работите.
Јасно ми е дека не било се убаво и идеално, ама те уверувам дека многу полесно и побрзо би се уклопила и би го прифатила тоа време, отколку ова во кое живеам. Да ми даде некој избор, веднаш би го избрала тој шмек на старо Скопје, корзото, зезањето, дружењето... Ова во кое денес живеам не е време, ова денес е невреме. Знам дека е малку чудно човек да е носталгичен по време во кое не ни живеел, ама јас сум... Порано материјално можеби немале многу, ама имале се (што млад човек ќе посака: зезање, дружење, романтики). Денес материјално имаме повеќе, ама немаме ништо. Се е празно и без душа. Барем јас така ги доживувам работите.
------------------Абе ептен исто е веќе.
Само што таа желба за дружење што ја спомна, денеска децата си ја задоволуваат преку фејсбук и хај5 и скајп и мсн (читај пред компјутер), а кога излегуваат, излегуваат во друштво од не повеќе од 4-5 личности, не ни пробуваат да воспостават никаков контакт или да искомуницираат со некој непознат пошто за тоа да се деси најважинот услов е да прво го има како френд на фејсбук, па после може во живо да зборат.
Доколку си околу 25-30 години или постар, најверојатно се сеќаваш на еден период кога на плоштад се собираа големи друштва, едни имаше на самото кругче (кај што е сеа фонтаната со аце), други имаше на клупите карши лондон (сега тие клупи ги нема)...кога последен пат си видел толку големи друштва од по 30 души да седат на едно место?
Луѓето едноставно се отуѓуваат едни од други и тоа е тоа.
откога го „ П Р О В И Н Ц И Ј Л Ц И “ го пренаселија тргна удоле работата
.
Со ова до некаде се согласувам меѓутоа не 100%
Имам многу добри другари кои не се од Скопје, меѓутоа живеат тука, и луѓето си се баш ок, културни, друштвени, добро воспитани...итн. Таквите мислам дека немаат никаков удел во расипувањето на работите.
Е сега, од друга страна пак ги има оние (што уствари се наоѓаат навредени од терминот „провинцијалци„) - Овие ти се тип на луѓе, без никаква култура (од зграда ти тресе алишта врз глава и сл.), тип на луѓе кои едноставно не се научени на еден соживот во поголемо место, тип на луѓе што оговарањето на другите им е приоритет во животот.
И нормално овој тип кога ќе дојдат во Скопје, пробуваат да се покажат и докажат како они се поголеи граѓани и поголеми скопјани од најголемиот скопјанец (а нормално тоа незнаат како да го направат, туку тргаат само од предпоставки). Одат дури до таму што пробуваат дури и да зборат со скопски жаргон
Е поради таквиот тип на луѓе се е отидено во надолна линија, може да збори на жаргон, ама у душа ќе остане ист.