Тунелчето кај Ванила Корзо 1972 - ноќната шема од седумдесетите и денес

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Инку текстот не е мој. од постара личност е. Инаку се извнувам поради што е голем текстот и јас се намачив малце повеќе околу постирањето и околу собирањето на некои податоци и постирањето тука.



Период на раната младос - периодот од 14 години до 22 годишна возраст секој го доживува со своето време. Тоа е период кога најчесто се ствараат првите посериозни другарства што не се поврзани со твојата зграда, маало .... период кога од школското дружење се поминува на дружење со помали и поголеми друштва, период кога се случуваат првите симпатии и вљубувања, првите сексуални искуства ... Овој период, по периодот на детството е период на кој најчесто сакаме да се сеќаваме.
Мојот период од раната младост меѓу 14 и 20 години е врзан за корзото од тоа време, времето на раните седумдесети. Седмо и осмооделенците беа предгрупи на корзото од седумдесетите. Тие на корзото се движеа од 18 часот - дома мораа да се приберат во 20 часот ... Ние малку постарите корзото го започнувавме од 19 часот - шемата на корзото беше до 21 часот, потоа се одеше во некој од кафеаните, летните тераси пред Стоковна куќа и пред сегашен ДалМетФу - тогаш Пелистер ... Летно време популарни беа кафеаните во скопскиот парк Кермес, Езерце и Кампинг ... Дома моравме да се прибереме пред 12 бидејки последните автобуси поаѓаа во 24.00 часот а фајронт беше во 23.00 часот ...

Корзото од мое време беше сконцентрирано на плоштад на страната од кај некогашниот Кенон, покасно тука беа цвеќарите ... Се собиравме во помали друштва и правевме свое кругче ... муабетевме ... попат кибициравме некоја од девојките кои шетаа во помали друштва ... тие секојпат шетаа за да бидат видени и да видат ... шетавме и ние ... ке здогледаш некоја девојка која ти се бендисува, земаш еден другар и се пуштате во акција кај девојките кои се шетаат пред тебе ... се дофрлуваше ... имаше иљада начини како да започнеш муабет ... по долго дофрлување и акција „зидот“ попушташе и се остваруваа контакти ... фаќање за рака беше врвен дострел ... бакнеж на јавно место веќе значеше дека сте пар и беше престиж пред другарите ...
Првите „мувања“ со девојка (пострасни бакнежи и пипање по нејзините гради ...) се случуваа во некој потемен простор ... вообичаено се случуваа на места како местото од мојата приказна во некое блиско тунелче, на некоја клупа од паркот на која нема многу светло во околината ... ретко многу ретко во домашни услови ... не ретко вакни искуства се случуваа и на кино. Покасно за вакви „дејанија“ се оформуваа клубови - клупчиња каде се пушташе музика на грамофони ... плочи беа реткост и вистинско багатство ... музика, рокенролот се нарачуваше по пошта од Лондон ... во Југотон (продавниците за музичка опрема и плочи ...) имаше само домашна музика ... Вистинко богатство беше грамофон кој симаше специјални звуќници ...
C:\Users\cpu32\AppData\Local\Temp\msohtmlclip1\01\clip_image002.jpg

Ова е моето тунелче, местото каде се собиравме како средношколци во вечерните часови ... Бидејки учев средно економско во класот имавме над 70 проценти девојки, така да тие не ни недостасуваа ... истите девојки ни наоѓа други девојки кои беа заинтересирани за нас ... често по втора смена во школо завршувавме тука кај тунелчето кај Ванила ... Ванила беше слаткарница во која се продаваа и бели пецива, бурек ... на долната слика е тогашна Ванила сега популарно место за продажба на фото опрема ...
C:\Users\cpu32\AppData\Local\Temp\msohtmlclip1\01\clip_image002.jpg

Ова е местото каде се случија моите први “мувања“ ... тука припиени во страсни бакнежи пикавме раце под женските мајци и првпат ги напипававме женските гради ... можете да замислите каква возбуда е тоа. Пипкање под појас беше сеуште мислена именка ...
C:\Users\cpu32\AppData\Local\Temp\msohtmlclip1\01\clip_image002.jpg

Ванила беше крај на корзото во тоа време ... лево на оваа слика доаѓаа момците со своите славниНСУ претис 1000итристаќи... Pовештите тука правеа егзибиции со своите коли - имено кога ке доаѓаа со своите коли тука се вртеа во место за 180 степени ... трик кој лесно се изведуваше со слесниот НСУ Претис 1000.
Долго време корзото беше кружно околу тријаголникот на Рисиќева палата и ул. Македонија ...
Ова е местото каде некаде околу 1975/78 киснев на корзо ... Некогашен Кенон кој се наоѓаше на десниот ќош од улицава ... од кога ке најдев неова девојка секојпат ја носев да ја види друштвото, потоа по кратко време одевме или заедно некаде или се повлекувавме со девојката осамени на некое од тајните наши места ...
·Историјата на скопското корзо е долга. Према некои сознанија таа започнува во 1919 година на денешната улица Македонија тогаш именувана како „Крал Петар”/„Цар Душан“... Во тоа време корзото се одвивало во попладневните и квечерните часови и била вистинска шема ... Госоѓиците специјално се дотерувале во свилени фустани и во друштво на уште една или две девојки почнувале да штартаат за да бидат видени и за да видат ... На корзото брзо заседнале и уличните продавачи на храна, гевреци, семки и костени ... Бидејки се стварала гужва во градот во тоа време 1930 год градската управа носи пропис како треба да се одвива редот на корзото. Шетачите да се движат кружно секојпат по десната страна ... слободните девојки се движеле по средината а паровите ... Се забранило движење на деца под десет години - како и шетање со бебешка количка ... Покасно корзото се пребацило покрај Вардар и било наречено „Џафте корзо“, под костените од тоа време ... сегашното популарно место на кафеаните на Кеј - кое сега е заградено заради изградба на објектот на плоштад ...
·Од корзо на кино, па на железничка ... Ристо Ќортошев ... Вест Број:1190 Сабота 6/19/2004 ...
-Секој поголем град, па и Скопје има своја главна улица, каде движењето е најфрекфентно. Таква во Скопје некогаш беше улицата "Маршал Тито", најдолгата во тоа реме. Со изградбата на железничката станица (денес Музеј на град Скопје) таа започнала да се оформува како богата урбана целина со бројни модерни згради со дуќани, ресторани и хотели, кина. Тука беше и католичката црква со простран заграден двор. Од поважните згради беа Кранговата и Ристиќевата палата и други, на познати имотни скопски семејства.
- Од хотелите, близу до железничката станица е "Бристол", па до него, кон плоштадот, "Одеса", кој потоа се преименува во "Скопје" (го снајде истата судбина како и градот во 1963 година), малку подалеку беше "Москва". Спроти Крангова палата имаше гостилница наречена "Гурман", што одговараше на квалитетот на јадењата, а затоа секогаш беше преполн со гости. Спроти Ристиќевата палата, сега "Дал Фуфо" беше пространиот и низок ресторан "Пелистер" со свои постојани гости. Во зимските месеци во него тешко можеше да се најде место, а внатре беше толку зачадено што навечер не се препознаваа ни лицата на гостите, а чадот се мешаше со миризбата на алкохолот и реата од тоалетите. Но и покрај таа измешаност на мириси, никому не му текнуваше да си оди.
- Во сеќавање од многуте фирми на главната улица чии имиња беа мошне специфични е "Добро Мања", поим што и денес не знам што значи, но и сопственикот исто така го нарекуваа скопјани. Тука, до католичката црква беше крзнарската продавница "Аљаска" , а понатаму кон кино "Вардар" дуќанот на таткото на филмскиот режисер Бранко Гапо со фирма "Мода", а токму спроти неа на местото на сегашниот хотел - ресторан "Турист" беше еднокатната зграда во која се роди нашата кинематографија "Вардар - филм". На истата страна, во зграда што и денес постои, беше познатата пред и по војната, па и некоја година по ослободувањето, "Бата" - продавница за гумени чевли и производи. Таа потоа се нарече "Комбинат" и на крајот, и денес "Борово". И "Македонски фолклор" имаше своја продавница, па една до друга малата продавница за чорапи, особено женски, "Шик", па "Краш" беше залепена за административната зграда на католичката црква изградена во готски стил.
- Кон главната улица sиркаше мало сокаче. Таму живееше еден постар чевлар кој изработуваше само женски чевли. Неговиот мал стаклен излог беше закачен на sидот на куќа на главната улица и на него стоеше претенциозниот наслов "Мистингет", име на познатата од минатото светска дама. Во тоа време под влијание на Запад, се појави едно специфично облекување кај некои млади. Машките носеа тесни панталони, долги сакоа, шешир со широк раб, чевли со трикатен и трибоен ѓон, а косите им беа долги како и нивните бакембарди (и денес го има тоа. Таквите младинци беа маркантни зашто и нивното сврталиште беше тука, на главната улица, пркосно парадирајќи. Таквиот младич се нарекуваше "суинг". За нив се состави и песна за потсмев: "Панталоне уске, тродупли ѓон, шешириќ мали ко авион, жене ми кажу да имам дара и да сам леп ко свињски реп". Песната секако беше дојдена од другите краишта на тогашната држава. Овие непокорни младинци од власта беа набедени дека шират западна декаденција меѓу младината, па затоа сред бел ден тука на улицата, им се сечеа ногавиците, ги стрижеа во вид на крст и заедно со таквите екстремни девојки, беа испраќани во Маврово на работа за изградба на хидроцентралите.
-На главната улица се до земјотресот се одвиваше и традиционалното шетање на скопјани од сите возрасти наречено "корзо". Секоја вечер, во работните денови помалку, а во саботите и неделите многу повеќе, улицата беше преполна со народ, и зиме и лете, па граѓаните што сакаа во тие вечерни часови да купуваат во дуќаните, многу тешко се пробиваа низ густиот шпалир луѓе. "Корзото" започнуваше од Ристиќева палата па се, скоро, до железничката станица. И тука владееше некој непишан закон - на тротоарот кај Ристиќева палата се шетала работничката младина, на коловозот - повозрасните, до ивиците на тротоарите тие што беа кандидати за женење - мажење, а на спротивниот тротоар - студентите и средношколците. За овие последните, шетањето важеше само до 20 часот, таква беше наредбата од школските власти. По ова време, ако некој ученик или ученичка се најде на улица, следуваа ригорозни казни се до исклучување од училиште. Можеше само со родителите во кино или театар. Таквите мерки некои ги почувствуваа и беа исклучувани заради "неморал". Во неделните утра имаше мало "корзо". Тогаш, пред продавницата "Громби" - штофарница се собираа речиси само младинци, а најбројни и секогаш редовно присутни беа тајфите на Благој Календеров и Панче Уневски. Календаровци тогаш сите купија нови велосипеди марка "Дијамант" и со нив креваа чалами. И имаа право, зашто тогаш да имаш нов велосипед како да имаш автомобил.
- На главната улица и малите попречни, исто така вриеше од живот. Особено на улицата "Луј Пастер". Но, најпрвин да го споменеме киното "Вардар", кое беше малку вовлечено од улицата. Тоа е една масивна зграда која не му потклекна на земјотресот. Тоа има убава сала со простран балкон. Меѓутоа, стари скопјани знаат дека и подрумот на "Вардар" беше претворен во кино - сала уште далеку пред Втората светска војна. Таму, за разлика од "партерното" кино каде се проектирале "сериозни" филмови, во подрумот се проектирале филмови со подруга содржина што денес може да се наречат порно. Интерсно е и тоа што тогаш филмовите не се проектирале во интервали од два часа, туку лентата се вртела непрекинато, а гледачот можел да го гледа најпрвин крајот, а потоа почетокот. Денес во киното се доаѓа речиси преку еден ходник. На веќе спомнатата уличка "Луј Пастер" има две значајни згради, едната е "Американ палата", а другата кино "Култура". Во палатата, ама не горе, туку во полуприземната соба, живееше познатиот научник од Сорбона, Паскал Сотировски. Тој беше наш другар. Додека студиравме, ние, зиме - лете се шетавме навечер на Корзото, а Паскал беше залепен за книгата. Особено зиме, кога ќе не потфатеше мразот и ветерот, одевме кај него да се згрееме и на чаша планински чај (тој беше од Мавровско).
--- надополнето: 16 мај 2012 во 00:39 ---
·На корзо за кибицирање, во парк на љубење - Љубов на стар скопски начин...-Да бакнеш девојка зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче, затоа што додека се стигне до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење. Порано во старо Скопје да ти дозволи девојката да ја испратиш до дома, значело дека "си на коњ". Тоа значело дека девојката е веќе твоја, а кога ќе стигнеш пред зграда или пред куќа, "за бакнеж ако имало клупа добро, а ако не - наsид". Стари скопјани раскажуваат дека да ја бакнеш зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче. А додека стигнеле до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење пред школата каде што учи и додворување на сите можни начини.
Во златните години на Скопје, крајот на 50-тите и во 60-тите, имало неколку места кои на прсти се броеле, и каде што се излегувало и можело да се најде девојка. Тоа биле скопското корзо, скопските кина, Градскиот парк, игранки и диско. Љубовта се случувала во маалото, на улица, во кафеаните.--- надополнето: 16 мај 2012 во 00:40 ---
- "Денес можеш многу лесно да водиш љубов. Тогаш не беше толку лесно, затоа што слаткарниците ги заменуваа денешните кафулиња, а беа малку. Се одеше во "Ванила", кај сегашно "А-ха", или во "Шехерезада", спроти пивницата "Лондон", поранешна "Кооператива". Контактот беше побавен, а и жаргонот меѓу момчињата и девојките беше поспецифичен. Тогашните фраери и денешните не се исти. Се излегуваше еднаш или два пати неделно, и никогаш немаше директен контакт ако видиш дека некоја девојка ти се допаѓа, туку тоа долго време одеше преку нејзини другарки или комшии", вели Данило Коцевски, хроничар на Скопје, новинар и писател.

Кога ќе се забележела девојката на корзо или во диско, раскажува Коцевски, се минувало низ пеколни маки додека да и се доближиш. Се вртеле кругови и кругови по корзото само за да се види еднаш или, евентуално, двапати во вечерта.

--- надополнето: 16 мај 2012 во 00:46 ---
82Large-6.jpg

Ова е моето тунелче, местото каде се собиравме како средношколци во вечерните часови ... Бидејки учев средно економско во класот имавме над 70 проценти девојки, така да тие не ни недостасуваа ... истите девојки ни наоѓа други девојки кои беа заинтересирани за нас ... често по втора смена во школо завршувавме тука кај тунелчето кај Ванила ... Ванила беше слаткарница во која се продаваа и бели пецива, бурек ... на долната слика е тогашна Ванила сега популарно место за продажба на фото опрема ...
85Large-5.jpg

Ова е местото каде се случија моите први “мувања“ ... тука припиени во страсни бакнежи пикавме раце под женските мајци и првпат ги напипававме женските гради ... можете да замислите каква возбуда е тоа. Пипкање под појас беше сеуште
87Large-5.jpg

Ванила беше крај на корзото во тоа време ... лево на оваа слика доаѓаа момците со своите славни НСУ претис 1000 и тристаќи ... Pовештите тука правеа егзибиции со своите коли - имено кога ке доаѓаа со своите коли тука се вртеа во место за 180 степени ... трик кој лесно се изведуваше со слесниот НСУ Претис 1000.мислена именка ...
 
Малку предолг текст но вредеше да се прочита. Колку било подобро порано :rolleyes: имало живот, а сега, сега нема ништо сите си гледаат само за себе и до небото се дигаат, 10 години да те знаат на улица кога ќе те видат се прават дека никогаш не те знаеле.
Жал ми е што не сум живеела во тоа време.
 
Малку предолг текст но вредеше да се прочита. Колку било подобро порано :rolleyes: имало живот, а сега, сега нема ништо сите си гледаат само за себе и до небото се дигаат, 10 години да те знаат на улица кога ќе те видат се прават дека никогаш не те знаеле.
Жал ми е што не сум живеела во тоа време.
Текстот вреди можеби стварно е долг но порано беше она Вистинско Скопје него ли сега. Порано стварно имаше вистински Скопјани. Сега повеќето се прават како мие сме. а уствари не е баш така. Кога ќе правам муабето со дедо ми за порано како било во Скопје си викам во себе си како не живеев тогаш него ли сега. мислам дека Скопје го изгуби вистинскиот сјај онаков каков порано што беше Нема да се врати. :( :)
 
Ве молам кога пренесувате туѓ текст, внесувајте линк до изворот.
Тоа е медиумско правило, а и почит е према писателот.
Во случајов изворот изгледа е: http://volanskopje.blog.mk/2009/04/...d-sedumdesetite-tunelcheto-kaj-vanila-skopje/
Мене одмна ми е во ворд зачуван документот инаку текстот е составен од вест и од некои други весници :)
 
Мене одмна ми е во ворд зачуван документот инаку текстот е составен од вест и од некои други весници :)

што си арчите време,листајќи стари весници,
прашај те ме мене, и добивате инвормации од прва рака
пред некои ден пишував,ама незнам во која тема баш за Скопското корзо.
И тоа од моите сеќавања, а не рекла казала ко жени на тараби.
 
Колку било подобро порано :rolleyes: имало живот, а сега,
Не е вистина... И порано и сега било исто а и во иднина ќе биде исто. Тие што тврдат дека порано било подобро, се само „ стари прдешници “ и ништо повеќе. Тоа е само една фаза во развојот и осамосталувањето на секое дете, во која се стекнуваат пријателства и се запознава Градот..
На возраст од 15 до 20 години сите деца добиваат желба да се дружат, да комуницираат, да се запознаваат, да разговараат, да шетаат и тн. На пример, во тоа време секое дете сака, понекогаш да отиде да преноќи кај другар односно другарка - тоа е прво напуштање на родителскиот дом. Денес постои и дружење преку интернет или телефон. И денес, кога ќе видам групи млади на таа возраст, како навидум бесцелно шетаат по улиците си спомнувам на тоа
 
Чичко Анчо очекувам текст од тебе за Скопскиот ноќен живот и поинаквите вредности од денеска. :)
 
Текстот ми одмота некои филмови од детството и раната младост. Во текстот има една грешка: кондураџиско-кожарско-фарбарскиот дуќан се викаше Кенан, не Кенон. Неговиот сопственик беше Ром, мајстор Кенан. Дуќанот беше едно трошно куќарче од иверица, секогаш тазе бело окречено, со замастени прозорци и ширеше токсичен мирис на фарби за кожа. Имаше чак и „излог“ кој се состоеше од една дрвена клупа покриена со цветна мушама, а на мушамата беа изложени фарбарските бравури на Кенан: некоја префарбана ружна кожна јакна со реси у пратња со чизми и здрсната женска ташна. И обавезно, испод експонатот, со криви избледени букви на пусулче имаше натпис: „модерно“, „ефтино“, или „елегантно“.

Тачно е дека Кенан беше реперно место за закажуење -- пола Скопје тука се „чекаше“. Као на пример моите постари братучеди. Сепак, мислам дека авторот има утка со годините. Корзото постоеше некаде до раните 70ти, кога Ванила -- карши сендвичара Стоилко, го замени корзото. Ја ја памтам Ванила многу добро. Тогаш бев гимназијалец и фармерки се купуеја од шиткачи на Бит Пазар, а ако сакаш асални, се дрндаш со воз до Трст.

Иначе, карши Кенан (на приземје у Ристичева палата) имаше една утепана продавница за саати и дрангулии „Хронометар“ а до неа исто така утепан државен берберски салон „Хигиена“. Постари скопјани (као Анчо) ова можат да го потврдат.

А Кенон е познат бренд за фотоапарати и фотографска опрема. Ама години ли се години.
 
Чичко Анчо очекувам текст од тебе за Скопскиот ноќен живот и поинаквите вредности од денеска. :)

ќе те удостојам секако со задоволство,а и за сите други
„ Саган“- пред некој ден во темата Порнографија вака вели“
-Анчо бољи си од Данило Коцевски. ( вечер мора да го оправдам тоа)
ама изгледа и читале нешто мое овие за корзото од пред некои ден
и како де се срамујев све да кажат, како било со женските во тоа време.
Само што незнам многу со компјутеров,поточно само ова „кроце“ пишување,1 на саат.
Е да знам слики да клаам, или оние рабоќе вие што ги правите,Клик тука или пост- блог бр. и сл.
Само признавам добро е и ова напишано а и така беше.Само нешто кријат,сумљиви ми се.
 
Текстот ми одмота некои филмови од детството и раната младост. Во текстот има една грешка: кондураџиско-кожарско-фарбарскиот дуќан се викаше Кенан, не Кенон. Неговиот сопственик беше Ром, мајстор Кенан. Дуќанот беше едно трошно куќарче од иверица, секогаш тазе бело окречено, со замастени прозорци и ширеше токсичен мирис на фарби за кожа. Имаше чак и „излог“ кој се состоеше од една дрвена клупа покриена со цветна мушама, а на мушамата беа изложени фарбарските бравури на Кенан: некоја префарбана ружна кожна јакна со реси у пратња со чизми и здрсната женска ташна. И обавезно, испод експонатот, со криви избледени букви на пусулче имаше натпис: „модерно“, „ефтино“, или „елегантно“.

Тачно е дека Кенан беше реперно место за закажуење -- пола Скопје тука се „чекаше“. Као на пример моите постари братучеди. Сепак, мислам дека авторот има утка со годините. Корзото постоеше некаде до раните 70ти, кога Ванила -- карши сендвичара Стоилко, го замени корзото. Ја ја памтам Ванила многу добро. Тогаш бев гимназијалец и фармерки се купуеја од шиткачи на Бит Пазар, а ако сакаш асални, се дрндаш со воз до Трст.

Иначе, карши Кенан (на приземје у Ристичева палата) имаше една утепана продавница за саати и дрангулии „Хронометар“ а до неа исто така утепан државен берберски салон „Хигиена“. Постари скопјани (као Анчо) ова можат да го потврдат.

А Кенон е познат бренд за фотоапарати и фотографска опрема. Ама години ли се години.

Кожарскиот дуќан на Кенан и јас го памтам. Го тргнаа пред извесен број години и сега мислам дека се наоѓа до новата железничка станица. Дали и сега Кенан работи, не би можел да кажам, не го памтам мајсторот, а и годините си врват. Може е престарен или ојден.
Ваквите теми ми се интересни заради неколку причини. Човекот сака да се сеќава на минатото и главно несвесно, го преобликува во своите спомени, ги трга неубавите нешта, ги занемарува И затоа секогаш вчера е подобро од денес и од неизвесното утре. Уште ако станува збор за детство или младост кај постарите, работите уште повеќе доаѓаат до израз. И јас не сум имун на ова. Колку и да се полични новите и големи згради од купиштата сиви бетонски блокови каде што сум играл како дете, на пример, мене секогаш ќе ми бидат подраги вториве. Малку патетично, ама тоа е. Тунелчето, Чичко Стоилко. Рекорд, Ким, кругот и коцката на плоштадот некогаш биле важен дел од нечија младост.

Можеби и Воинот на коњ ќе има таква судбина:)? Или што е многу, многу е?
 
Кожарскиот дуќан на Кенан и јас го памтам. Го тргнаа пред извесен број години и сега мислам дека се наоѓа до новата железничка станица. Дали и сега Кенан работи, не би можел да кажам, не го памтам мајсторот, а и годините си врват. Може е престарен или ојден.
Ваквите теми ми се интересни заради неколку причини. Човекот сака да се сеќава на минатото и главно несвесно, го преобликува во своите спомени, ги трга неубавите нешта, ги занемарува И затоа секогаш вчера е подобро од денес и од неизвесното утре. Уште ако станува збор за детство или младост кај постарите, работите уште повеќе доаѓаат до израз. И јас не сум имун на ова. Колку и да се полични новите и големи згради од купиштата сиви бетонски блокови каде што сум играл како дете, на пример, мене секогаш ќе ми бидат подраги вториве. Малку патетично, ама тоа е. Тунелчето, Чичко Стоилко. Рекорд, Ким, кругот и коцката на плоштадот некогаш биле важен дел од нечија младост.

Можеби и Воинот на коњ ќе има таква судбина:)? Или што е многу, многу е?

Носталгијата е карактеристична за луѓе со поголема животна километража. Секако, ги филтрираме негативните случки и го задржуваме само она кое било пријатно и убаво. Ова се психолошки механизми. Не само што го задруваме убавото, туку и го „шминкаме“ она што било медиокритетско, невпечатливо, или непријатно. И се` тоа се преточува во еден конечен карасевдах или Weltschmerz.
Guilty on all charges.
 
Тапетарот Петар

Еве ти еден текст за Кенан
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=101785&idg=6&idb=1534&rubrika=Skopje
--- надополнето: 16 мај 2012 во 20:52 ---
Убавиците од скопското корзо

пишува Данило Коцевски
На почетокот беше џафте корзо. Зошто џафте корзо? Од каде доаѓа тоа име? Ова корзо главно го опфаќало шеталиштето од Маџир маало до Нов мост (денешен "Холидеј ин"). Прифатливо објаснување за името имаше познатиот новомаалец доктор Поп-Христов.
C377C73F9E819E43A39E59CCC540A0E6.jpg
Во тогашните зафатени скопски семејства имало бројни домашни помошнички, кои меѓу првите започнале да го користат овој простор како корзо. Се разбира, подоцна скопското корзо не признаваше социјален статус, важни беа слободата на шетањето, дружењето, убавината, младоста, можноста за непосредни контакти и запознавање. Иако беа препознатливи одделни сектори кои беа карактеристични за младите или за повозрасните момци и девојки (пред ресторанот "Метропол"), сепак, сите тие претставуваа едно единствено јадро на корзото. Се кружеше на тротоарите околу Плоштадот (две редици шетачи се движеа во спротивен правец), потоа од денешниот "Пелистер" до Старата железничка станица. Нашето корзо на гимназијалци, спроти скопскиот земјотрес, се наоѓаше на сегашниот Кеј, под прекрасните костени кои денес не постојат. По земјотресот, корзото постоеше дури до седумдесеттите години, кога младите се собираа пред Ристиќевата палата, пред продавницата на Кооператива (денешен "Лондон") или пред слаткарницата "Шехерезада".
0839035741A9DF478E4A02E9E54F848C.jpg
Посебна приказна, која и ден-денес се раскажува, се убавиците од скопското корзо. Денес се одржуваат најразлични натпревари за мис, но да се биде кралица на скопското корзо беше нешто сосема друго. И многу повеќе. Тие девојки беа препознатливи и предизвикуваа исклучително внимание со нивниот шарм и убавина, имаа специфична магија која ги привлекуваше сите. Во периодот помеѓу двете војни имало повеќе такви убавици, оние од Скопскиот факултетот, од уметноста и естрадата, но не само тие. Една од најгласовитите во тоа време е скопската убавица Мира Шламбергер.
За шармот на артистките од Театарот не треба посебно да се зборува: незаборавната Мери Подхрадски, потоа Мери Оливиери или г-ца Вера, која во триесеттите години важела за мис на модата. Госпоѓицата Берта Лапериер, виртуоз на виолина, предизвикувала воодушевување кога ќе се појавела, и во концертните сали и на корзото. Исто како што по војната многу шармантни дами од нашата уметност, музиката или театарот предизвикуваа посебно внимание на корзото.
Во шеесеттите години речиси секоја генерација средношколци имаше своја убавица идол. А големите скопски љубовни романси се создаваа кога таква убавица беше во врска со некој славен фраер од корзото, каков што беше пред и по скопскиот земјотрес легендарниот Тули (денес живее во САД).

превземено од Вест
 
Тапетарот Петар
Македонија бој 1- 23
значи вториов ја почнал темава,во ред е кажува не е негово
а јас, не само за Петар и за другите ќе напишам и тоа многу
подолго од наведеното затоа што има што да се пишува.
Но и до сега имам доста пишувано ама во разни теми,а со
работа со ова сум слаб па незнам да ги поставам-адресирам.
Ќе ги наведам утре ако може некој од „администрацијата“ сите
тие да ги собере на куп. Па и ова што сакам да го пишам дали е
правилно да иде во оваа тема,или истото во таа што јас ќе пишувам.
Има некои рабити,еве носталгични да ги речам,што не треба да се заборават,да се присетиме или да ги обновиме. Тоа е градот.
На пример плажите на Вардар: Гратска,Руска,Офицерска,Железен мост,
и др. еве се обнови нешто, нешто што постоело ама не е тоа тоа.
Тој што тоа не го доживеал тие гратски плажи,треба да се раскажат,и да
се види слика.Прво што ќе помислите дали е тоа на сликата Улцињ или
во најмала рака Стар Дојран или Градиште. Со ова се кажав нема
потреба повеќе цел град беше на Вардар. Несватливо а вистинито.
Незнам во која тема пред ден - два пишував за Еврејско маало и детските игри, кои ги нема сега не постојат ама пак ќе напишам и Д. К. да прочита. Еднаш пишував само за Камениот мост во моите сеќавања.
За дуќанот на Кенан,еве уште нешто.За него има доста од време на време пишувано и по печатот.Вие некои се сеќавате на него,но имаше уште еден исти таков со исти „еснаф“, малку подоле кон паркингот т.с.рампата кај што е сега.
Целата приказна не ја знам,како е отворен втор таков но тој имаше
помалку муштерии,иако и малку можеби и поголем, а и тој надвор на стол
ги вадеше: кожноте палта и ташни за да се гледаат од плоштадот.
Но ова е од „тазе“ време скорашно, има за тоа место многу по интересни работи да ви напишам,на пр.за Офицерскиот дом и плоштадот.Подолу беше хотелот Македонија е за него читајте во темата „Скопје 1963 год.“
Точно пред кожарскиот занатски дуќан беше тој стаклен „билборд“ за
кино Култура. Е тоа треба да се обнови и да се постави кај што беше,
а не оние шмизли и бикови. Тоа е историја на градот. И да се наредат
внатре плакати од тогашните филмиви.Повеќе за овој објект друк пат.
Повеќе ќе ве интересира животот во Скопје пред земјотресот и за тие
објекти тогаш, може и за поплавата која беше пред-знак на катастровата
а за која пак е малку пишувано. Само многу време ми треба,но ќе биде
полека, кроце-старски ќе стасаме се да кажеме. За железничката станица и за мала станица ( уф,ова ве буни која е сега пак таа ),па за
главната улица на која јас го помонав целото детство и на плоштадот на
загинатите од фашизмот,( е ај,сега кој е пак тој,каде е ), и за другите
плоштади кои ги имаше повеќе,а сега некои не постојат.
За чаршијата и за звуците на чаршијата,но не од тамбура и даире,туку
од чеканите на казанџиите кои ги нема.
Па за јавните бањи, кои ги имаше три, а јас како најблиска ја користев
и тоа не многу често Стара-Нова Бања. За вас е ова незамисливо земаш
пешкирче и сапунче и одиш на бања (купатило). Одговорот е лесен и е:
се немаше дома водовот,беше уличен а не пак купатила.
(летоска Вардар или коритото во двор, па кога во комшии мајка и ќе ја капеше Славица ние машките ѕиркавме преку тарабите)
ле.ле тргам на работа пак сум 3 см, се заборавив. Чао
 
Напишав уште нешто,но отиде во темата „љубов и секс“
-Љубовни еротски колумни.
во погорниот текст е дадено некое тунелче,т.с. влез кон некој објект и двор.
Но има едно многу такви по корзото,а најголемо и најпосетено од младите беше во оној тријаголник,кога се вртеше околу зградите на „шизик“ корзото.
А тоа беше некаде на средина на патот,кога ќе тргнеш од кај „Култура“ па до „Рубин-кармин“. Ако имаш со тебе некое девојче го вовлекуваш во тој простран двор во средина помеѓу зградите,кој и сега постои. Во него има повеќе скришни места покрај ѕидовите на зградите,гаражите и влезовите а тогаш и кон подрумите немаше дополнителни решеткасти метални врати како сега.(крадењето беше забрането) Значи супер места за понекој бакнеш и малку стискање се разбира преку блуза. Потоа како да ништо не било искачаш на спротивната страна од тој триаголник на згради,веднаш кај малото дуканче на „култура“ до скоро беше тука а можеби е уште. Кога ќе излезеш веднаш се вклучуваш во редот на кружење,оти искачање нема и е тешко изводливо од кордонот посматрачи на ивица од тротоарот. И тоа продолжуваш како си се исклучил т.с. кон десно. Од лево ти останува ресторанот „Самоисхрана“ кој одамна не постој.А карши беа дуќаните за ловна опрема „Ловец“. Да го кажам и ова за ресторанот „Самоисхрана“, кој
сегашниве не го знаат.Слично е како студенска менза: Долг шанк на изложени секакви домашни јадења,супи и салати и обавезно ситлијаш. Со поставување на сендвичарите околу плоштадот се укина оваа „менза“ а имаше уште една таква на приземјето на „Пелистер“
Интересно е и за двете овие народни мензи што веднаш до нив т.с. на влезот имаа свој мали дуќанчиња,со свој производи дури и со мал надворешен и внатрешен„шанк’, за оние што не сакаа да влегуват внатре.
Оваа дуќанче кај т.с.до Пелистер кога одиш кон „Југопластика“ најчесто сме го користеле за мали „загуски“ а јас скоро на секое искачање тука го јадев најубавиот сутлијаш и поретко пудинг со цимет.
Додека она дуќанче кај „Самоисхрана“ го користеше цела младина од корзото.(да не речам ама и оние со помалку пари). Затоа што по завршување на корзото, т.с.последниот круг девојките си одат околу
21-22 часот, кој имаше нешто такво ги испраќаше или се одеше во околните ресторани,кој ги имаше неколку околу плоштадот. Постоеше се уште тогаш (младиве не го знаат) на местото на хотел Македонија, ресторан со исто име изгледа направен монтажно,од надвор со дрвена ламперија -патос.Но место тешко се наоѓаше беше се преполно,за зимно време ич да не правиме муабет.Таков беше ресторанот „Пелистер“ се стоеше по скалите за нагоре и се чекаше некоја маса да се испразни.
Погоре е точно објаснето за состојбата во овој ресторан.
Со ова сакам да дадам слика,на корисноста и вункционалноста на ова мало дуќанче пред ресторанот „Самоисхрана“. Во него можеше да се земе и пијалак,па и ладно пиво.Но друштвата што не можеа да најдат место по рестораните,тука доаѓаа и земаа во секое време имаше,дури изложено беше надвор-односно да се гледа, ситна пржена риба и нешто друго од скара и тоа доста евтино. Тоа често го користевме,земаш мезе
а пиво може и од продавница и одиш по парковите а најчесто на кејот на Вардар. За корзото поопширно објаснив во наведената тема,само што треба и тоа да се преврли тука. Или некогаш да го напишам истото.
Со пуштање на новиот кеј на Вардар,ова корзо на плоштадот почна полека да се празни, т.с. се пресели таму да конечно со пуштање пак на ГТЦ потполно замре-го снема. Но и овие две места на скопско корзо доста долго опстојуваа и тука секое друштво си освој и зазема свое место и тоа стоеше иако не обележано,понекогаш празно ако тоа друштво таа вечер не излегло на корзо. Нашето друштво на кејот беше лоцирано кон мостот Гоце Делчев кај трите млади тогаш штотуку засадени дрвца.Тука се шеташе на исти принцип како на старото корзо,од Камениот мост до новиот мост Г.Д. по двете патеки -нивоа во правец напред-назад.Но тука бевме само од пролет до есен.
Во зимно време се селевме во ГТЦ-отворен во почеток на седумдесетите години. Тука корзото беше доста посетено,поточно цела младина од плоштадот се пресели тука, тоа беше на првиот кат.Исто така и тука работеше старата шема,додека едни кружеа во ред по двајца во двете насоки,други застанати како кордон посматраа.Но некако се изгуби тој шмекот од старото корзо,и тоа задевање на девојчињата на секој круг. Секое друштво и тука си фати свое место за „паркирање“ за секојдневни средби и забава.
Нашето пак на ова место се лоцираше карши Техномаркет. Нешто понатаму од продавницата на Југотон каде имаше најповеќе гужва.на само надвор туки и внатре за да се види и чуе нешто ново од музиката.
Ваков дуќан имаше и ви подрумот во еден дел на новоотворениот „дракстор“ прв таков во Скопје.Кафичи тогаш немаше.
Е тука можеше се да се најде.Леб и млеко,даска за пеглање,цигари и млади девојки, кој одеа на пракса од тогашното трговско училиште.
И што е најважно за нас шанк со мал ресторан.Ладно пиво само во кригли со супер квалитет.Секоја вечер на одење прво тука сме се симнувале.Некој виде дека има многу гужва па веднаш карши Драксторот
отвори мала пивница исто само со големи кригли.И во овој дракстор имаше ќоше за грамафонски плочи.Многу од тука што ги имам купено и сега ги чувам и како нови се со опаковка.
Слаткарницата „Шехерезада“ е посебна приказна.Се чекаше ред за чаша боза а стварно секогаш беше одлична.Па од таму ми се чини не сум излегол десетина години.И сега кога одам и тоа многу ретко,има уште две продавачки од тоа време“70 и некоја и ќе ме прашаат нешто.
Корзото ако може така да се нарече „Ванила“т.с. стојалиште бидеиќи тука не се шеташе, за мене е непосетено бидеиќи веќе сите бевме одомени од друштвото кога тоа опстојуваше.Но тоа е и последното јавно сврталиште за младите во вечерите,потоа дојдоа кафичите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom