јас пак да се навратам на телефончето. Го имам од август, на почеток си работеше супер, ама веќе почнува да ме нервира. Читав дека некој кој го купиле имал жолти дамки по екранот. Кај мене такво нешто немаше, арно ама, влезот за полначот е малку (милиметарски) поширок отколку шо треба. Значи, телефонот се полни, минимално да го поместев телефонот, полначот се вадеше. Го заменив со полнач од алкател, коска е, не се вади, т.е. си се вклопува како треба да биди. Немам инсталирано многу апликации, вибер, скајп, слагалица, судоку, апликација за приватни пораки и уште некој малечки програмчичња. Телефонот некогаш си функционира совршено, тачот работи солидно и е топ. Ама некогаш (во последно време многу почесто) неможам ниту во именик да пристапам, ниту во пораки, ниту да реализирам повик. Пример, влегувам во листата на повици, одбирам контакт кај шо треба да звонам, исто ко да не сум дал наредба. Така едно 4-5 пати. Се откажвам, по 3-4 минути пробвам пак работи како струја. Не дај боже да сум во опасност или итно да треба негде да звонам. Батеријата во последно едвај трај 30 часа, а освен за разговори и едно пола час дневно на интернет ако се уклучам, за друго ретко го користам. Порано имав ЗТЕ Рејсер, кој ем го зедов 3 пати поефтино, и единствена маана му беше катастрофалниот тач, ама апликациите си работеа супер. Или т-мобајл продават некоја Ш класа на телефони, зошто телефонот не е многу скап, ама не е па ни ефтин...