Албанска пролет!

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
Дали Али се уплаши за столицата, што е работата незнам, но сепак попуштија пред притисоците и масовните протести. Покажаа слабост и докажаа дека не можат да ја контролират толпата која им излезе надвор од контрола. Дали тоа заврши митот за секомќниот Али. Најинтересно од све, што нивна замена нема да биде ДПА, пошто не верувам дека ДПА има нешто со овој протест, туку ова се структури од надвор.

Еве ја целата приказна.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=10ABD5B01CBD844D9B4791ADA0B5F1CB

ПРОТЕСТИТЕ ЈА ПРОТРЕСОА ДУИ

Али Ахмети кокетира со демонстрантите

Интегративците негираат дека се повеле од барањата на демонстрантите, но сепак, потврдуваат дека доколку е потребно, во интерес на државаата е да се формира независна комисија од странски експерти

Kокетира ли владејачката ДУИ со демонстрантите поради популизам, исплашена од жестокоста на нападите врз партиските челници и со тоа им дава ли легитимитет на барем засега неидентификуваните организатори на протестите против акцијата „Монструм“? Ова е дилемата која се наметнува по заседанието на највисокиот партиски орган на интегративците - Централниот совет и заклучоците кои произлегоа од таму, а кои во некои делови се совпаѓаат со барањата на демонстрантите, кои во петокот беа испорачани преку писмо што им го поделија на новинарите што ги следеа протестите.

Интегративците негираат дека се повеле од барањата на демонстрантите и оти со тоа даваат легитимитет на организаторите кои се непознати за јавноста. Сепак, ДУИ потврдува дека, доколку е потребно, во интерес на државата е да се формира независна комисија од странски експерти за да нема ни трошка сомневање во судскиот процес против осомничените за петкратното убиство кај Железарското Езеро. Ова како клучно барање го истакнаа демонстрантите. Тие бараат ОБСЕ, САД, ЕУ, Турција, Албанија и Kосово да се заложат да се формира независна истражна комисија од меѓународни експерти за да се расветли судбината на уапсените во акцијата „Монструм“.

- Ако е потребно, ќе бараме не едно, туку две или три мислења од независни експерти за да нема ни малку сомневање кај граѓаните дека судскиот процес е монтиран. Доколку е потребно и доколку се јави сомневање за кредибилитетот на судската одлука, за државата е подобро да ангажираат и странски експерти - вели партискиот портпарол Бујар Османи и додава дека на Централниот совет не се расправало за барањата на демонстрантите.

Во ДУИ не сакаат да коментираат какви било партиски оцени за обвинувањата на демонстрантите упатени на нивна адреса. Османи пред состанокот изјави дека граѓаните имаат право да ги кажат своите забелешки кон ДУИ како владејачка партија и додаде дека се спремни за разговор со граѓаните. Но и за ова вчера Османи немаше прецизен одговор со кого ќе разговараат ако се знае дека организаторот е непознат за јавноста.

Во заклучоците на Централниот совет се вели дека ДУИ се дистанцира и го осудува грозниот чин на петкратното убиство истакнувајќи дека е од посебна важност да се почитуваат правото и невиноста с` додека органите на правдата не го кажат последниот збор, бара сторителите на кривичното дело да ја добијат заслужената казна врз основа на докази и убедливи аргументи за судскиот процес, како и да се извести јавноста за мотивите на чинот.

Цела оваа заврзлама, ни ја прави ситуацијата се почиста. Според сите случувања, излегува на површина дека позадината на егзекуцијата на Смиљковското езеро е сепак со етничка, иако можеби се користени исламистички структури. Впрочем ова не е првпат да се користат вакви структури за Албанската национална кауза. Албанската Пролет е на повидок. Сепак сликите и униформите од УЧК-ите не биле само декор. Протестите не биле спонтани, туку очекувани и организирани.

Според мене, грешката што ја направиле егзекуторите била, што планот не бил да убијат деца, туку униформирани лица, кон што води и изјавата на обвинетиот во суд. Но јунаците (за едно 10 години), немале гз така, па го направиле јуначкото дело.


А во меѓувреме, како потврда:
Албанска пролет во Македонија?!
8e54aaa3-952d-4c5b-98a1-fd4c1e3c02b4


Следниот месец во Македонија се очекува почнување на ткн Албанска пролет, по иницијатива на челникот на албанско-американското лоби, поранешниот конгремсен Џо Диогарди, пренесува новинската агенција ИНА


Иницијативата Албанска пролет е контра-одговор на пласираните тези за Арапска пролет и контра-одговор за истакнувањето на верските знамиња на минатонеделните протести во Македонија, се наведува натаму во информацијата .

Диогарди во изјавата за ИНА побара од албанските политички парти да се обединат зад идејата за новото движење за албанските права. Тој побара обединување, особено на албанската опозицијата.

Како што јавува агенција, НДП, Нова Демократија, ДУА на Бардил Махмути и НДУ на Хисни Шаќири засега ја прифатиле идејата на Диогарди и се очекуваат конкретни движења во текот на следните седмици.

Минатиот понеделник лидерот на Албанско-Американската граѓанска лига Диогарди обвини дека последните апсења на Албанци во Македонија и во Србија, бил координиран анти-албански заговор./крај/ина/мф
 
Они ќе ни се редат ние ќе дебатираме.
Им се може, имаат јаки сојузници, врвот на НАТО и ЕУ.
Ја извадија лиценцата за убивање поодамна.
 
Оваа 2012 е најлоша година за Македонија.Не измина ни пола година едно 43942348 срања ни се случија.

Се повеќе верувам дека не ни бега уште една трагедија.
 
Али Ахмети ги испушта конците
го прочитав набрзина насловот
и почна срцето посилно и побрзо да ми лупа
значи и тоа се деси, Али испушти конци
и јас одма помислив Али испуштил душа
Кога се смирив малку и читам повторно
не ти било тоа,туку некои други конци и
решив да не ја читам темата.... они мене....
 
Ние 100% сме влезени во нивниот матрикс.

Неможам да сфатам, како никој не гледа дека Македонија со оваква поставеност, со оваква состојба на терен, губи целосно.

Па ајде Струга нели им ја дадоа со новата територијална поделба и ?
Цветаат ли ружи за Македонците во Струга ?
Што беше поентата, не разбирам ?
Каде е мирот, ако тој е поента на сето ова.

Само шок систем може да не крене.
Членство во Шангајската група која се повеќе станува и повеќе од економски сојуз, наскоро формираат антитероситички единци и евроазиските интеграции кои ги води Русија.

И чао пријатно.

Не ти се свиѓа, ајт у п.м. ене ти ја границана, таму имаш и мала и голема Албанија.

Муџо со брада и подигнати ногавици, ајт преку граници ене ти ја Саудиска Арабија.

Тоа е бе држава луѓе, ги браниш своите вредности.
 
Каква пролет какви бакрачи! На ДУИ не им одговараат никакви промени оти вака им е супер а тие се најсилната албанска партија во МК па кој и да се дрзне да направи нешто посериозно во правец на немири ке го јаде стапот. Сите кои сега сакаат да направат некој куршлус во државата се маргиналци кои се незадоволни од тоа што ништо не добиле од колачот кој сега го има ДУИ и криминалци кои живеат во илегала и бегаат од законот. Напротив ДУИ дури и соработуваат со полицијата и сите тие одпадоци ги предаваат да бидат апсени и стрелани во разни акции оти и на нив им сметаат. А протестите им беа пичкин дим, ветер и магла... искршија некој прозор на владата, некоја автобуска и сл... и готово, тресла се гора, излезе глушец... само се покажа нивото на култура со кое располагаат демонстрантите.... нека протестираат колку сакаат, кучињата си лаат а карванопт си врви...
 
Е добро де,кога тогаш ќе мора да расчитиме и со "прољече" и со секакви сезонски активности.

Ако сакате психички трауми да носите цел живот,вие и вашите поколенија,со вакви секојдневни закани(овој ќе убивал каури,оној ќе барал територија,трет ќе бара права за статус "Енглеска краљица" и сл.),тогаш уживајте си,нема што накнадно да се замарате.
 
премногу се топли фотељите и премногу слатки се парите од буџетот
 

Не, сериозна сум. Сите се будат, само нас се` ни е тамам. Економија - нула, култура - нула, почитување закони - нула, безбедност - нула, важно си имаме радикални исламисти кои си се разбуди ја.
 
Не, сериозна сум. Сите се будат, само нас се` ни е тамам. Економија - нула, култура - нула, почитување закони - нула, безбедност - нула, важно си имаме радикални исламисти кои си се разбуди ја.
Знаејќи каков ѕвер лежи во нас, и на нас самите ни е страв да се разбудиме. Ама овие упорно сакаат да се рабудиме. Па кај и да е.... Ќе се изненадиш и тоа доста пријатно.
 
Знаејќи каков ѕвер лежи во нас, и на нас самите ни е страв да се разбудиме. Ама овие упорно сакаат да се рабудиме. Па кај и да е.... Ќе се изненадиш и тоа доста пријатно.

Прав си за ова, може големината го забавува во будењето. Сепак, ептен долго хибернираше ѕверот - време му е за станување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom