Кого би избрале?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Iskrano mi se sviga temava ..... jas bi preminal vo brak so taa slucajno sto naletala , a so taa stara ljubov sto ne sum mozel da preminam vo vrska togas podocna ke mi bide svalerka .....
 
Јас прво ке седнам да размислам како откако сум со друг сега почнал да појавува некои симпатии кон мене, а до претходно не?
А на карајот најверојатно пак ке се одлучам за него
 
После неуспешните обиди да стигнете до некоја личност која подолго време премногу ви се допаѓа, влегувате во врска со друга личност која се појавува во вашиот живот во вистинско време. Ете се надевате дека така ќе го преминете тој период исполнет со безуспешни обиди. Убаво ви е во сегашната врска, се надевате дека приближно ќе го сакате партнерот колку личноста која не ве рецкала. По кратко време дознавате ( на било кој начин ) дека „нерецкачот“ почнал да се интересира за вас, приметувате дека почнал/а да чувствува нешто.
Се наоѓате на некоја раскрсница и не знаете кој пат да го фатите. Не знаете дали да останете со партнерот со кој сте моментално, дали да прекинете врска и да почнете со личноста која ви се допаѓала и на која сега вие и` се допаѓате.
Што би избрале? Дали ќе се обидете да изградите среќа со партнерот или, пак, ќе ја барате среќата со другиот?
За „нерецкачот“,,времето поминало,,не велам дека не би ми годело тоа,, но едноставно обично кога на некој ќе му го свртиш грбот,,дури тогаш ќе те забележи..Но,,често може да е доцна..во овој случај најверојатно би ја продолжила врската,,секако зависно од тоа како пред се јас се чувствувам,,ако ми е многу убаво во неа,,како што велиш,,секако дека нема да полудам од среќа само заради нешто што можеби и нема да се случи..Всушност,,имало шанса но не била искористена и најверојатно така требало да биде нели? како што спомена,,личноста што дошла во вистинското време е правилно и тука да остане..барем според мене..:pipi:
 
Дали ќе се обидете да изградите среќа со партнерот или, пак, ќе ја барате среќата со другиот?
Среќата си иде спонтано, нема што да се трудиш. Значи ако не сум среќен со неа, ќе напрам нешо со та важната, макар шо таа можда ми останала така(интересна) зошто не сум можел да ја имам...
 
Како прво, сигурно ќе си останам со тој што сум во моментална врска. Не сум јас ничива закачалка па да ме рецка или да не ме рецка него кога ќе му текне. Ако некој сум сакала, а он ме третирал како “задња рупа на флејта“ - тогаш има да го отсакам со сила. Штом во мојот живот се појавил некој кој ме почитува и е со мене и не ме третира како да не постојам, со него и ќе останам.
Тој што не ме рецкал, може да си го гризне од задникот, зашто возот никогаш не се враќа по задоцнетите патници.
Кај мене или сакаш или не сакаш. Ако не сакаш - не мораш, ама нема предомислување. Ако се предомислиш, џабе ти е.:smir:
 
Уф, ми ја погодивте темата. Кругот секогаш се врти и навистина тој што порано не ме рецкал денес трча како кученце по мене, но дали вреди заради некој што не ме почитува и си играл со мене, јас да оставам некој кој бил тука до мене и ме држел за рака, кога сум била разочарана од љубовта??? Се разбира дека НЕ, така што би си останала со тој што сум, а другиот нека види како е него да не го ебаваат ни 2%.
 
Немам поим кого би избрала... :jaj:
Кога би седнала да размислам, најверојатно би го избрала оној со кој денес сум во врска. Но, бидејќи знам дека никогаш не размислувам, многу пологична ми е идејата на раскинување и почнување на нешто со нерецкачов.
Поинтересно е... :kesa:
 
После неуспешните обиди да стигнете до некоја личност која подолго време премногу ви се допаѓа, влегувате во врска со друга личност која се појавува во вашиот живот во вистинско време. Ете се надевате дека така ќе го преминете тој период исполнет со безуспешни обиди. Убаво ви е во сегашната врска, се надевате дека приближно ќе го сакате партнерот колку личноста која не ве рецкала. По кратко време дознавате ( на било кој начин ) дека „нерецкачот“ почнал да се интересира за вас, приметувате дека почнал/а да чувствува нешто.
Се наоѓате на некоја раскрсница и не знаете кој пат да го фатите. Не знаете дали да останете со партнерот со кој сте моментално, дали да прекинете врска и да почнете со личноста која ви се допаѓала и на која сега вие и` се допаѓате.
Што би избрале? Дали ќе се обидете да изградите среќа со партнерот или, пак, ќе ја барате среќата со другиот?
sum bil vo identicna situacija kako so e opisana gore ali samo rekov :nenene::nenene::nenene: na "starata" ljubov! Koa nemas zenska, ne te reckat, a koa ke si fatis devojka naednas ona pocnala da te primekja, bre majkata
 
Воа прашање е дефинитивно за женски нема да го одговорам :))
 
Да бе.. тој кај бил јас коа го рецкав? Нема така него коа ќе му текне.. ќе си останам со тој што сум во врска :)
 
Не е толку едноставно ова. не можеш во милисекунда да испалиш со одлука и да бираш. Проблематично е па затоа ако дојде ситуацијата ќе пишам што би направил до тогаш само колку да кажам однапред ништо не може да се каже пошто има повеќе фактори вмешани во тоа.
 
не рекле џабе кругот се врти... зависи како ке ми биде во врската,ако типот е стварно ок мислам дека нема да му раскинам... штом сум во врска со него значи ми се свига и ред други работи инаку како?
а другиот.... нека пукне!!! :pipi:
не сум јас на дугме па него кога ке му текне,ај....:nenene:
 
Зависи колку се јаки чувствата за едниот, колку за другиот... И прво ќе се уверам дали стварно се заинтересирал за мене или само се заебава.... Али најверојатно би продолжила со тој што идам во моментот... Барем уште некое време... Ако видам дека другиов не се заебавал и е упорен, а и врската не ми е нешто посебно (значи, ако може да биде многу подобро и ако не ми значи типот), би раскинала...
 
Зависи тој првиот колку бил заинтересиран..ако е само за едно здраво и како си посекако не би раскинала, ама прво најдобро ќе е да си видам дали ми е убаво со тој вториот и дали воопшто чувстувам нешто спрема него или само ми бил дечко за да го заборавам тој првиот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom