The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 114
После неуспешните обиди да стигнете до некоја личност која подолго време премногу ви се допаѓа, влегувате во врска со друга личност која се појавува во вашиот живот во вистинско време. Ете се надевате дека така ќе го преминете тој период исполнет со безуспешни обиди. Убаво ви е во сегашната врска, се надевате дека приближно ќе го сакате партнерот колку личноста која не ве рецкала. По кратко време дознавате ( на било кој начин ) дека „нерецкачот“ почнал да се интересира за вас, приметувате дека почнал/а да чувствува нешто.
Се наоѓате на некоја раскрсница и не знаете кој пат да го фатите. Не знаете дали да останете со партнерот со кој сте моментално, дали да прекинете врска и да почнете со личноста која ви се допаѓала и на која сега вие и` се допаѓате.
Што би избрале? Дали ќе се обидете да изградите среќа со партнерот или, пак, ќе ја барате среќата со другиот?