Новиот клинички ќе никне на 10 ката

Prekrasna ideja ama dali e ostvarliva , inaku za proektot BRAVO .
 
Многу реална работа.

Нашиот клинички универзитетски центар т.н. Државна болница е тотално нефункционален објект за во денешно време, можеби било за времето коа се градел ама во денешни услови е тотално нефункционален. Имам вежби на клиники оваа година и може да се види колку е уствари усрана целата ситуација во здравството.

На пример центарот за дијабетес е во една грда стогодишна руинирана БАРАКА доле пред институтите, а ендокринологија клиниката е на 500 метри оддалечена од таму. А во бараката неќете да влезите да видете какво е. Во секој момент има по 300 пациенти шо чекаат во едно толку мало место.

Ова би требало конечно да е продуктивен проект, како што кажавте и ја не ја сфаќам логиката да биде толку далеку ама ај да видиме. И се надевам дека пристапот до таму ќе го средат.
 
Искрено идејата е супер, државата би требало да вложува во вакви проекти паралелно со инфраструктурата од парите што ги плаќаме како такси.
 
Редно беше, приватните болници и амбуланти веќе се етаблираа во системот и си добија рејтинг и редовни муштерии...сега може да се подобрат условите и у државно. Да беше ситуацијата подруга (подобра) со државните, ретко некој ќе се осмелеше да згазне (тек тук со бааги пари) во приватните болници.
 
67111782395F734BB5996C746750BAD3.jpg


Наместо 100 до 200 милиони евра како што првично најави министерот за здравство Бујар Османи, новиот клинички центар во Бардовци ќе чини најмалку двојно повеќе - од 400 до 450 милиони евра. Од центарот на Скопје ќе биде оддалечен 5 километри, ќе се простира на површина од 93 хектари, а со сите центри во земјата ќе биде поврзан и со железнички и со автобуски терминал.

- Вкупната површина на новиот клинички центар ќе изнесува најмалку 195.000 квадратни метри. Само изградбата на кампусот ќе чини меѓу 350 и 300 милиони евра, без опрема и без мебел, за што ќе бидат потребни уште 100 милиони евра, а комуналиите ќе чинат околу 50 милиони евра - појасни министерот Османи, кој вчера ја презентира физибилити-студијата за дислокација на Универзитетскиот клинички центар - Скопје.

На прашањето зошто се трошат пари за изградба на нова клиника за гинекологија, за реновирање на интерните клиники и други инвестиции ако веќе се планира градење нов клинички центар, Османи со одговор:

- Изградбата на центарот е долгорочен проект кој ќе трае најмалку 10 години, а не смееме да дозволиме пациентите да бидат заложници. Повеќе од 50 години не е инвестирано во постојниот Клинички центар. Не знам чија е идејата за клиничкиот центар, ова е проект на Министерството за здравство, кој Владата го одобри и битно е кој што реализира.

Тој појасни дека дел од парите за новиот проект ќе биде обезбеден преку компензација од продажбата на земјиштето, а дел од други извори.

Како главни причини за дислокацијата на клиниките Османи ги наведе достапноста на Клиничкиот центар, кој иако изгледа дека е во централна локација на градот, има тешкотии во приодот, оддалеченоста на зградите, без постоење топли ходници, па пациентите се принудени низ отворени патеки да се движат од една до друга клиника.

- Нерационално се користат ресурсите. Постојат преголем број болнички кревети, се удвојуваат капацитетите и опремата, исти хируршки сали и апарати има во неколку објекти, се' со што се отежнува управувањето. Во новиот клинички центар сите служби ќе бидат во една зграда, ќе има подобри чекалници, наставата и истражувањето ќе бидат интегрирани, а 50 отсто од собите ќе бидат еднокреветни - рече Османи.

Директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Огнен Апостолски, посочи дека локацијата на која ќе се гради новиот клинички центар постоела како место за болница уште од 2002 година во Детаљниот урбанистички план.

Од СДСМ вчера реагираа дека актуелната власт „очигледно ги краде нивните проекти“.

- Наместо повторно да трошат огромни суми народни пари за непотребна физибилити-студија, СДСМ е подготвен својот проект за нов клинички центар во Карпош да и' го даде на Владата во интерес на граѓаните. Со нашиот проект за нов клинички центар, кој чини 80 милиони евра, се предвидени државна кардиохирургија и центар за трансплантација. Владата троши најмалку 200 милиони евра за забеганиот проект „Скопје 2014“, а одамна требаше да се вразуми и тие пари да ги вложи во јавното здравство. Министерот за здравство треба да и' објасни на јавноста како успеа за само 4 години со бомбастично најавена владина „реформа“ тотално да го уништи постојниот Универзитетски клинички центар, во кој со децении вложуваа сите граѓани - се вели во реакцијата на СДСМ.

Љубица Балабан

Уште една Комунистичка пропадната `инвестиција`.
-Ќе се гради 10 (читај 20 години) ако воопшто и се заврши
-Ќе чини 5-пати повеќе од реалната цена најверојатно 2,000 милиони
-Ќе биде повторно најслаба медицинска установа во Скопје
-Ќе се напуни со најнеспособните партиски поставени кадри
-Ќе произведува милиони т.е. милијади евра загуба
-Ќе биде мека за корупција мито, непотизам и неодговорност (Бидејќи никој неможе да ја тужи како институција зошто е државна)

Катастрофа
 
Редно беше, приватните болници и амбуланти веќе се етаблираа во системот и си добија рејтинг и редовни муштерии...сега може да се подобрат условите и у државно. Да беше ситуацијата подруга (подобра) со државните, ретко некој ќе се осмелеше да згазне (тек тук со бааги пари) во приватните болници.

Државна Болница неможе никогаш да биде добра како приватна...Нешто што е докажано во сите баш сите земји во светот.
Решението е според тоа просто инвестирај во повеќе приватни болници, не е ефтино но, добиваш многу подобро здравство.
 
Сигурно не може (како и образовните приватни-државни установи), но може да се подобри. Кога секоја година би набавувале сукцесивно по одреден број кревети, шкафови, инструменти, до ова дереџе со опременоста и чистотата немаше да дојде. Кога за секоја грешка или жалба на пациент би се поставил ист однос, исто вреднување како во приватните институции, немаше да се случи неодговорност и башибозук. Некои земаат дупло и тродупло плата повеќе од мене, но тоа не значи дека не треба да сработам што ми е дадено како задача. Некои земаат и пола помалку од мене, но ене ги во недела на нога во маркетите. Штом нема дисциплина, организација (а најверојатно нема ради начинот на прием) и грижа за инвентарот, тешко ќе оди напред државното здравство.
Интересно е што истите лекари, сестри и друг персонал, штом преминат во приватна институција, веднаш го менуваат односот, начинот на работење и со тоа и резултатите.
 
А како трговски никнуваат додека трепнеш??

За ова 10 години..хехаа па после земјотресот со позастарена механизација градеа побрзо.

Интересно е што истите лекари, сестри и друг персонал, штом преминат во приватна институција, веднаш го менуваат односот, начинот на работење и со тоа и резултатите.

Профит:toe:
 
Државна Болница неможе никогаш да биде добра како приватна...Нешто што е докажано во сите баш сите земји во светот.
Решението е според тоа просто инвестирај во повеќе приватни болници, не е ефтино но, добиваш многу подобро здравство.

Боље нека инвестираат во Фондот за здравство, да покрива поголем процент од услугите во приватните клиники. Сите среќни и задоволни.
 
Сигурно не може (како и образовните приватни-државни установи), но може да се подобри. Кога секоја година би набавувале сукцесивно по одреден број кревети, шкафови, инструменти, до ова дереџе со опременоста и чистотата немаше да дојде. Кога за секоја грешка или жалба на пациент би се поставил ист однос, исто вреднување како во приватните институции, немаше да се случи неодговорност и башибозук. Некои земаат дупло и тродупло плата повеќе од мене, но тоа не значи дека не треба да сработам што ми е дадено како задача. Некои земаат и пола помалку од мене, но ене ги во недела на нога во маркетите. Штом нема дисциплина, организација (а најверојатно нема ради начинот на прием) и грижа за инвентарот, тешко ќе оди напред државното здравство.
Интересно е што истите лекари, сестри и друг персонал, штом преминат во приватна институција, веднаш го менуваат односот, начинот на работење и со тоа и резултатите.

Фрлени пари се тоа за секој денар инвестиран во државно здравство добивал 2 или 3 во приватно. Знаеш колку пари одат на тендери, администрација, корупција, некомпетентност, немотивираност.

Имам другари работеа во Државна Болница на Хирургија за 400-500 евра а 90% од времето го поминиуваа пиеќи кафе ебавјаќи се и тресејќи зелени. После еден отиде да работи кај Жан Митрев типот работи по 12 часа дневно додуше за 1000 евра. Жан им турил камери на секој чекор и ги гледа неможат ни 5 мин кафе да пијат ако не е пауза како секта се луди. :vozbud:

Не верувај во државно здравство тоа е пропаднат концепт осудено на пропаст фрлање пари во оган и нерационално.

--- надополнето ---

Боље нека инвестираат во Фондот за здравсво, да покрива поголем процент од услугите во приватните клиники. Сите среќни и задоволни.

ФЗО е уште поголема пропаст. Треба нов приватен фонд со луѓе што знаа во шо да ги инвестираат парите. Се разбира со многу силна регулатива.
 
Наместо 100 до 200 милиони евра како што првично најави министерот за здравство Бујар Османи, новиот клинички центар во Бардовци ќе чини најмалку двојно повеќе - од 400 до 450 милиони евра. Од центарот на Скопје ќе биде оддалечен 5 километри, ќе се простира на површина од 93 хектари, а со сите центри во земјата ќе биде поврзан и со железнички и со автобуски терминал.
Ама и ова далеку мамата. Секој нема возило, ниту здравје и години за да може да се вози до с. Бардовци...изгледа овде најмногу ќе ќарат таксистите. Сепак можеа да го лоцираат во градот.

psihijatrii.jpg


колку чини ваква соба? 200, 300 500 илјади евра? Колку базенот на Вардар, шадрваните...? По една соба секој месец, досега ќе имавме барем саглам интериер

Колку профит (хехе, ако извадиме од уста зборот хуманост), кој е соодност на плати сестри (болничари, лекари) прв. и државно? 2-1 3-1. И со поголеми примања во минатото, начинот на работа на повеќето им беше воглавно ист.

--- надополнето ---

Не верувај во државно здравство тоа е пропаднат концепт осудено на пропаст фрлање пари во оган и нерационално.

--- надополнето ---

Но ги има сегде низ другите држави, зошто не и кај нас...обичниот човек не може ниту 2-3 дена да издржи да лежи со неговата плата приватно...изгор е.
Имам другари работеа во Државна Болница на Хирургија за 400-500 евра а 90% од времето го поминиуваа пиеќи кафе ебавјаќи се и тресејќи зелени.
Тоа баш го спомнав. Нема дисциплина ради начинот на вработување, а да ги стегнат малку...можеби, само можеби, приватните клиники работат на сметка на парите на државните. Се ми се чини има нечиј интерес да остане државното во хаос...приватна клиника тогаш има повеќе работа...и пари
 
--- надополнето ---

[/COLOR]Но ги има сегде низ другите држави, зошто не и кај нас...обичниот човек не може ниту 2-3 дена да издржи да лежи со неговата плата приватно...изгор е.[/QUOTE]

Постои здравствено осигурување? Во Холандија има само приватни фондови за Здравстевно. Државата Плаќа само за невработени и социјалции. Осигурувањето е задолжително и има минимален пакет под кој неможе да одиш но има и екстра осигурвање кое е поскапо. Компанијата мора минимум да ти обезбеди 90% покриеност на болниците значи кога одиш во болница во 80%-90% од болницте ништо не плаќа додека во 10% од болниците оостануваат само некој ептен луксузни места но, ако платиш екстра ќе ги добиеш и тие во понудата. Инаку болниците се делумно државни делумно приватни.
Има еден финта сега воведоа само првите 100 евра годишно да ги покрива осигуренокот бидејќи имаше лудаци кој одеа на лекар за се и сешто.
Има тон различни понуди на осигурање. Но, е регуиран минималан понуда и несмее никој да те обиде поради простоечки болести т.е. да ти прави систематски пред да ти даде осигуравање нешто што се случуваше во САД пред Обама да дојде.
 
Знам дека роднина во Австралија споменуваше државно здравство, што значи има различни системи.

Ако вака ги остават да работат (без контрола и совесност, ред на работа и поредок), мислам дека и 1 и 2 милијарди ќе се трошат џабе. Пак за дестина петнаесет години ќе делува јадно.
Осигурувањето е задолжително и има минимален пакет под кој неможе да одиш но има и екстра осигурвање кое е поскапо. Компанијата мора минимум да ти обезбеди 90% покриеност на болниците значи кога одиш во болница во 80%-90% од болницте ништо не плаќа додека во 10% од болниците оостануваат само некој ептен луксузни места но, ако платиш екстра ќе ги добиеш и тие во понудата. Инаку болниците се делумно државни делумно приватни.
ова значи дека тие отприлика 80-90% имаш бесплатни услуги?
зш ми го нема копчето лајк.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom