Студени нозе

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување

ружна женска имам
по живциве ми чачка
постара од мене
со нокти како мачка

на глава ми се качи
дека сум на мајка син
дека многу учам
и со сите ја сум фин

ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ да имаш ваква женска јунак да си мора
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ навечер и насабајле се е како ноќна мора
 
Ги обожавам.Омилената македонска песна ми е од нив-Ти си проблем:salut:
 
Ех, сум бил многу мал кога се растуриле, но ми имаат кажувано дека на времето биле една од најдобрите групи во Македонија. И ден денес обожавам да ги слушам, пошто стварно се цареви. Жал ми е што се распаднале:toe:

Дефинитивно една од најдобрите групи во Македонија ако не и најдобрата. Навистина штета што се распаднаа али тоа е тоа.. дрогата си го праи своето. Многу жално што се распаднаа пред некоја година имаа свирка во Хавана и таа мислам дека ке биде последната што некад ке ја имаат.
 
Имало тема и за легендиве! Јас пак мислев сме ги заборавиле :music2:

Наидов на видеава пред некој ден и си се потсетив на лепе дане и на глупостите што ги имаа истрескано на омотов :vozbud:

алал да му е на тој што се сетил да ја скенира касетава и да ги напише текстовиве :cuc: :aplauz:
 
Направија песни што вечно ќе се памтат
 
NOT

Типичен македонски квази-поп шунд, полош дури и од crap како Нокаут и Нови Дечки. А тоа е тешко достигливо.

Нешто си збунет!Нозете се класика!
 
Нешто си збунет!Нозете се класика!
...класика на шундот и невкусот

Значи да се разбереме, неам ја против некој да каже: - Мене ми се свиѓаат гомнана. Немам ништо против такви изјави, затоа што во крајна линија се работи за вкус.
Ама некој да каже дека гомната се класика, од тоа можам само да сфатам дека се работи за некоја канализацијска класика.
 
Брат ти си роден у новиов милениум или... ? :lud:
 
Читам, читам и не ми се верува шо уствари ја ~||~, Студени Нозе-класика...., како прво лириката им е за никаде, музиката како што кажа Џои неквалитетен поп, вокал-NOT, и што има сеа толку квалитетно за да се наречат класика?
 
Студени Нозе не се толку квалитетен бенд колку што се бенд кој остави длабока трака во историјата на македонската поп музика. BTW Ти си проблем е извонредна песна. Кучето мое е шегобијна ода за машката гордост. Ми се спие, па нема да пишувам за останатите песни. Нивната музика е повеќеслојна, без оглед на тоа што на прво слушање звучат многу наивно и ноншалантно.
 
NOT

Типичен македонски квази-поп шунд, полош дури и од crap како Нокаут и Нови Дечки. А тоа е тешко достигливо.

Океј, можеби сеа на 19 години сфаќам дека таквата музика не е којзнае што, али и такви, сигурно песните на Нокаут кои сум ги слушал во раното детство ќе ми останат у позитивно сеќавање и ќе сакам да ги преслушам пак. Така и со Студени Нозе, можеби биле омилена група на некого у нивните години, и за нив се класика!

А и јас лично за нив, не мислам дека се лоши.
 
Не расправам за вкусови али некој погоре и Нокаут ги искења али очигледно не го пуштил нивниот Unplugged за да види дека и не се така ебиветарска група
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom