Студени нозе

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Студени нозе е група која ќе остане долго запаметена во историјата на македонската музика. Многу песни се актуелни и денес, а тоа најповеќе се цени кај групи кои веќе не постојат.
 
Еее на времето колку ги слушав макар што и ден ден си ги слушам за разположение.
Како кучето мое,Во парк, 50 дм,Нејчу колор телевизор... абе најаки беа. :icon_bigg
Ваква група сега потешко малце.
 
Супер беа (биле) - малку се сеќавам на нив...али песните им се супер, не за џабе и ден денес се слушаат.
Кога и да се спомнат Студени нозе одма ме асоцира на Водени лудории, ваљда настапувале на ова шоу па ми останало нешто, некое сеќавање..сепак тогаш имав хммм...околу 7 години.
 
Само една песна од нив заслужува риспект .... Ти си проблем. Другото е неквалитетно, ама незаборавно. Многу ми е жал за Сури.... не ми се верува колку суров може да биде животот.
 
Најзакон.

 
Одличен бенд, ме потсетува на моето детство. Нивните песни и не се толку едноставни и глупави но не се ни нешто многу квалитетни. Сепак повеќе критериуму ипределуваат некоја музичка група или песна да биде култна. Можеби некој денес ако извади таква музика, ќе остане незабележан. Но во тоа време тие се пионери на нашата сцена кои го пробија патот за многу други по нив. До студени нозе постоеше само макфест и шлагерите за љубовни јадови. После Студени Нозе, Ристо Бомбата, Ена Веко доаѓаат промени. Тие се претставници на некој вид нов бран. Согласно со промените во општеството, распаѓање на еден систем и негова замена со нов. Тие се одлика на животот во македонија во 90 тите. Ова се однесува на поп сцената. На алтернативната сцена е друга приказната. На алтернативната сцена се вистинските култни бендови. Но сепак 90 % од рајата, нема поим шео се случува на алтернативната сцена.
 
Од студени нозе многу јака песна ми е Нејку колор телевизор.Добри им се текстовите,хумористични знаат да ме насмеат.Е сеа ,штета за Сури ама тоа е...нема што да се прави тука.
 
Јас пред некој ден му бев на свирка на Фиц....Беше најверојатно пијан ( може и нешо друго, у најмала рака чуден) и ги пееше старите добропознати хитови,кои иако делуваат свежо, он некако делуваше истрошено.За жал...
 

Песна по која дефинитивно ќе ги памтам Студен нозе. Дома го имам нивниот албум и тоа на касета некогаш знам да си го земам стариот касетофон и да си пуштам нивните песни иако постои интернет и ги има сите песни но сепак чуството е поинакво бидејќи така се навраќам на деството кога ги слушав нивните песни. :)
 
Откако ги преброав гласовите и да објавам нови дуели во македонски звучи подобро темата наидов на песна од Студени нозе и решив ај да видам уствари што биднало со луѓево и наидов на следново што малку и не го очекував...

Поранешниот фронтмен на групата „Студени нозе“, Сури во изјава за порталот Press 24, изјавил дека во последниве пет месеци живее во Охрид и ги демантираше информациите дека држел во заложништво цела зграда на булеварот Илинден во Скопје.
suri.jpg-500.jpg


-Во последниве 5 месеци сум во Охрид. Не сум ни дошол во станот во Скопје. Запален е. Изгоре во пожар и од тогаш не сум бил таму. Станарите се жалат дека лошо мириса дека им се поплавува, но јас немам врска со тоа. Живеам во Охрид. Денеска дојдов во Скопје да средам некои документи и повторно се враќам во Охрид – изјавил Сури.

Во врска со информациите дека социјалните служби го бараат за да го сместат во институција, Сури вели дека се чиста измислица.

-Ма какво Бардовци. Што барам јас во Бардовци?“ – рекол Сури, за порталот Press 24.

Претходно македонските медиуми ги објавија поплаките на соедите на Сури. Тие тврдеа дека Сури станал агресивен и дека во заложништво ја држел целата зграда. Се жалеа дека ја поплавувал зградата и побараа помош од институциите. Од таму велеа дека не можат да го најдат за да го сместат во соодветна институција.


П.С ова не е човекот што некогаш беше во Студени Нозе ова докажува дека човеков пропаднал... :confused:
 
Moze nekoj da mi gi kaze akordite od pesnata Coca-Cola ? Sakam da napravam repertoar studeni noze i ushte nekolku mk bendovi. Isto taka ako imate idea za repertoarot slobodno dajte predlog :D Blagodaram ^_^
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom