Мој совет ти е да не бараш совети за каде да вложуваш, затоа што ако некој згреши или намерно те наведе во погрешна насока самиот ќе си ги сносиш загубите. Пред да ги вложиш парите, вложи во своето финансиско знаење. За половина година до година самиот ќе можеш да донесеш свесна одлука каде ќе го вложиш капиталот. Доколку не сакаш да трошиш време на анализи на само едуцирање, тогаш дај им ги парите на некој од инвестициските фондови и остави ги нив да менаџираат (ова не го препорачувам на никој што сака да се нарече инвеститор). Најлошо што можеш да направиш е да вложуваш пари врз основа на препораки од разни луѓе без разлика кои луѓе се, зато и јас не ти советувам една или друга акција. Тоа е исто како на рулет некој да ти шепне "слушнав дека следно ќе застане на црно".