Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Така се збори, секој избори зима кредит, не победува и нема пари од каде да го врати или можеби го вратила, знам дека седиштето е под хипотека.

Убаво ти викаат, овие избори од КМБ кредит зема ДПМНЕ, не другите..
 
дивиденда нето и бруто за гранит колку беше за 2016та година ми треба за пријавување во УЈП
 
дивиденда нето и бруто за гранит колку беше за 2016та година ми треба за пријавување во УЈП

Нели беше 20 денари нето (тоа би било 22,22 денари бруто)?
 
па мора да ти има стигнато ливче со исплата и таму ти пишува.

плус, мора да имаш документ за секој прилив, не е само да пишеш...
 
Мора да напишам една позитивна констатација:

Пред 2-3 години се затвораа брокерските друштва, останаа само неколку, поголемиот дел како сектори на банките...

Денес освен по прометот на MSE забележлива е бројноста на луѓето (инвеститорите) кои ги гледам по брокерските друштва.
 
Велат отприлика вака, и според мене има вистина:

- дивидендниот принос е повисок од каматите на ороченото во банки.
- дивидендниот принос е повисок и од кредитот земен од банки.
- барем половина од овие горенаведени фирми имаат здрав фундамент, што остава одредена сигурност дека нема да се струполи цената после поделбата на дивиденда; а дивидендите ќе продолжат и во наредните години.

MSE штедење отприлика, паметна работа.
 
па мора да ти има стигнато ливче со исплата и таму ти пишува.

плус, мора да имаш документ за секој прилив, не е само да пишеш...
mi nema stignato
 
Никој не го искоментира Развојниот план на КБ до 2021 година. Јас стварно разбирам дека можеби сакаат да одат со конзервативен план, па да го надминуваат секоја година, ама пак да го објавиш овој извештај во време кога конкурентите растураат, е разочарувачки.

upload_2017-3-5_14-38-3.png
 
СТБ лани, а ТНБ оваа година имаа фантастичен скок на добивката најмногу по основа на намалување на исправка на вредност на побарувања. Овие ти кажуваат дека кај нив нема шанси за такво нешто
 
Како језиво се движи вредноста на ОКТА
 
ОКТА - 3,5 пати поголема добивка од претходната година.. на оваа цена EV/EBITDA 3.2, цена/книг.вредн. на акција 0,51.. заработка од акција повеќе од 400 ден.. ако дадат исто како лани дивиденда 90% од добивката, на оваа цена тоа е околу 12-13% .. затоа е скоков овие денови.. моја прогноза е дека ке оди до 4500ден/акција годинава без проблем..

ТЕТЕ - интересна акција.. немаат некој core бизнис, работат како некој фонд.. стандардно ок резултати.. и добри дивиденди секоја година.. годинава најавија веќе 122,22ден бруто.. 11,5% од последна цена.. цена/книг.вредн. на акција само 0,25
мала инфомација во врска со акцијава.. со последнава цена тете надмина капитализација од 7 мил евра.. и нашиве пензиски фондови ќе можат да ја купуваат спрема закон.. може тоа да значи дека ќе ја подигнат малку цената ако почнат да купуваат..

ПКБ - една од моите омилени акции.. приходи поголеми за 18% од претходна година, добивка поголема за 43%.. цена/книг.вредн. на акција само 0,41.. страшно добри резултати..
два мали проблеми околу оваа акција.. многу мала скоро никаква ликвидност.. и сеуште не исплаќаат дивиденда.. ако изненадат со дивиденда, очекувам без проблеми скок до 20000ден/акција.. без тоа ќе има спор раст и ќе се чека некој на кој му е итно да продаде..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom