Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Со санкциите за Србите, мислам дека дел од работата во нафтената индустрија би се префрлила преку Макпетрол што значи плус приходи за нив и за акционерите, негативно влијание не гледам, ама политика и се е можно.

Повеќе растот на берзава ме изненади периодов, пријатно :) , се думам дали да прикупам уште нешто да се почестам за нова година или да почекам.
 
Кај се експертите што викаа дека акцијата на КМБ ќе паднела на 4000 денари?

27000 денари рипнаа.

Затоа наровоучение : Памет во глава, не читајте секакви предвидувања :)
 
Има ли некој Витаминка, гледам слаба ликвидност, но ми се допаѓа тоа што го гледам како вредност и иден раст
 
Има ли некој Витаминка, гледам слаба ликвидност, но ми се допаѓа тоа што го гледам како вредност и иден раст

Не продава никој, од време на време 5 или 10 акции на подуда и тоа е се.
 
Вчера, после извештајот на ФЕД, Вол-стрит напукна. Можеби дојдовме до точка на промена на трендот. Ако се случи тоа, можам лесно да замислам дека мечката ќе дојде и кај нас, посебно бидејќи пазарот во моментов е преценет.
 
Јас лично посакувам такво сценарио за да докупам меѓутоа не сум убеден дека ќе има некоја поголема корекција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom