Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Ако го достигна Слобо' од ПКБ и ако зема дивиденда од странската банка шо ја поседуваш (онаа со 92 миљони спремни) да легнуваме пополека.
Да, легна вчера втората рата од странската банка. Ситно,допрва ги чекам дебелите исплати, ама секој месец да има по толку - јас би бил задоволен. ;)
 
Да, легна вчера втората рата од странската банка. Ситно,допрва ги чекам дебелите исплати, ама секој месец да има по толку - јас би бил задоволен. ;)

Алал нека им е доколку тие продале и го договориле блокот во времето од објавувањето на постовите до денес :bravobe:Следен генијален потег: со кешот од ТНБ да ни ги откупат акциите на мене и @TENDO за советот
 
И вечната дилема -Дали е попаметен оној што купува или оној што продава ?
Не постои шаблон за тоа. Се е релативно во зависност од индивидуалната состојба. И тој што купува и тој што продава имаат некаков план, од после може самите да си калкулираат и да си кажат "Одлична одлука" или "Се зезнав"
 
Mandrac, dividendata za 2019,2020 e 1787 den.
Ако се пресмета и сумата задржана во резервниот фонд за зголемување на капиталната адекватност се доаѓа до бројката од Мандрац. Сепак, за наредна година се очекува помрсна дивиденда, задржаната добивка за 2019 беше поради вонредната состојба и евентуалните црни денови во иднина.
 
Хаос на политичката сцена, неизвесност поради корона вирусот и извесна силна инфлација не му можат ништо на МБИ
 
Алал нека им е доколку тие продале и го договориле блокот во времето од објавувањето на постовите до денес :bravobe:Следен генијален потег: со кешот од ТНБ да ни ги откупат акциите на мене и @TENDO за советот

Нека ги поделат како дивиденда, нека има за сите.

Хаос на политичката сцена, неизвесност поради корона вирусот и извесна силна инфлација не му можат ништо на МБИ
Не може му ником ништа на МБИ :D
 
Нека ги поделат како дивиденда, нека има за сите.

Не може му ником ништа на МБИ :D

Доколку Апелација пресуди во наша полза, таман толкава дивиденда и ќе му заврши работа да извади кеш за да ѝ ги врати на фирмата тие цирка 19.000.000 денари што досега си ги исплатил од наградата од 73.000.000, секако под услов да не му се наоѓаат по дома 300.000 евра.

Доколку Апелација со сѐ балдазата пресуди во негова полза, тогаш мора да се отвори Пандорината кутија пошо нема веќе да има никаква смисла едино малите акционери да трпат штета.
 
Јас колку памтам, ПКБ ги има тие илјада акции у ТНБ уште од пред 2009. кога биле накај 5.000 денари. Којзнае кога му се купени и по која цена, ама дефинитивно не се по минималните цени од 1.600-1.700.

Инаку, пред да го направи едниот од најпе.ерските потези у историјата на берзата со исплатата на учеството у добивка, човекот го беше направил едниот од најкоректните потези у историјата на берзата спрема малите акционери кога пред 7-8 години од име на ПКБ откупи од Фершпед брокер неколку проценти сопствени акции по некаква смешна цена од околу 5.000 денари, иако можел комотно да си ги купи и од сопствен џеб. Е тоа му било навистина фантастичен инвестициски потег, веројатно во ранг со првокласната кариера како стопанственик.
Ако добро се сеќавам, он кажа дека тие акции му се уште од основањето на тутунска банка. ,,му било кажано да ги купи и немал некој избор".
 
Хаос на политичката сцена, неизвесност поради корона вирусот и извесна силна инфлација не му можат ништо на МБИ
Токму инфлаторната закана е и ќе биде гориво за индексните акции. Кој би сакал да биде во кеш при услови на силна инфлација?! Неизвесноста окулу короната е мнооогу помала одколку пред една година, а политиката е стално у хаос
 
Јас мислев за влијанието на инфлацијата на економската активност. Не од аспект на тоа како ќе влијае на преференците на луѓето за инвестирање / штедење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom