Македонска народна музика и наши легенди

  • Креатор на темата Креатор на темата SteF
  • Време на започнување Време на започнување

Жировницо, пуста останала,
зар за мене девојка немала.
Жирвницо жити камењата,
Што работат гледарица моја,
што работат гледарица моја.
Дал се гответ или ашикува,
ил за мене беќара тагува,
ил за мене беќара тагува.
Нит се гответ ниту ашикуваат,
веч за тебе беќара тагува,
веч за тебе беќара тагува.
Ој девојко, ти за мене појди
ќа пазарам три рала топани,
Ќа пазарам три рала топани
нека пукнет нашите душмани.



Девојченце, девојченце љубиш ли ме мене?
Јас те љубам, јас те љубам, на сон те сонувам.
Штом сонуваш, штом сонуваш на кого кажуваш?
Јас кажувам, јас кажувам на мојата мајка.
Штом кажуваш, штом кажуваш што ти мајка вели?
Мајка вели, мајка вели заљуби го ќерко.





 
Ајде кој сте народњаци помагајте:
Значи едната песна е од Македонија, а другата од Црна Гора. Сега кој сте поупатени која е преработка?
Делумно слични се... Таа Црногорксата верзија стишете кога ќе слушате, она инструментот е ужаст! :sick::sick::sick:
Ме праша еден од Црна Гора. :)
 

Три години, лудо, болна лежам
нити други армасани.
Ти не дојде, лудо, да ме видиш
сега дојде на умрење.

Сега дојде, лудо, на умрење
кога снага овенала.
Кога снага, лудо, овенала,
бело лице потемнело.

Бело лице, лудо, потемнело
црни очи пропаднале.
Заврти ме, лудо, карши сонце
да го видам сино небо.

Да го видам, лудо, сино небо
сино небо, црна земја.
Там` ќе оди, лудо, моја душа
моја душа, мој`та младост.

Аполон тоа е новокомпонирана песна, те молам прави разлика.
 
Там дека има високи чардаци x2
таму има има има се млади јунаци
оф аман аман аман се млади јунаци
таму има има има се млади јунаци
оф аман аман аман се млади јунаци

Там дека има дрвени пармаци x2
таму има има има скршени бардаци
оф аман аман аман скршени бардаци
таму има има има скршени бардаци
оф аман аман аман скршени бардаци

Там дека има високи балкони x2
таму има има има убави кокони
оф аман аман аман убави кокони
таму има има има убави кокони
оф аман аман аман убави кокони

Пушти ме мамо мори чаршија да идам x2
чаршија да идам мамо либе да си видам
оф аман аман аман либе да си видам
чаршија да идам мамо либе да си видам
оф аман аман аман либе да си видам
 
Една од најубавите македонски народни песни

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom