Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
П

Паган-др

Гостин
Телевизите Канал 5 и Сител пренесуваат за необичната појава во црквата Свети Димитрија која ја забележале верниците, а за да се увери во ова чудо во црквата дошол и поглаварот на МПЦ, Господин Господин Стефан.


crkva.jpg

Имено, како што пренесуваат телевизите, верниците и свештените лица денеска забележале како фреските добиваат црвена боја, го менуваат својот лик и сами се чистат.

Како што пренесува Канал 5, забележано е самочистење на фреските, кои за само неколку минути добивале живи и прозрачни бои, а црвената како мали реки се протегала по крилата и телата на фрескоживописаните ангели.
 
(обновено) Несекојдневна појава или Божје чудо се случува со фрескоживописот во црквата Свети Димитрија во Скопје, кој се чисти сам од себе. За само неколку минути фреските и ореолите на светците и ангелите добиваат боја како да се сега сликани.
getImageThumbnail.axd
Со утринската литургија по повод Цветници чиноначалствувал отец Зоран, кој пред камерата на Канал 5 го опиша чудото.
Само уште во една црква во Русија, вели отец Зоран била евидентирана ваква појава. Во православната вера, вели тој, се случуваат чуда. Бог ни праќа порака дека треба повеќе да се вртиме кон духовното, а не кон материјалното.
За настанот бил информиран и поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија господин господин Стефан. Засега се воздржа од коментар, но не го криеше изненадувањето од појавата.
И екипата на Канал 5 беше сведок на, ако може да се нарече така, појава на самочистење на фреските, кои за само неколку минути добиваа живи и прозрачни бои, а црвената како мали реки се протегаше по крилата и телата на фрескоживописаните ангели. Свештенството од црквата Свети Димитрија ова го толкува како влог од Бога во пресрет на велигденските празнувања.
Велат црквата долго време, цели три години не е посетувана од верниците поради градежните работи и задолжителното плаќање паркинг простор.
Деновиве ќе се контактира со надлежните институции по што ќе се излезе со поконкретна информација за оваа појава и со што би требало да се потврди верувањето на свештенството од храмот дека станува за едно верско чудо.
Мирјана Трпческа

На линкот има и видео интервју со тамошниот монах/отец.. Очигледно е колку е возбуден и.. Си верува и срејќен си е.. Му завидувам. :вонзем:

 
Гледав на вести кој знае што значи ова
 
Велат црквата долго време, цели три години не е посетувана од верниците поради градежните работи и задолжителното плаќање паркинг простор.

во превод “ платете паркинг, вреди да се дојде, чуда се случуваат ’’. КАКО бе КАКО човек да им оди после... :@ :@
 
Недолични коментари ќе бидат бришени. Коментирајте, ако ви се коментира, ама без цинизам и сарказам.
 
Абе ајде ги поскапеа јајцата па сега ке го лажат народот... го форсирааат со сила велигден за да се купуваат поише јајца... башка и бензинот го поскапеа па сега да го лажат народот да иде до таму да троши гориво... абе како не им е срам
 
Добро бе,ако сте толку паметни кажете која е финтата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom