Дејвис куп и Фед куп (натпреварување по држави)

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Првиот меч започна. Деари игра против Кузманов. Моментално во првиот сет е 1-1, вториот меч се игра после првиот, Димитров ќе игра против Јотовски. Задолжително гледајте ги мечевите, имате LINK горе за stream :)
 
Деари води со 5:1 во првиот сет
--- надополнето: 5 мај 2012 во 10:43 ---
Деари води со 5:1 во првиот сет
 
Шендрит Деари - Димитар Кузманов 6-1, вториот сет почнува за неколку минути. Следете го мечот на следниот link.
 
значи Деари ќе победи...Јотовски сигурно губи од Димитров
а од паровите шо се очекува? :D (добри се тие Трендафилов и Енев? )
 
значи Деари ќе победи...Јотовски сигурно губи од Димитров
а од паровите шо се очекува? :D (добри се тие Трендафилов и Енев? )

Не знам, Пецко и Зеленков ќе играат дубл за нас. Да играше Магдинчев со Пецко ќе беше многу подобра ситуација, плус можеби Димитров ќе се нафати да игра дубл, сепак тој е во топ 100 сингл.....

Иначе 6-1 1-1 води Деари, имаше и брејк предност во вториот сет, имаше и гем топка за 2-0 но се врати Бугаринот. Се надевам дека не треба да биде ова проблем за Деари...
--- надополнето: 5 мај 2012 во 11:33 ---
Влезе во ритам Бугаринот, ова ќе биде многу тешко за Деари.

6-1 2-6 моментално, тешко е да се очекува победа на репрезентативецот на Македонија.............
 
го јаде Деари салам...две меч топки ги поеба .. :(
 
Кузманов - Деари 1-6 6-2 7-5

Не е потребен коментар за мечот. Дали е ова можно што го направи Деари? Првиот сет одигра одлично, без грешки, го доби со 6-1.
Вториот сет веднаш направи брејк, имаше шанси за 2-0 не успеа да ги искористи. Бугаринот направи подоцна 2 брејка, водеше со 4-2 и сервираше, Деари имаше 15 40(2 брејк топки), не ги искористи, во следниот гејм следуваше казна, 6-2 за Кузманов во вториот сет. Третиот сет повторно почнува Деари со брејк 1-0, па рибрејк за 1-1 и после тоа 4 гема со ред за Деари и доаѓа до водство од 5-1 во третиот сет. После тоа се тргна лошо, после тие 40 15 на 5-2 и две меч топки, навистина не можам да поверувам како можеше да си дозволи таков луксуз и после 5-1 да загуби 5 гема во низа. На 5-5 кога се врати Бугаринот, сервираше Кузманов и повторно имаше 3 брејк топки во низа нашиот репрезентативец, повторно ги прокоцка на смешен начин, воглавно со тие дроп шотови на Кузманов кои станаа рутина.... нашиот играч можеше да ги очекува секој втор поен, ако не и секој.... Откако ги пропушти брејк топките на 5-5, во следниот гејм кога сервираше за 6-6 не успеа да добие ниту поен на свој сервис. Катастрофална зафршница на првиот меч, не верувам дека би можел нешто Јотовски во вториот меч, пред се верувам дека и тој е разочаран поради првиот меч и мотивацијата ќе е на многу ниско ниво, зголемената трема ќе му прави уште поголеми проблеми.

Димитров - Јотовски 6-0 6-0

Нема потреба за коментар тука.

Бугарија 2 - 0 Македонија

И до година ќе си играме во смешната трета зона, не знам дали ќе се игра дубл, мислам дека не, но тоа сега и не е битно...
 
Во момента се игра дубл. За вашите играт Зеленков и Jотовски коj не знам зашто даже не опита да се бори со Гришо Димитров.
Краj и на дублот- победа за Бугариjа со 6-3 ; 6-3 и конечно 3 на 0.
 
Steta navistina za teniserite sto ne uspeaja da se plasiraat vo vtorata zona..barem dobro pocnaa so pobedi nad Ermenija i Crna Gora...
 
Steta navistina za teniserite sto ne uspeaja da se plasiraat vo vtorata zona..barem dobro pocnaa so pobedi nad Ermenija i Crna Gora...
Цела работа Деари ја заеба. Да победеше тој, веројатно и во дубл ќе победевме и со 2-1 ќе се пласиравме во 2рата Евро афричка зона.Вака курац.
 
Во дубл немавте никакви шансове против Енев. Правеше какво сака со дваjцата ваши.
 
Во дубл немавте никакви шансове против Енев. Правеше какво сака со дваjцата ваши.

Сериозноста во нашиот дубл тим верувам ќе беше многу поголема доколку победеше Деари. Доколку беше 1-1, ќе играше Русевски, а не Јотовски ;)
 
Доколку беше 1-1, ќе играше Русевски, а не Јотовски
Па ако се беше стигнало со дубл да се решава Григор штеше да замести слабиот Трендафилов. А верувај Григор има добри мачови во дубл и со Пиронкова и со партнери. Жал само дека го немаше на овоj турнир втората ракета на Бугариjа Кутровски. Ако он играше против Деари наместо младиот Кузманов далеко побарзо штехме да обезбедиме победата. Како и да е. Наредената година со Дими Кутровски даj боже да се представиме подобро во зона 2 и да не играме со вакви противници како Албаниjа, Грузиjа и така натаму.. Поздрави..
 
Колку да се освежи темата. Утре се играат полуфиналните мечеви од Дејвис Купот.

Аргентина - Чешка (земја)
Шпанија - САД (земја)

Исто така се играат плеј оф мечевите за светската група :

Казакстан - Узбекистан (земја)
Германија - Австралија (земја)
Јапонија - Израел (тврда подлога)
Белгија - Шведска (земја)
Канада - Јужна Африка (тврда подлога)
Бразил - Русија (земја)
Италија - Чиле (земја)
Холандија - Швајцарија (земја)

Скоро сите мечеви ќе бидат на земја, со исклучок на мечевите во Јапонија и Канада.

Од познатите имиња, од утре ќе може да ги гледаме :

  • Ferrer
  • Almagro
  • Isner
  • Querrey
  • Del Potro
  • Monaco
  • Berdych
  • Stepanek
  • Rosol :icon_mrgr:
  • Mayer
  • Tomic
  • Raonic
  • Haase
  • Federer
  • Wawrinka
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom