Потребни ми се прозорци со максимална изолација на звук - ве молам за совет

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Такви проблеми го има 3 и 4 коморни затоа земај 5 или 6 коморни и че немаш гајле инаку поминаа односно ги надминаа вакви проблеми еве јас го имам 6 коморниот веќе три зими и не сум видел нит сум забележал влага се е дихтувано затоа во собава ќе се појави кондензација што е нормално затоа се препорачува одвреме-навреме да се проветрува .


Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
Кондезацијата не зависи од бројот на комори, туку од типот на стаклото. Гледајте да земете т.н К стакло со 1.1 W/m2K загуби.
Пример: пријател имаше проблем со кондензација, и само на едниот прозор го замени стаклото со К-стакло. Останатите продолжија да кондензираат, само тој остана сув.
Кондензацијата настанува кога има контакт ладна со топла површина. Проверено!

Еве на кратко
http://www.pvcprozori.mk/index.php/mk/stolarija-soveti/31-obichen-termopan-ka-ili-4-sezonsko-staklo
 
Мислам дека за кондензација постои лек - топол пвц дистанционер, тоа беше оној метален дел врз кој се ставаат стаклата и се дихтуваат, во проспера има таков ама од пвц не е алуминиумски. Потребно е додатно да се распраша некој ако го интересира. Ставај ти и 3 стакла ако е надвор мраз, внатре во +, ќе имаш вода на стаклата.
Кај мене секаде се појавува роса било да се 2 стакла(едно к, аргон, едно обично), било да се 3(едно 4 сезони-аргон-обично-аргон-к стакло) и сите се со класичен алуминиумски дистанционер. Следните што ќе ги местам ќе ставам обавезно тој пвц дистанционер.

http://www.dualstolarija.com/pocetna/blog/249-chromatech-distancioneri
А најдов и пост каде што еден член објаснил: http://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-349#post-7141632
 
Ајде едно прашање за добри познавачи на темава:
Се думам измеѓу Рехау Генео со Рото или Ауби Сигениа
и
Века Софтлајн со Мако....
На двете комбинации би ставил три стакла 3 стакла со сите мастрафи.
Цената им е тука некаде, малку бега Рехау-то.
 
Ја сега стаив со дупло обично стакло прозори, сега за сега нема никаква кондензација (или треба зима за да видам тоа да чекам?). Изолација на звук е топ (или барем мене така ми личи, во споредба со старите).
 
Ако си имал претходно дрвени од старите нормално е дека е топ. Јас пред да ставам пвц мислев дека комшиите ми се во соба;)
Сега правам наново и сакам да ставам најдобро што има кај нас на пазар.
 
Ако си имал претходно дрвени од старите нормално е дека е топ. Јас пред да ставам пвц мислев дека комшиите ми се во соба;)
Сега правам наново и сакам да ставам најдобро што има кај нас на пазар.
Не бе, и сега пак ми се дрвени новиве.
 
Сега правам наново и сакам да ставам најдобро што има кај нас на пазар.
Ако се мислиш што да ставиш, а да биде најдобро.........., не се мисли, земај Саламандер.
 
Ок е мислев на ептен стари дрвени од пред 40 год:D, такви беа моите
Моите стари дрвени прозорци беа од 63-та, буквално. Така да, точно е тоа дека било какви нови би ми биле подобри од тие, кај кои на некои места имаше еден прст зјаење.
 
Дај образложение?
Прозорите ги имаат одлични карактеристики што се однесува до топлопроводливоста и трајноста. Гаранцијата за PVC столаријата е 100 години, за област на температура од -50 до +80°С без промена на боја.

Башка Саламандер е бренд што се однесува до прозори, но и цената е нешто повисока од другите прозори.
 
Саламандер е бренд ама Века и Рехау се супербренд а и цената им е повисока во однос на другите(саламандер);)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom