Добри места за кампување?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Ти ги прочитав последните 50-60 мислења и едноставно немам зборови.Се пушташ во дискусија онаму каде што според тебе е најпотребно(Сите мислење според мене ти се позитивни).Значи одиш таму кај што е најпотребно во темите поврзани со Македонија нејзината историја,култура и нивното наследство па се до денешниот секојдневен живот.Одвреме навреме делиш некои социјално-економски совети ама за жал никој не те сфаќа сериозно.Него да не драматизирам многу само ќе ти речам БРАВО.Еден совет со твоиве мислења можеш комотно да бидеш министер за култура или туризам со големи успеси.:cuc:[/quot0
-големо БЛАГОДАРАМ
јас кажав во некои постови што сум (како Јоже-бравар)
а во компјутер се укључив пред некој месец и прошлиов викенд без
“Кајгана“ прв пат прошетав по други“ адреси“,,,,,кажав порано
и кој сум каков сум и затоа што сум таков сите деца се без работа а
едното со магистерска диплома од УКИМ „2005 со просек 9,9 “
-Е ова е Македонија- (која не ги сака своите - моите деца)
 
Сакам и ја -.- :D
Се зезам,иначе добро место е околината на велешко езеро или текот на некое планинско поточе кое има риби да можете да фаќате или слично :D
 
Сакам и ја -.- :D
Се зезам,иначе добро место е околината на велешко езеро или текот на некое планинско поточе кое има риби да можете да фаќате или слично :D
-Ова за Велешко езеро,ќе беше мој прв предлог.
-Јас секоја година одам, да не кажам цело лето сум таму.
- Ги имаш сите услови за одличен кампинг за 2-3 дена и за цел одмор.
-Со велосипед е одлична “тура“ по стариот пат преку Пуста Кула.
-Штета што не се направи нешто повеќе, а колку е близу до Скопје.
 
Викаа нешто дека ке ја уредуваат тоа патеката...најубаво според мене ке биде некој да ги купи плажите и да ги направи пример да се плаќа 10 денара од човек за цела ден..и да бидат барем чисти за капење и без трски да бидат и со песок онака убаво средени..
 
- И јас сум за тоа,да се плати ако треба ама да биде чисто
ама ние-вие сте стока.Го знаеш тоа и самиот.
-Лани лето бев дента таму кога некои битанги го запалива
стрништето карши бродот и веднаш избегава (со бела помала кола)
Само да кажам дека во СФРЈ- езерото беше по средено
 
пред две години на први мај бевме со друштво со шатори во Бањани (скопска црна гора) покрај река после манастирот нагоре. Најубав помин..
вечерта си запаливме оган, се беше црна темница околу нас, небото беше со ѕвезди. Знам дека доста заладуваше и се што имавме од облеката облековме. Вечерта доста се начукавме не ни знам како сме си легнале.. знам сабајлето дека сме спиеле со отворен шатор и целите бевме искршени од спиењето (немавме доле душеци на земја).

Би можел таму.
 
Го имаме истото мислење..стока сме ние-вие..не само за езерото ни го уредија големиот парк зад салата 25-ти мај..сега ни фонтана има клупите од земјата се извадени и преместувани..30 корпи наместија некој се скршени некој се превртени а сега луѓено гледам пак се мачат пак го средуваат а да не зборувам за новиот стадион..место на наркомани и пијаници преку ноќ а преку ден место каде шо се трчаат кучиња.
 
пред две години на први мај бевме со друштво со шатори во Бањани (скопска црна гора) покрај река после манастирот нагоре. Најубав помин..
вечерта си запаливме оган, се беше црна темница околу нас, небото беше со ѕвезди. Знам дека доста заладуваше и се што имавме од облеката облековме. Вечерта доста се начукавме не ни знам како сме си легнале.. знам сабајлето дека сме спиеле со отворен шатор и целите бевме искршени од спиењето (немавме доле душеци на земја).

Би можел таму.

Го знам местото еве и мој предлог две реки да отидеш или пак Манастир све Архангел тоа тие нешто 10 км од Бањањи :D Кај с. Кучевиште
 
Го знам местото еве и мој предлог две реки да отидеш или пак Манастир све Архангел тоа тие нешто 10 км од Бањањи :D Кај с. Кучевиште
-сите тие манастири ги имам предложено таму во таа тема
за нив и мислев.
-Св. Илија горни (не на Чардак) погоре супер место.
-Св. Никита
-Св. Архангел
-Св. Богородица
-------------------------------------------------------------------------------
си бил ли на крстот над село Кучково ( има и манастир во близина)
цело Скопје се гледа од Ѓорче до Катланово
-Кадина река ќе ја оставиме за летоска-одлично чисто место
 
не е за со велосипед
едноставно- автокамп
случајно наидов на видеово- па можеби и некој ќе реши да зацепи натаму

Марков Манастир. Идев порано постојано таму за кампување, не ти е ни далеку од Скопје многу, а прерасна природа гледаш. Ако кампуваш таму, за да бидеш сигурен стај се на повисоко место од реката, затоа што знаела таа да прави потоп.
 
Има убави места за кампување на Рајко станицата, првата од Велес за Скопје. Пред некој ден бевме да се прошетаме, и останав без зборови. Ем е блиску, плус и со ефтино ќе си поминете.
Богомила е исто убаво, ама летно време. Сега ако отидете со шатори ќе измрзнете. Качете се со воз кај и да застанете во некое село по пат има убави места. Oсобено на релација Скопје - Битола.
 
Имаме преубава земја и природа така да каде и одиш нема да зажалиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom