Депресија, меланхолија... Тажен сум - ми се плаче!

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Од декември, минатата година до мај оваа година, шо ќе рече добри шест месеци сум било максимално депресивно. Со плачки, прекинати контакти со сите во околина, со читање до бесвес (ескејпизам класичен) со самозапуштање, од пижами неискачање, ууууу грозотии и стравотиии...
И шо се случи во мај?
Се случи Кајганааааа....
Ете, можете да го искористите ова као сксес стори. За мене 25% :wink:
 
Јас сум веќе два месеци во добра депресија ама нема да навлегувам многу
:cry: :cry: :cry: :cry: :cry: :cry: :cry: :cry: :cry:
За среќа тука е кајгана и малку ми ги одвлекува мислите :)
 
Јас сум веќе два месеци во добра депресија ама нема да навлегувам многу
Плачење или тажно Плачење или тажно Плачење или тажно Плачење или тажно Плачење или тажно Плачење или тажно Плачење или тажно Плачење или тажно Плачење или тажно
За среќа тука е кајгана и малку ми ги одвлекува мислите Насмевка
Од декември, минатата година до мај оваа година, шо ќе рече добри шест месеци сум било максимално депресивно. Со плачки, прекинати контакти со сите во околина, со читање до бесвес (ескејпизам класичен) со самозапуштање, од пижами неискачање, ууууу грозотии и стравотиии...
И шо се случи во мај?
Се случи Кајганааааа....
Ете, можете да го искористите ова као сксес стори. За мене 25% Намигнување
Zenski,da ve nosam na Kamnik,ama vie da si kupite municija:)))
 
dee dee напиша:
Џабе ми е и муниција и се
Aj sea i ti...Марфиеви закони-ништо не е толку лошо да не може да биде и полошо :)
После секој даун следи ап.во најдлабоката темница има нешто светло...
Јин-јанг...тоа е живот,наше е да го живееме :)
А за тоа,ке се предомислиш ако пробаш :)
 
Mad Maxx напиша:

Ај кога ќе дојде тој ап тоа светлото ќе ти кажам море ЖУРКА ќе правам
 
Сеа да не се бутам и ја кај шо не ми е место,ама мислам дека само од тебе зависи тоа...или ке продолжиш или ке остаиш да те завлече што и да те масира.
 
Да знам дека е и до мене ама и до друго нешто е ама другпат
 
Ди Ди, послушај го Макс, паметно ти збори за ова на камник, додуша не знам колку чини муницијата ама јас лани додека беф у војска многу му се радував на стрелањето, додуша малку се изнервираф кога рафално на 200 метри потрошив пола рамка за 1 мета ама на ноќно гаѓање си поминаф фантастично (бидејки беше јуни пукав на околу 21 часот на самрак), патем на поручникот кој ме критикуваше за многу нешта му ја затнаф муцката кога од прва ги бутнаф и двете мети :)
Ете потсетувањето на интересен момент од минатото ме расположи малку. Пробај и ти да сесетиш на некои времиња убаи ;)
 
Иии, да му се сневиди. Кој филинг е да дознаеш дека си му го "разлепшал" секојдневието на некого како идеен творец на КАЈГАНА-ва! :)

Ацева, ја појма сум немал чоече дека ти можеш да бидеш депресивна особа. Па уште толку долг период?

dee dee, тоа "светлото" ќе ти дојде на наредната форумџиска собиранка. Се шушка нешто за овој викенд! :)
 
Фала ви на сите што сакате да ме расположите малку, ќе се трудам колку можам, ама многу тешко ми иде
 
dee dee напиша:
Фала ви на сите што сакате да ме расположите малку, ќе се трудам колку можам, ама многу тешко ми иде

И мене. Најискрено да ти кажам - помисли само на ова : колкумина немаат тоа што јас имам? Ќе видиш дека ќе ти биде подобро.

Е сега ако веќе го сакаш невозможното тогаш нема да иде :roll: во тој случај, како што ти рече Мистичен, чекај ја наредната форум-пијанка т.е. форум-дружба и ќе видиш дека овие сјајни луѓе ќе ти го “разљепшаат“ секојдневието :wink:
 
Најверојатно на секого му треба малку простор од се она што се дешава околу него, Можеби телото/свеста/духот си го зима тоа време/просто кога му е потребно за „медитација“ и повторно си се враќа во секојдневневнта /интезитет на живеење и функционирање. Верувам дека и самиот треба да направиш нешто да не забегаш во тешка депресија.

Ама еве го никако да си се врати мојот дух назад ММЕ.
 
Кога сум депресивен обично сум креативен..само избегавам да цртам кога сум во депресија поради што кога ќе го видам делото сабајлето повторно паѓам во депресија

И никогаш не се трудам да ја надминам депресијата со сила.. него и се препуштам и дури ја засилувам со некоја песна, многу ми е убаво иако чудно звучи. Се осеќам жив..
И најчесто земам нешто да читам.. еве сега тоа ќе го направам

п.с. и многу поздраво резонирам
 
gerard напиша:
Кога сум депресивен обично сум креативен..

Кога сум јас во депресија, креативна сум само во изборот на алкохол :?

Како и да е, ако се најдам во таква состојба, вообичаено спијам повеќе ... нема подобар лек за душата од сонот :) И, нормално, се трудам објективно да размислам дали сум депресија заради ПМС или од повалидни причини :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom