Шкртање по ѕидови, уништување фасади...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не подржувам шкртање на фасади од згради ниту пак на приватни куќи. Гласај за Бранко или Грујо, заокружи 5 или 10, навивај за Вардар, не е графитна уметност, тоа се шкртаници. Пред да го избоите шаблонот со спреј запрашјте се како ќе ви биде некој на ваша куќа или зграда да го стори тоа.
 
Ова натписите што се иштракани за не повеќе од 10тина секунди за мене не се воопшто уметност туку вандализам! Зошто ? Затоа што не вложуваат никаков труд во истото ниту пак има некаква креативност во таквите пораки со кои се ишарани градовите а ми се чини највеќе Скопје. Ете тргни од железничка се изнапотпишале Гробари, Црвена Ѕвезда подоле малце Кумани се потпишале на секој втор ѕид дури и во центарот на градот.. исто еден куп политички пораки како Љупчо Ѓоргиевски ќе го направел Скопје како Благоевград и останати глупи “графити“ кои само грдат наместо да поучат нешто и да има уметност.

Е ова е веќе уметност убаво за око, во кое е вложено труд пред се..
WSXE3.jpg


И да секако графитите па и пораките ако веќе се прават треба на јавни површини што не се во сопственост на приватни лица секако постојат исклучоци на пример доколку добиете дозвола од сопственикот на местото каде што сакате да цртате. Бар во Скопје имате еден куп јавни површини одлични за графити низ скоро целиот град така да ..

А еве и линк со добри графити ..
http://www.facebook.com/Allcity
 
Абе глупи сте или треба да ви се нацрта ? :cool:
Информирајте се за графити културата и после дадете добро образложение.
АЦИД јас би те советувал, газдата на објектот да си ги тужи Комити за оштетување на фасада и ти гарантирам дека ќе го добие спорот. Можеш и да се обратиш во просториите на навивачите и да бараш оштета, али тука не ти гарантирам ништо пошо Џигерот има да те направи џигер.

Од кај тоа ќе ги тужи Комити и ќе го добие спорот, жити мајка? :facepalm:
 
ДОбро бе нормални се овие по фасади да пишуваат?
 
Да се разбереме, ова не е мој објект и немам намера да тужам никого. Да не ја тераме дискусијата во таа насока.
Најверојатно мислеше на сопственикот на објектот.
 
За чкртаници никој не можит со кумановчани, кумани, КУЦЗ, и делии куманово има натписи низ цела Македонија, посебно Охрид...:facepalm:
 
За чкртаници никој не можит со кумановчани, кумани, КУЦЗ, и делии куманово има натписи низ цела Македонија, посебно Охрид...:facepalm:
Што е КУЦЗ? Сум го видел на еден куп сообраќајни знаци на патот накај Охрид... Дело на кумановчани?

Али замисли човече, колку треба да си ретардиран да возиш на автопат, да излезеш од кола и со спреј на сообраќаен знак да напишеш КУЦЗ. :facepalm:
 
Кумановциве се тешки србомани :) Цела Македонија за Вардар тие за Црвена Звезда. Шала на страна, секој нека си навива за кого сака но да не преовладува фанатизмот и нецивилизираноста. Тоа дека графитите се уметност е сепак индивидуална работа зошто не сите мислат така. И еве да се направи разумен компромис меѓу двете страни, нека цртаат графити на јавни површини наместо на приватни имоти но само ако графитот е некој убав за око т.е со добра порака и нормално да не шири етничка/верска/сексуална или било каква омраза. Така сите ќе бидат задоволни (освен оние третите на кои никако не можеш да им угодиш).
 
Од кај тоа ќе ги тужи Комити и ќе го добие спорот, жити мајка? :facepalm:
Не реков дека ќе ги, туку дека слободно може..
Некој да ти ја ишкрта куќата и да го тужиш, нема да го добиеш спорот ?
Или тука стапува на сцена партијата ?
Дедо владика ?
Жими се. :свиркам:
 
Не реков дека ќе ги, туку дека слободно може..
Некој да ти ја ишкрта куќата и да го тужиш, нема да го добиеш спорот ?
Или тука стапува на сцена партијата ?
Дедо владика ?
Жими се. :свиркам:

Кого ќе тужи? Комити? Вардар? Пошто они се напишани? Ако го пишам Обама кај тебе на врата, на Обама ќе му пратиш тужба?
Ако не го фатиш ти на дело тој шо ги црта стенсиливе, како ќе го тужиш? На кој основ?

Каква партија, каков владика, жити се?
 
Што е КУЦЗ? Сум го видел на еден куп сообраќајни знаци на патот накај Охрид... Дело на кумановчани?

Али замисли човече, колку треба да си ретардиран да возиш на автопат, да излезеш од кола и со спреј на сообраќаен знак да напишеш КУЦЗ. :facepalm:

Ретардиран е благ збор..РЕТАРДИРАН СЕЉАК е граматички поправилен термин.
 
Кого ќе тужи? Комити? Вардар? Пошто они се напишани? Ако го пишам Обама кај тебе на врата, на Обама ќе му пратиш тужба?
Ако не го фатиш ти на дело тој шо ги црта стенсиливе, како ќе го тужиш? На кој основ?

Каква партија, каков владика, жити се?
Споредбава не ти е на место, за другото си во право..
Втор болд - иронија.
 
Тоа треба дератизација не мобилизација ова :icon_lol:...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom