Борис Трајковски (25.06.1956 - 26.02 2004)

Просто ме погоди у срце емисијата за него што беше вчера . . Човекот ми е инспирација
 
Мислам дека е рано за да се каже било што за него, треба да помине уште време.
Сметам дека, иако физички беше многу голем, во душата беше многу плашлив човек. Беше на вистинско место во исклучително важен период за Македонија од осамостојувањето, а многу плашливи одлуки донесе. Бил исклучително добар и срдечен човек, но мислам дека такви луѓе не се за политика, не се за да донесуваат клучни одлуки. За политика треба малку и суровост, не можеш да пазиш да им погодиш на сите, мора да знаеш кога да пресечеш. Одлуката мора да биде навремена и правилна. Кога ставаш твој потпис на нешто, за кое лично гарантираш, тогаш мора да веруваш во тоа.
За потпишувањето на рамковниот договор нема да го обвинам, што се мора - се мора. Она што мене ми смета се воените акции, кои требаше да ги спроведе војската, тие мораа да бидат донесени поодлучно и да се одговори со полна сила.
За дистанцирањето од политиката на Љубчо Георгиевски сметам дека му беше исклучително добар потег, бидејќи ќе беше однесен во сосема друга насока.
Да, сите го оставија на цедило, но тој беше возрасен човек и мислам дека добро се носеше со тоа.
Ја изгледав емисијата на Лупевска и можам само да кажам ужасна смрт, ужасна болка и за семејствата на сите кои беа убиени во Босна заедно со него. Некои работи никогаш нема да се разјаснат и засекогаш ќе си останат непознати.
 
Па беше наивен имаше слабо обезбедување и немање на координација сакаше се наеднаш и не примаше критики а тоа се одрази лошо лоша координација со позиција и опозиција.

Сепак на функцијата дојде чудно а така и отиде.

Сакам само реално да ги кажам моите ставови.

ОД 1 ДО 10 3 ПЛУС!

СЕКАКО беше добар човек тоа е битно.

Сосема се сложувам. Прекрасен човек али катастрофа прецедател.

Неодлучен, исплашен, лесно манипулиран од гадовите како Љубчо, и без навреда се сомневам дека коефициентот на интелигенција му беше.............како да кажам...................дефинитивно не натпросечен.

Обичен добар човек ставен на функција која го плаши.

Никаков учинок за Македонија, никаов печат не остави на историјата.

Добра душа која не се снајде во крволочните политички игри.
Како човек 10-ка
Како прецедател -2
 
Како и да е, го убија американците. Не им беше по кејф. Бидејќи тој играше тактичка политика против Албанците и одеше контра и во корист за МАКЕДОНИЈА, а не како сега што се политичарите-само обични слуги на големите.
 
Неговите идеали за мир и соживот ќе не ебат во иднина.. веруваше во соживот,а не прашуваше обичен човек дали и он верува. Нерешителен во време на конфликтот,премек како да му беше жал да удри по терористите.. Некои тоа му го величат како доблест,ама за мене е голема грешка..сега ние ќе а живееме суровата реалност наречена етнички соживот .. Имаше можност да и направи добро на Македонија,ама изгледа лошо и направи..последниве инциденти само ми го потврдваат тоа.

п.с. Како човек мислам дека беше многу добар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom