Борис Трајковски (25.06.1956 - 26.02 2004)

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прво да расчистиме, да не излезе после не сум кажала, темава не е за смртта на Трајковски и за презентирање докази, туку чисто за улогата на Борис Трајковски како претседател на Република Македонија и неговата улога на политичката сцена.

Денес се навршуваат 8 години од неговата трагична смрт. Тој е вториот македонски претседател, по Киро Глигоров. Беше претседател за време на едно многу турбулентно време, за време на кризната и конфликтна 2001 година.

Борис Трајковски е роден на 25ти јуни 1956 година, дипломирал на Правниот факултет во Скопје. 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие “Слобода“, 0д 1997-1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода, а од 21 декември 1998 е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во владата на Љубчо Георгиевски.

За претседател на Република Македонија е избран на претседателските избори во 1999 година, каде противкандидат во вториот круг му беше Тито Петковски.

Животот трагично го загуби на 26.02.2004 година при падот на Кингерот во Босна и Херцеговина.

Борис Трајковски беше почитуван од меѓународната заедница и беше сметан за одличен дипломат.

Според многумина одигра значајна улога при смирувањето на етничкиот конфликт во 2001 година, а е и еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор потпишан на 13 август 2001 година во Скопје.

Според вас, какво беше претседателствувањето на Борис Трајковски?
И од оваа гледна точка, 11 години подоцна, каква беше неговата улога при смирувањето на тензиите кои настанаа тогаш?

Се поставува прашањето: Каков политичар беше Борис Трајковски и каква е неговата улога во историјата на независна Македонија?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Човекот покажа дека без разлика на ограничувањето на функцијата претседател од аспекти на она што Уставот му дозволува, тој се покажа како добар претседател. Единствениот вистински политичар кој не беше опеседнат со мерење на рејтингот, често беше критикуван за одлуките кои знаеше да ги донесе, сега истите тие квази експерти кои го критикуваа, денеска го посочуваат за пример на лидер и политичар. Ја донесе една од најтешките одлуки кои лидер на држава може да ја донесе во тие немирни и турбулентни времиња (Рамковниот договор) некои го обвинуваа за тоа, некои му се восхитуваа, за едните беше херој а за другите предавник во носење на таа одлука. Семеен човек, си ја сакаше државата но и голем љубител на спортот. Ми текнува кога еднаш го видов на кошарка како се држеше за срце и ја пееше химната на цел глас, се изненадив кога го видов тоа, ми остави некој впечаток, првпат видов политичар да пее химна со таков жар и емоција. Човекот кој за мене на некој чуден начин се појави во политиката со онаа изјава за авиончињата (се надевам некој ќе ме потсети на неа ) и стекна голем углед и авторитет не само во регионот но и во Европа. Се изненадив и кога во една изјава кажа дека е еден од ретките луѓе кои го имаат приватниот број од мобилниот на Буш и дека во секое време си разговара со него. За жал многу повеќе дознав за него по неговата смрт колку влијателен и почитуван човек бил.

Нека почива во мир !!!
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Па беше наивен имаше слабо обезбедување и немање на координација сакаше се наеднаш и не примаше критики а тоа се одрази лошо лоша координација со позиција и опозиција.

Сепак на функцијата дојде чудно а така и отиде.

Сакам само реално да ги кажам моите ставови.

ОД 1 ДО 10 3 ПЛУС!

СЕКАКО беше добар човек тоа е битно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Моите ставови за Борис еволуираа во крајности.

Првиот став го имав до периодот 2005-6 година. Го сметав Борис за премногу мек и нерешителен. Сходно на тоа и лош претседател.

Прво, ми сметаше начинот на кој се појави на македонската политичка сцена. Со една единствена изјава како одговор на шведска новинарка на која и рече дека Шведска е богата земја и доколку толку им е жал да пратат авион и да си ги земат бегалците кај нив. Секогаш ми сметало тоа што во Македонија херој се станува со една изјава.

Второ, стана претседател на фалсификувани избори. Стратешка грешка на ВМРО-ДПМНЕ беше што неискусниот Борис Трајковски го стави во трка со многу поискусниот и попопуларен Тито Петковски. Но, тие избори дојдоа само една година после парламентарните и мораа да се добијат по секоја цена. Тој хир на Љубчо и Доста беше платен прескапо.

Трето, отсекогаш ми сметала блискоста кон Доста Димовска и нејзиното крило. Борис дури и ја амнестираше и таа основа партија што би го предложила за втор мандат доколку Груевски одбие, што беше многу веројатно.

Вториот став, воглавно позитивен го имам најмногу благодарение на неговите одлуки за време на војната. Иако, во тој период не се согласував со нив. Борис беше силно против целосен вооружен конфликт и за мирно решение. Ја презеде целата одговорност за Охридскиот рамковен договор врз свој грб и стана омразен во тој период помеѓу Македонците, иако не мораше. Денес имајќи ги во предвид позициите на Љубчо и неговата идеја за размена на територии и неспособноста на македонските институции можам со сигурност да кажам дека после евентуална војна Македонија немаше да го преживее поствоениот период. Затоа мојот став, денес, е дека Претседателот Трајковски ја спаси Македонија од распад.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
борис беше пред се голем македонец - се бореше за македонците и за нивен подобар живот. беше добар човек кој знаеше што сака и што бара пред се. за жал не успеа во неговиот сон да ја види македонија во едно подобро светло.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.787
Поени од реакции
11.350
Тапа момент е што секогаш добрите го јадат на сметка на лошите, Борче беше таков пример, лесна му земја.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Човек кој во погрешно време беше на вистинското место. Дојде како фигура извлечена од шапка, марионета со кој требаше да си игра тогашната владеачка гарнитура. Но нешто идејата не им излезе како што посакуваа. Човекот набрзо сфати дека е претседател на сите граѓани, што рака на срце никој претседател и премиер досега го нема сфатено тоа. Ќе го помнам како човек без партија, со широка насмевка и човек од народот. Функцијата воопшто не го удри во глава, беше разумен, емотивен, но и наивен.
Човекот сакаше мир, одлуките во војната 2001 беа премногу меки, без цврст став, добивав впечаток за еден напад дека му требаа три дена да размисли. Поради таквите нерешителни акции се доведе до степен да не притиснат во тесно и да ја потпише иднината на Македонија. Иднина во која еден вечно е незадоволен и постојано бара права и правдини. Можеби идејата беше за трајно решение, но ми се чини дека само се отвори кутијата на желби. Така Македонија после 11 години стана желботека. Да беше жив можеби ќе кажеше кој се го притискаше од надвор и од дома, кој во негово име направи политичка кариера, кој ги кочеше одлуките во војната, итн. Но ете загина и со себе си го однесе товарот.
Од оваа перспектива верувам да беше некој друг на таа функција, ем ќе имавме рамковен, ем ќе изедевме една „воспитна“ од НАТО. Али барем ќе немаше живи споменици од војната во собрание и влада.
Нека почива во мир.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Многу грешки на Љупчо Георгиевски подобро ќе беше некој друг да беше претседател во 2001 кризата ќе имаше друг карактер.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
Беше човек кој стана попопуларен после неговата смрт во својата земја. Поголем државник од неговите наследници по функција заедно.

Сите ние споделуваме една иста судбина наречена Македонија.


 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Беше исклучително паметен човек кој се залагаше за мир и соживот со сите граѓани на државата, разбирлив и смирен човек. Штета што како што кажа Леандра се најде на вистинското место но во погрешно време. Во периодот на војната никогаш не сакаше да избрзува и да донесува избрзани и катастрофални одлуки како врховен командант, иако тоа од него го бараа сите генерали... Знаеше дека тој лично, а и Македонија неможат да си дозволат катастрофални воени одлуки кои пред светот ќе изгледаа како да се врши масовно уништување на Албанците, свесен беше дека Западот имаше длабоко замешано прсти во целата војна, и можеа да и се одмаздат на Македонија на истиот начин како што и се одмаздија на Србија во 1999 година доколку не ги почитуваше нивните препораки, па и да речеме дека биле наредби.

Било што било поминало, човекот си ја заврши работата како што знаеше и мислеше дека е најдобро, штета што загина со многу недовршени идеи и планови. Нека почива во мир!
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Istite tie sto ja pocnaa vojnata pomegu hrvatska srbija i bosna, se istite tie koi ja kontroliraa i upravuvaa celata vojna, destabilizacija i politika vo makedonija.
Istite tie koi go ubija dzindzic, arkan i boris trajkovski, se istite tie koi go napravija i kosovo.
Istite tie gi ubivaat onie koi ne igraat po svirkata nivna.
Taka bese i so boris trajkovski.Prosto boris trajkovski ne bese taka lesno da se manipulira so nego, i zatoa resija da go trgnat od postata.Posle toa na cuden nacin tiho-molkom ljubco georgievski zamina da zivee vo bugarija.No dodeka site mislat deka toj toa go napravi poradi bugarofilski sonishta, sepak ne e taka.Dobi predupreduvanje ljubco da se trgne od politikata za narednite godini dodeka ne dojdat drugite na vlast, i da zimat pari i da ja vrsat raboata koja ja kazuvaa istite koi go ubija dzindzic boris i dr.
Taka da ... ili gi slusas tie sto ti kazvuaat, vo sprotivno kje ti se sluci istoto i sto i na kenedi i drugi predsedateli kako na venecuela, panama i dr.
Navistina e zalno ... sekoj politicar sto e stabilen, moralen i si ja saka drzavata i pri toa ne igrae po tugata svirka, sekogas bivat ubivani ili vo slucajot kako ljubco proteruvani oti ne mozese i nego da go ubijat ... morase eden da umre.Boris ili ljubco, dodeka toj sto kje ostanese ziv na sekoj mozen nacin morase da bide zamolcan od politickata scena.
Zalno ... no ... boris navistina bese golem makedonec i covek koj stvarno si ja sakase tatkovinata !!
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Точно тоа е вистината не е лесно да си претседател на мала држава секогаш ќе имаш непријатели.

Значи жал ми е за борче што се најде на таква функција требаше да има помала функција и ингеренции и денеска ќе беше жив и позитивен како што беше.

Ама ете сите добри личности ги снемува и човек сега ќе се запраша кој ташак живееме во држава ако не си безбеден и играш како ќе ти свират.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Пред се беше ЧОВЕК а дури потоа политичар
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
- malku nadprosecen politicar , co grupa na ,,nasi,, politicari koi ne uspeaa da pobedat vo edna vojna vo koja koja vooruzenite sili pobedija, ama politicarite ja izgubija, potpisnik na eden dogovor koj e negativen za makedoncite, nisto posebno, fin covek , samo ete ni trebaat heroji pa aj od nego da napravime heroj
neka mu e lesna zemjata
 

Kajgana Shop

На врв Bottom