KEITH MURRAY доаѓа во Скопје - 01.04.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.623
Со нескриено воодушевување Password Production и Sure Shotz Еntertainment најавуваат:
на 1. април во Скопје доаѓа култниот њујоршки рапер Keith Murray. Заедно со Redman (неофицијално 11-тиот член на Wu-Tang Clan) и Erick Sermon (EPMD) дел е од легендарната рап супергрупа Def Squad. Keith Murray настапува во Скопје во рамките на неговата блиц европска турнеjа.

Keith-Murray-04.jpg


38-годишниот Кит Мари својата кариера ја започнува во родниот Long Island, New York, како MC Do Damage, за да во 1993. година биде повикан како гостин на соло албумот No Pressure на Erick Sermon. Од тој момент започнува неговата импозантна кариера на еден од најкреативните рапери на сите времиња. Во исто време потпишува за мејџор етикетата Jive Records (куќа за која издаваат, помеѓу останатите и Justin Timberlake и Britney Spears). Деби албумот од 1994. година The Most Beautifullest Thing in This World му го носи планетарниот успех со над пола милион продадени примероци. Угледниот магазин The Source тогаш на албумот му дава неверојатни 4 mics. Неговиот нареден албум Enigma (1996, Jive Records) не предизвикува таков комерцијален успех како дебито. Меѓутоа, неговата матичната дружина Def Squad наскоро ја преработува познатата “Rapper’s Delight” од Sugarhill Gang, која преработка ќе биде вовед во албумот El Niño. Наредниот албум It’s a Beautiful Thing, реализиран за времето додека тој беше во затвор поради тепачка во кафе-бар во New Britain, CT. Неговиот камбек на сцената е во 2011. година со незаборавните стихови во “Fatty Girl”, сместена на компилацијата The Good Life, песни снимени за Fubu.
За време на својот престој во затвор го подготвуваше албумот He’s Keith Murray (реализиран во 2003. година, овојпат за Def Jam). Албумот ги донесува мегахитовите “Candy Bar” featuring Patti Austin, како и синглот “Yeah, Yeah U Know It”. Истата година ја реализира и видео играта Def Jam Vendetta.
Неговиот петти албум Rap-Murr-Phobia, како и синглот “Nobody Do It Better” featuring Tyrese & Junior светлото на денот го виде на 31. јули 2007. година и веднаш се најде на топ листата U.S. Billboard 200 со продадени 13.000 копии веќе првата недела. Во исто време, Кит гостува со вокали на “Elektrobank” на The Chemical Brothers од нивниот албум “Dig You Own Hole”.
Во 2008 година беше реализиран Intellectual Violence албумот кој докажа дека е еден од најголемите вербални таленти и уметници на раскажувањето на денешната рап сцена.
Оваа година сме во исчекување на неговиот најнов албум The Beauty of it All, заедно со дружината Redman, Erick Sermon, Mary J. Blidge и многу други. Продукцијата ќе биде во рацете на Erick Sermon, Dj Premier, Kay Gee и Rock Wilder.

Седумте албумски изданија го претставија Keith Murray како еден од најинтелигентните lyrics мајстори на сцената. Едно е сигурно, концерт за непропуштање.

Местото на настанот, како и цената на влезниците очекувајте ги наскоро.

Извор
 
Ама досетлива работа да си е*ат векот со оваа контраверзна реченица :„Заедно со Redman (неофицијално 11-тиот член на Wu-Tang Clan) и Erick Sermon (EPMD) дел е од легендарната рап супергрупа Def Squad. Keith Murray настапува во Скопје во рамките на неговата блиц европска турнеjа.“

Запалија пола нација дека цел Деф Скуад ќе дојде :cautious:
 
Шо запалиле пола нација кога со толкави букви пишува KEITH MURRAY, не пишува DEF SQUAD...
 
Ама досетлива работа да си е*ат векот со оваа контраверзна реченица :„Заедно со Redman (неофицијално 11-тиот член на Wu-Tang Clan) и Erick Sermon (EPMD) дел е од легендарната рап супергрупа Def Squad. Keith Murray настапува во Скопје во рамките на неговата блиц европска турнеjа.“

Запалија пола нација дека цел Деф Скуад ќе дојде :cautious:
да да сакаат да го заебат народов, знаат дека Kaith и не е толку слушан во Мк па ајде ќе го додадеме името на Redman, Evidence беше во Романија и Грција не им текна тој да го донесат туку носат некој што живи на стара слава -.-
 
Шо запалиле пола нација кога со толкави букви пишува KEITH MURRAY, не пишува DEF SQUAD...
Што уопште бара името на Редмен тогаш ? Уствари чист доказ декка си испланираа форица мала им е што у насловот пишале : НЕ Е ШЕГА !! :pos:

Стварно немаше никогаш да поверувам дека Keith Murray ќе дојде токму во Скопје. :pos:
 
Кајгана ве води на концертот на Keith Murray

На 1. април во 21 часот во клубот Хавана ќе настапи култниот њујоршки рапер Keith Murray. Заедно со Redman (неофицијално 11-тиот член на Wu-Tang Clan) и Erick Sermon (EPMD) познат е како член на легендарната рап супергрупа Def Squad. Keith Murray настапува во Скопје во рамките на неговата блиц европска турнеја.

Посетете ја нашата фан страница на Facebook , на нашиот тајмлајн израпувајте нешто креативно кое ќе го содржи зборот Кајгана и имате шанси да освите две гратис влезници за концертот. На 29-ти ќе го одбереме победникот кој ќе биде најкреативен.
 
Да ја размрдаме темава.

Еве нешто по фенси, по весело.

Нешто многу инспиративно и воедно тажно.

И за крај... дефинитивно најдоброто...

Поздрав раперана, се гледаме во Хавана :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom