Како требало да изгледа Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Не знам дали материјалов бил постиран порано, но ова се многу интерсни фотографии од тимот на јапонскиот архитект Кензо Танге за тоа како требало да изгледа Скопје:

http://tststsss.tumblr.com/post/8342830969/kenzo-tange-reconstruction-plan-for-skopje

tumblr_l9f5z7kPu91qddyq5o3_500.jpg

SK64.jpg

kenzotangeskopje1zj7.jpg

DSC00191.jpg

52255457na6.jpg

2495087845_191b971d27.jpg
 
Да имаше кај нас јапонец одма ќе го гласав за премиер.
 
Не се лажете со овие бетонски зданија.....знаете ли како изгледа бетонско здание по 20+ години??....сетете се на студентскиот дом Гоце.

Добра работа кај Кензо,е тоа што Скопје го проектирал како милионски град.....и доволно би било само да го реализирал урбанистичкото решение,ама паметните ни за ова не го послушале Кензо....а додека за зградите,подобро и што не се изградиле.
 
Ова е Скопјето во кое владеела таа градска магија, еуфоријата на маалата...Сега имаме магија на барокот, а слушнав и дека АРМ ке ги вооружуваат со копја и штитови!Фали уште Коце Коцката да иде на работа со запрежна кола!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
За планот само WOW, многу добро осмислен, туристи како река ќе го поплавеле Скопје за да го видат градот на иднината.
 
-Скопје си беше убаво и пред земјотресот
-со една “нама“
-со плажите на Вардар
-со народ,кој знаеше да каже-Добро утро комшија,
-со змаеви по небото,кој сега ги нема
-со незаменливиот малски живот и сокаци од калдрма
-со зелените пумпи (јавни чешми) на секој малски агол
-со “точна вага“ пред храмот“ Св. Димитрија“
-со плакати врлени од двокрилците а децата растрчани
-со парадите за “Да живее 1 мај“
-со голо Водно,ама со ашовите на рамо без одрекување
-со игрите“камај, плочка, фото, челик, и др,“
-со ниските дрвени порти по Маџир,Пајко,Ново и Чаир мало.
-со парче леб и шеќер(децата на пумпите му напрскуваа и вода)
-со деца што не знаева што е “Фејзбук и Национализам“.
-со мама и тато кој наутро одеа на работа.
-со чичкито на точак кој разнесуваше млеко и матеница.
-со кино “џабе“-на плоштадот бесплатно за сите
-со галабите на плоштадот,ама и во Еврејско и Дебар мало.
-со поповите кој тогаш одеа пешки,
-со големиот “срп и чекан“- под калето видлив и од плоштадот
-со насмеано лице на намерници и случајници и мештани .
-Зар стварно дедо било вака Скопје поубаво.

-
 
Серија изнапишани глупости.

21 век сме.
 
Серија изнапишани глупости.

21 век сме.
точно... 21век... време на чоколадни генерации ...

Кога кензо сетил дека го зафркаваат, си заминал сам никој не го избркал...
 
-тоа е твое мислење, имаш право на тоа
-а во 22 век за истото некој други ќе коментираат
-Скопје имаше свој “кензо танге“- пред земјотресот
ќе напишам повеќе за тој човек попосле.
 
.....точно дека бетонските згради од денешен аспект се грди и неефикасни....НО...за подрачје како Скопје осетливо и подложно на земјотреси се ИДЕАЛНИ....со денешните градежни матријали многу е лесно овие бетонски грдосии дасе обложат со фасади и да станат прифатливи за око и енергетски ефикасни

...од друга страна доколку детално се следеше планот на Кензо....и покрај милионското население во Скопје....ќе беше избегнат сообраќајниот хаос

....денеска секој гради каде што сака...урбанистичкиот план секојдневно се менува по потреба за градоначалниците и нивните бизнис другарчиња....сообраќајот е хаос...има еден куп улици кои нема шанса да се прошират бидејќи некој градски планер дал дозвола токму до самата уличка да никне зграда или деловен центар

....да бевме доследни до планот на Кензо...во 70 можеби Скопје ќе беше бетонска коцка...но денес ќе беше метропола, а не село

...и за крај...грдосијата од железничка станица (денес)...е предвидена за милионски проток на патници кои би поминувале низ градот на ИДНИНАТА....а денес за жал со коњите кои пасат по тревниците и коњите пред (и во) институциите СКОПЈЕ е град на МИНАТОТО :notworthy:
 
-ај кој беше нашиот “кензо танге“ родум од источна Македонија
во многу свој идеи-иновации до рамо со Никола Тесла
ама оваа држава такви не трпи,не сака просперитетни луѓе
затоа ни е вакво Скопје и ваква е државата,човекот беше
завршил град.фак.(Загреб) и почна да го прави Скопје ама
некој не му го дозволива тоа уште многу порано пред да
дојде она Јапончето од исток .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom