Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Абе секогаш нарачувам со бројче за следење на пратката освен од големи фирми како Амазон во кои имам голема доверба.Бројче и мирна глава.;)
Од Амазон што имаш нарачувано? Сакам да нарачам квасци за пиво ама не праќаат до МК.
--- надополнето: 24 април 2012 во 15:27 ---
нема врска тоа големи мали фирми.
јас досега ете од толку искуство ни еднаш , ама ни еднаш не ми се случило да не ми ја пратат пратката за која сум платил.
која би им била пазарната логика на таква постапка.
најчесто се случува да ја зафрлат некаде во пошта или едноставно да загини. и во поштата ( било која) се луѓе.
затоа на поскапа пратка обавезно бројче, на некоја евтина на која не се исплаќа да доплаќаш за број не мора.
зборот ми беше дека најчесто робата гини во транспортот ,а не дека не ја испратиле.

е сега замисли да немаше тракинг, како би му докажал на тој дека е во македонија робата. може да те скурца едноставно и да ти речи нема стигнато. како ке му докажиш дека стигна или дека таква пратка постои. тоа сакав да кажам.
вака нема бегање, има да ја најдат па да им пукни;)
Точно така за 1 долар+ не се исплати цела пратка да ти ја снема. ;)
 
Од Амазон најмногу имам нарачувано книги,па филмови и еднаш нарачав ланче сребрено со мала вредност.
 
Треба да имаш платено тракинг број кога нарачуваш. Околу 1 и нешто долар е услугата.

Е па не го знаев тоа, први пратки ми се овие а и па не беше некоја скапа роба.Баш сега си идам од пошта и изгледа не е стасана пратката, проверуваше по некои списоци и бараше низ тоа магацинот, тоа е тоа ќе си почекам:)
 
Е па не го знаев тоа, први пратки ми се овие а и па не беше некоја скапа роба.Баш сега си идам од пошта и изгледа не е стасана пратката, проверуваше по некои списоци и бараше низ тоа магацинот, тоа е тоа ќе си почекам:)
Мене ме нервира тоа што месец и нешто им се мота во магацин и не ја праќаат пратката на адреса :confused: Како да чекаат да застари па да си ја земат за нив. Не е овој случај редок, постојано се случуваат вакви работи.
 
На пошта веб сајтот им умре. Кај може сега да се следат пратки знае некој?
 
И мене истото ми се случи. Во ист ден 2 нарачки, нормално саатите ги снема а беа и со тракинг број.
Eдно прашање ? Опција македонија нигде негледам или ?
 
Имате ли порачувано од suntekstore.com или од aliexpress.com и за колку дена стигаат нарачкиве?
 
http://www.geminideal.com/ не испорачува роба, немојте да нарачувате. Јас нарачав нешто ситно ~1$ и не ми го имаат пратено еве веќе 1 месец. Не можам да стапам со никого во контакт. Ко да умреле.
 
Имав порачано во ист ден рачен саат и очила за сонце од dealextreme.com.Е сеа ми стигнаа само очилава а часовникот го нема.Можно ли е некое копиле в пошта да си го земи часовникот?
инаку пратката е испратена на 3/23/2012 11:30:45 PM
И те како е можно, знам многу луѓе што им се има случено ова.
Не нарачувам да дојде преку наша пошта нипто што е барем нешто вредно.

Од Амазон што имаш нарачувано? Сакам да нарачам квасци за пиво ама не праќаат до МК.
Ќе те имам во предвид кога ќе нарачувам следно нешто, и мене ќе ми требаат нови квасци а пошто се мали кесенцата може и ќе најдам некој да ми донесе на рака тука. Само ЕТА не знам кога би било.
 
Има некој искуство со dealextreme.com , дали знае за колку време стигаат нарачките и дали е стварно фришипинг ?
 
Ова тракинг бројчево по колку денови почнува да покажува информации, пошо поминаа веќе 2 дена а сеуште ништо нема:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom