Кој е најдобриот Бетмен?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар лик кој го глумел Бетмен:

  • Michael Keaton

    Гласови: 20 26,7%
  • Val Kilmer

    Гласови: 9 12,0%
  • George Clooney

    Гласови: 2 2,7%
  • Adam West

    Гласови: 6 8,0%
  • Christian Bale

    Гласови: 38 50,7%

  • Вкупно гласачи
    75
Еј, вака значи коа некој ќе почне со неозбилни муабети. Ќе и ебете мајката на златна тема...Кој не те пријави на модераторот, еве на...
Вчера имав расправија со руководството. Викаат било какви форми на хумор и сатира биле за ЧДА подфорумот. Овде било илегално и морало да бидеме максимално сериозни. Во план се да набават и сарказмометар за да можат правично да ги изрекуваат казните.
 
Вчера имав расправија со руководството. Викаат било какви форми на хумор и сатира биле за ЧДА подфорумот. Овде било илегално и морало да бидеме максимално сериозни. Во план се да набават и сарказмометар за да можат правично да ги изрекуваат казните.

Мој чоек, алал да ти е. Имаше некои сарказмометри на попуст у едно забутано дуќанче у Маџари, на патот за Идризово. Не знам дали имаат уште на лагер. Него заеби, заакавме оф топик.
 
За мене, актер кој најдобро го одиграл Бетмен е Мајкл Китон. Тим Бартон направи филм (два) полн со мрачна атмосфера и со солидно сценарио, а Китон одлично се снајде во целата прикаска. И изборот за Џокер воопшто не беше лош, Ким Бесинџер се` уште беше млада и убава и така...
Се согласувам дека Бартон не направи некој подлабок психолошки профил за главниот јунак. Е сега, можеби е тоа пропуст, а можеби и не е. Ваков тип на филмови, со американски супер херои (посебно со нив :) ) дозволува таква слобода, дури кога се работи за посложени ликови, како Човекот-лилјак, па не му земам зе грев на Бартон. Од друга страна 3 и 4 дел ми беа толку одвратни, што мислам дека не вреди многу да се пишува за нив, иако Килмер заслужи подобар режисер и сценарио.
За Бејл, искрено, мене некако ми помина меракот за серијалов и за Бетмен воопшто, и можеби затоа не сум толку восхитен, како многумина други, од новата варијанта. Мене најголем впечаток ми направија филмовите од 1989 и од 1992. Ги гледав на соодветна возраст, во години кога интересот за вакви филмови кај мене беше најголем. Истото важи и за Супермен и за Кристофер Рив.
 
Старк е 7 пути побогат и уште толку попаметен и поавторитетен у светот од бетмен(ама не се исти свет), а Содам Јат ќе го смзга супермен, додека Анти-Монитор е најмоќниот оф комикс хистори.
 
Добро да се задржиме на планетава, ако одиме понатаму се знае дека Darth Vader е најзаебан тип.
 
Да бидеме сериозни сега:

И Волдеморт го може тоа, една магија- империо или ленгардиум лавиоса, како и да беше, и топчето ќе влезе. Може да ги мачи тие што се бунат со круцио. Горе-доле исти се по моќите, само предноста на Волди е што може од далеку да гаѓа, овој со лајтсејбер не може.
 
...Најобразован е (има завршено електро а мислам чак и магистратура по бизнис администрација од University of Gottham)....Шо школо имаат другиве? Средно, или земјоделски факултет у најбољи случај.
Не сум од земјоделски, ама сигурно не се сложувам дека Бизнис администрација е појак факултет од земјоделски. Во USA најголем проценти од америте учат MBA.

На темата: И мене Bale ми е изборот од горенаведените. Добар дел од тоа веројатно се должи на модерната технологија на која сме навикнати за разлика на некои гаџети од осумдесетите и девеесетите. Типов едноставно ми има фаца за Бетмен, можеби улогата му е повеќе насочена кон Бетмен а не кон Брус Вејн, ама така веројатно го замислил Нолан и екипа.
Од American Psycho навака Bale ми е некако ѕвер глумец. Солидни улоги, солиден карактер.
 
Ако би ги рангирал би рекол Мајкл Китон и Адам Вест, Мајкл Китон како победник за малку. Многу е фраерче дечкото и добар е и како Брус Вејн и како Бетмен. Од сите најтапа ми е Вал Килмер. Просто многу ми беше досаден, дури и Џорџ Клуни понуди нешто повеќе од него.
 
Не сум од земјоделски, ама сигурно не се сложувам дека Бизнис администрација е појак факултет од земјоделски. Во USA најголем проценти од америте учат MBA.

MBA е ем појак ем пофраерски факултет. Кој суперхерој завршил сточарство, цвеќарство или лозаро-овоштарство? Не иде, не заебаај. Едноставно тоа не се професии за суперхерои. Да речеш, ДИФ, па некако. Пази, Бетмен има завршено електро, и тоа со јак просек. Ова MBA-то му е поише за менаџирање на фирмите кои ги поседува, а како што е познато, Бетмен е CEO на компанијата.
 
Па, кога веќе почнавте да го реметите Црниот витез...

Со шилест нос и шпицасти уши, тоа е Бетмен од 1949. Д'бест!

19491.png


avalon-batman432.jpg


Тука со понежната половина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom