Перо Антиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Антиќ го истетовира знамето на Македонија на своето тело

По освојувањето на историското четврто место на ланското ЕП во кошарка во Литванија тој вети дека ќе го истетовира знамето на Македонија и сега конечно сето тоа го реализира. Сите тетоважи сместени на неговото тело имаат посебно значење, тоа е стил на изразување

58FD20D2F9C08A47B1AE184D45EA1508.jpg
Македонија со денови беше во транс по историското четврто место на кошаркарите на ланското ЕП во Литванија. Посебно забележителен беше капитенот на нашиот најдобар состав Перо Антиќ, кој во еден момент гласно и јасно стави на знаење дека во блиска иднина на неговите гради ќе се најде истетовирано и знамето на Македонија (на своето тело има бројни тетоважи, сите му значат нешто и не треба да изненадува и последната со знамето на Македонија).
По успешната годинашна сезона, кога со тимот на Олимпијакос го освои првенството на Грција и стана најдобар тим во Евролигата, во деновите на одмор пред да одговори на репрезентативните обврски, Антиќ реши да го исполни ветениот збор, тетовирајќи го на своите гради македонското знаме. Ако Македонија ја освоеше бронзата на ЕП во Литванија, Антиќ сигурно ќе го сместеше и медалот на своите гради. Тоа е Перо Антиќ, кој не отстапува од своите животни принципи, стил на однесување.
За потсетување, Перо Антиќ на своето тело има повеќе тетоважи, кои имаат посебно значење за него. На десната потколеница е сместен синот Лука, на градите е нацртана роза што претставува симбол на сопругата Ружица. На левата рака веднаш зад христијанскиот крст кој покажува верба во Господ се наоѓаат иницијалите на неговиот татко Зоран. На другата рака е насликан череп, а под него мал пајак, кој според Перо му носи среќа и пари. Ангел со дете е сместен на левото рамо, а на листот на левата нога кошаркарска топка, која претставува симбол за љубовта кон кошаркарската игра. Последната тетоважа е сместена на левата рака со неговото презиме и неговиот омилен број 12. Сега сето тоа е заокружено со исцртувањето на македонското знаме.

http://www.time.mk/read/88dac433f3/9b153251b9/index.html
 
http://www.mkd.mk/38108/sport/antic-ja-bodri-zvezda-vo-belgrad/

Абе остај шо игра во Грчка и направи еден кикс, сега јавно се декларира како Делија. Што е ова бе ми тетовира знамиња, се чука в гради а носи маица ,, Понос града,, во кој град живееш бе сељо. Мислам стварно дека ја претера сега...:гомце:
 
http://www.mkd.mk/39133/sport/stefanov-potvrduva-tocno-e-deka-samardziski-e-nov-kapiten/

Што ли ќе правиме сега кога Антиќ се откажа од капитенкото место ?
Ќе пропаднемееееее...... не, Антиќ врати се те молам !!!!
Така и ни треба, место да го фалиме ние го критикуваме зошто кажал фиром, зошто се заканувал дека ќе се откаже од репрезентација и што уште не... така и ни треба сазлуживме да не ни биде капитен и сега ради идиотите што го критикуваа ќе пропаднеме...

За сите што не приметија, да ја потенцирам иронијата во мојов пост !
 
Овај над мене врска нема што пишувал!!!!:tapp:
 
Антиќ пред заминување од Олимпијакос, Петвеј доаѓа како замена за Перо во Атина
Екипа Интернационалци
20.06.2013 17:57

Перо Антиќ во следната сезона ќе настапува за друг европски гигант откако неколку грчки медиуми обелоденија дека раководството на Олимпијакос нема намера да му понуди нов договор на нашиот репрезентативец. За време на двогодишниот престој меѓу „црвено-белите“ од Пиреја македонскиот ас стигна до две титули во Евролигата, прикажа особено добра игра на фајналфор турнирот во Лондон, но тоа сепак нема да биде доволно за Олимпијакос да му понуди нов договор. Порталот novasports.gr објави дека пред неколку дена имало состанок меѓу тренерот Барцокас и сопствениците на клубот, браќата Ангелопулос, при што шефот на стручниот штаб на Олимпијакос порачал дека Антиќ не му е неопходен во тимот.

Паралелно со овие информации, грчките медиуми најавија дека „црвено-белите“ се многу близу до ангажман на Брент Петвеј. Станува збор за Американец кој игра на иста позиција како и Антиќ. Тој во последните две сезони бележеше добри статистички бројки во дресот на АГОР во грчкиот шампионат, па според неофицијалните информации веќе ја прифатил понудата за двогодишен договор со Олимпијакос за плата од 270.000 долари по сезона.

Перо Антиќ одбиваше да даде било каков коментар за својата иднина се до завршувањето на сезонава, но јасно е дека македонскиот капитен ќе нема поголеми проблеми да си обезбеди трансфер во нов врвен клуб. Еторе Месина сака да го види Антиќ во тимот на ЦСКА Москва, се споменува и трансфер кај Бо Мекејлеб во Фенербахче Улкер, па за очекување е нашиот ас и во следната сезона да биде дел од тим што ќе атакува на трофејот во Евролигата.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=18201

Ете помина и таа авантура единствено што ќе остана е изјавата дека доаѓа од фиром.
 
Перо Антиќ ќе биде првиот Македонец во НБА, пишува спортскиот портал Спортандо.

Според информациите Антиќ ќе потпише едногодишен договор со Атланта Хокс, со можност за истиот да биде продолжен на уште една година.

Антиќ во моментот е слободен играч, а според пишувањата на Спортандо, тој се наоѓа во САД каде по медицинските прегледи ќе стави потпис на договорот со Хокси.

Инаку македонскиот репрезентативец, во кариерата покрај во има играно во Работнички, АЕК Атина, Академик Согија, Локомотив Кубан, Спартак Санкт Петербург, Црвена звезда и Олимпијакос со кого во изминатите две сезони ја освојуваше титулата во Евролигата.
---
Нека му е честито и со среќа на Антиќ!
 
Да почекаме до потписот :) Браво за Антиќ.
 
нека му е со среќа и да напредува
п.с Ми текнува на времето ко имаше тема каков предавник бил дека играл во Олимпиакос.
 
И од мене едно Браво за Перо Наш, убаво е да се виде Македонец во НБА!
 
Браво за Перо! БРАВО! Секоја почит, капа долу, а за хејтери, циници и ситни души што го плукаат и исмеваат додека седат пред тастатура и лежат по цели денови кукајќи дека никој не им го препознава талентот (во било кое поле) само едно големо сожалување од мене затоа што се нереализирани, искомплексирани луѓе без никаков успех зад себе за да го поткрепат непотребното плукање. Прв Македонец кој ќе игра за НБА клуб и почнаа да серат и да го плукаат и да го понижуваат тоа, демек не било ништо, Перо бил никој и ништо... А бе одете удавете се во сопствената омраза, ебате луѓето ебате!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom