Добри и лоши луѓе....

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Мистичен напиша:
Дали постојат само добри и лоши луѓе или има и некоја "сива зона"? Дали лошите се такви поради некоја мака во животот која ги натерала да направат некое злодело, или има лошковци по дифолт?
Има Добри, Лоши и Дволични луге...
 
Добри и лоши е многу променлива работа,појше би ги поделил на нормални и ненормални,а и тоа е многу релативна работа.Се зависи од гледна точка.
Лошотија како особина не постои,ама себичност,суетност,љубомора и други можат да се клацифицираат како лоши работи.,кој всушност се слабости и стравови.
 
Mislam deka site se dobri luge, nema losi tuku samo dobri, mozebi jas sakam da ja najdam ubavata strana od sekogo, ama ne! site se dobri samo ima nekoi sto od nivno neznaenje mislime deka se losi.
 
Дефинтивно се согласувам со мислењата дека во секој човек има и добро и лошо.Само што некои луѓе повеќе ја изразуваат својата добра/лоша (во зависност нели?) страна.Секој,ама апсолутно без исклучок секој човек,носи во себе нешто позитивно и нешто негативно.
 
Како што кажаа членовите над мене, во секој човек има нешто добро и нешто лошо. Никој не е совшрен. Е сега вистинското прашање е во кој човек има повеќе добрина, односно лошотилок.
 
Лошите луѓе не се раѓаат лоши по дифолт, тие стануваат лоши поради влијанијата на околината околу нив. Значи има и добри и лоши луѓе ама нема совршено добри или совршено лоши.
 
не би рекол дека има целосно лоши луѓе али и не верувам дека има некои што се совршено добри секој си има по некоја црна тачка,а тоа дека се раѓаш лош по дифолт не ми се веруе,све мислам дека зависи од воспитувањето и од околината во која живееш,башка тоа животот знае да биде суров спрема некои луѓе па тоа да гио натера да бидат лоши штознам :toe:
 
секој различно си ги гледа работите,ако за мене некој е добар и кон мене така се однесува, можеби кон некој друг не е таков и обратно, така што тоа е релативно и зависи од ситуациите
 
Дали лошите се такви поради некоја мака во животот која ги натерала да направат некое злодело, или има лошковци по дифолт?
Има лошковци по дифолт :) Многу луѓе што немале некои големи маки во животот, се лоши и злобни. Тие така се поради вродени или стекнати гени :)
 
Хах ме насмеа темата ме потсети кога бев мала . Тогаш за мене имаше само Добри и Лоши, Добра тетка и лош чичко, ама има голема вистина во таа поделба кај малите деца. Ете јас и ден денес ги делам луѓето на добри и лоши. Е сега има некој прелоши, што би рекла злочести, но тие пак спаѓаат во групата лоши.

А што ги прави да се такви ? Има разни причини - некаде домашните ги воспитуваат да се лоши, други самиот живот - за некој суров ги прави да се лоши, на трети пак тоа им е во крвта- наследен фактор, четврти- некој друг лош претходно добро ги насанкал па трпат последици и затоа се лоши, други се искомплексирани...штознам етиологијата на лошотијата најверојатно е мултифакториелна :kesa:
 
Сите се раѓаме исто(така е тоа по дифолт). Немаме опција за лево(добар) или десно(лош), низ само еден единствен отвор можеме да излеземе на овој свет ... животот и предизвиците во него ќе одредат дали ќе одиме по вистинскиот пат или ќе преминеме на ''dark side''.
 
Па мислам лошотилукот се пренесува генетски исто и добрината,најповеќе доминират гените,а исто така големо влијание е тука домашното воспитување но сепак гените ја играат главната улога за дали ке си добар или лош.
 
Абе лошите луѓе ги има... како и добрите ама тие мислам дека се лоши заради некоја тешка загуба во животот или па шо вика мистичен по дифолт се такви
 
Oваа тема,штотуку ме потсети на еден филм,се вика Control,
Го даваа на канал5,па кој го гледал ќе знае за што зборам,еден човек кој убиваше рандом луѓе,му исудија смртна казна,но поради пробни испити на апчиња од еден човек,тој беше тргнат од смртната казна да ги испроба апчињата. Дејството на апчињата беше да го направи човекот да разликува добро од лошо и да се стреми кон доброто. Човекот стана добар,престана да убива и се тоа,но една вечер не можеше да ги земе апчињата,и буквално ко да полуде,имаше вкупно 20 луѓе ко него на кои испитуваа,додека научниците што испитуваа на 10 од нив им го дале лекот,на 10 им дале шеќер,така што лекот на 10те ги убил,додека на другите 10 меѓу кој и човекот им давале шеќер и тој самиот станал свесен што правел,за жал на крајот човекот умре ама не е темава за филмот :) Eве сега малку повеќе да кажам за темава. Луѓето не се раѓаат по дифолт со исти особини,не верувам дека секое бебе кога ќе се роди ќе сака да цица млеко 30 минути,туку едно ќе сака 15,друго 10,друго ќе сака да спие и мајката да го лула. т.е. сите сме различни уште кога се раѓаме,едноставно сеуште сме мали и можеби немаме никакви особини освен плачење, спиење, јадење,какање и мочање у пелени сепак се разликуваме. Ок тоа беше за особините....Ама без разлика на нив,детето од мало не може да разликува што е добро што е лошо,така да можеби у право сте дека од мало не може да биде добро или лошо бидејќи сите они нит направиле нешто добро,нит нешто лошо. Кога веќе пораснува,сепак повеќето луѓе пак сме слични,бидејќи сите ние ги имаме истите особини,само кај некој едната е поистакната,кај друг другата,бидејќи длабоко у себе сите ние потискаме некоја наша особина. Еве јас,искрено да одговорам,сум ненормално љубоморен на секој и сешто и знам некад да пукам од љубомора кога ќе ми зборува колку убаво си поминал,или шо направил,шо видел,но тоа чувство знам да го потиснам добро,и ретко кој е свесен дека воопшто го поседувам,додека оние лошите момци/девојки како што ги викаме повеќето,мислам дека едноставно одбрале да потиснат погрешна особина,со што ја намалиле нивната човечност,а ги зголемиле нивните ненаситни особини за надвладување или:убивање, ограбување, уценување,себичност, лицемерие, љубомора, одмаздољубивост или што и да е за да бидат над нив. Како и да е,ова е само мое мислење,бидејќи мислам дека секој човек може да се смени,ама не секој човек сака и не секој човек сваќа дека тоа што го прави е погрешно и тврдоглавата особина го тера да прави само како што тој мисли дека е правилно :helou:
 
добри и лоши луѓе нема...
се е до страната од која ги гледаш луѓето
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom