Добри и лоши луѓе....

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Мал е бројот на добри луѓе, среден е бројот на лоши луѓе, а најголем е бројот на оние луѓе кои поседуваат мешавина од доброто и лошото :)
 
Има добри и лоши луѓе
Имам сретнато луѓе - со лупа да го бараш доброто во нив.

Разликата е што секогаш лошите ќе се истакнат во злобата, ќе допрат до туѓите животи, а добрите ретко го прават тоа со добрината.
Не се рекло за џабе дека доволно за злото да надвладее е добриот човек да не стори ништо.
 
Добри и лоши луѓе. Јас преферирам да ги нарекувам Воспитани и Ментално пораметени. Да се радуваш ти на туѓа несреќа или да уживаш да нанесуваш намерно болка на друго живо суштество не само Човек значи... да треба да бидеш ментално пораметен поради некоја причина. Ниеден човек не се раѓа како убиец, злосторник, криминалец туку тие се направени, а како и од кого? Никој не знае... светот е изопачен до бескрај. Ако разликуваш добро од лошо и погрешно од праведно тогаш би се запрашал двапати пред да повредиш некого намерно. Но секој човек ти е нова марка, со различни особини така да секој има што би рекле постарите Ѓавол во себе и ако ги боцнеш на незгодно место ќе го видеш. Така да сите сме способни да бидеме лоши нема сомневање во тоа.
 
Кога тогаш ќе го смениш мислењето кога ќе те заебе тој/таа заради кој го негираш тоа :) ;)

Таа сум јас...

Едно време имав мислење дека нема добри луѓе и дека планетава треба да не истресе како вошки, ама

родив бебе и после сакав да ја направам да биде добар човек... да речиме како мене... и после сватив дека има и други како мене само сме тивки...
 
Постојат и добри и лоши луге и да сакаш да смениш некого неможиш ;)
 
Во денешно време ако си добар си наебал.
 
Луѓето најмногу сакаат добри дела кои ги прави некој друг ;) , а оние кои се истрчуваат сами да се декларираат како добри се далеку од тоа. Понекој добар гест тука и таму (пр. купени Смоки на некое Циганче) и тврдења од типот ,,јас ги сакам сите роднини, сите комшии, сите разгалени туѓи хистерични деца, јас ја сакам природата, мирисот на липите и црцорот на птиците...,, не го прави НИКОГО добар човек.
 
Со уништен систем на вредности не очекувајте да има добри лјуѓе.И да ги има обично се во депресија поради неможноста да се соочат со себичноста или модерно кажано индивидуализмот шо валадее на околу.Во денешниов систем на вредности се ценат интересот,профитот и материализмот,многу злодела се напраени во нивно име !
 
Луѓето најмногу сакаат добри дела кои ги прави некој друг ;) , а оние кои се истрчуваат сами да се декларираат како добри се далеку од тоа.

Добро.

Мојата дефиниција за добар човек е ... кога некој од лошите ќе ти се качи на глава и ќе сере, и заслужува да го смачкаш како мува, не можеш да се натераш себе си да му вратиш.Се нервираш си викаш само ако ми паднат в раце а утре ќе го видиш во беља и ќе му помагаш. Не викам дека е добро да си добар, веројатно не е, ама не можам да се декларирам за лоша.

Земам ставам тацна со шеќер да се соберат мравките таму за да ги изнесам надвор, осата ја чекам на завесата да ја завртам накај надвор да летне, ако и се приближам со прстот премногу веројатно ќе ме касне... ама таа сум

Јас кога немам пари... хаос, други кога немаат пари сподели и така... И секој ден си викам последен пат така ама...
--- надополнето: 30 јуни 2013 во 17:34 ---
демек ду д врајт тинг
 
Види, ако некој те мава по образ, а ти го вртиш и другиот постојано и на крај си џигер во фаца, тоа е веќе мазохизам, не е добрина ;)...

Знаеш што е проблемот со денешните ,,добри,, луѓе? Позери се или манекени на чувствувањето, носат некои емоции и постапки кои не се баш нивни, туку под цела таа маскарада се крие интерес, желба некој да ти биде вечен должник и да го држиш во рака и за тестиси потоа цел живот и сл.

А навистина добрите луѓе постапуваат без да бараат ништо за возврат, без помпа и самопромоциски трикови т.е. скоро никој нема да ги дознае и што е најважно без да ги нарушат своите принципи, вредности, убедувања... ама вакви луѓе на светот има најмалку. Не дека има најмногу лоши, туку повеќето луѓе се микс на добро и зло или пак апатични кон туѓата (не)среќа.

Од мое искуство сите што настапуваат со ,,леле,јас колку сум јас добра/ар, помагам на сите, последното парче леб и последната паричка за други ја давам,, се фејк персони и многу ми се заморни да бидам искрена ;)...
 
слушнав една поговрка деновиве

Ако најдеш добар човек Утепај го-скрати му ги маките да не се мачи

колку е само вистина
--- надополнето: 30 јуни 2013 во 18:14 ---
Види, ако некој те мава по образ, а ти го вртиш и другиот постојано и на крај си џигер во фаца, тоа е веќе мазохизам, не е добрина ;)...

Знаеш што е проблемот со денешните ,,добри,, луѓе? Позери се или манекени на чувствувањето, носат некои емоции и постапки кои не се баш нивни, туку под цела таа маскарада се крие интерес, желба некој да ти биде вечен должник и да го држиш во рака и за тестиси потоа цел живот и сл.

А навистина добрите луѓе постапуваат без да бараат ништо за возврат, без помпа и самопромоциски трикови т.е. скоро никој нема да ги дознае и што е најважно без да ги нарушат своите принципи, вредности, убедувања... ама вакви луѓе на светот има најмалку. Не дека има најмногу лоши, туку повеќето луѓе се микс на добро и зло или пак апатични кон туѓата (не)среќа.

Од мое искуство сите што настапуваат со ,,леле,јас колку сум јас добра/ар, помагам на сите, последното парче леб и последната паричка за други ја давам,, се фејк персони и многу ми се заморни да бидам искрена ;)...

на денешницава биди добра и на крај на сите со кој си бил добар ке си го средат зивотот а на крај нема да ја признаваат твојата добрина што си им помогнал и они ке имаат добар зивот а ти ке незнаеш главата кај ти е од што си заглавена во проблеми ради нив ради тоа што си им помогнала ко не е така поправи ме
 
Јас помагам и преземам туѓи проблеми селективно, по некои процени и заслуги, не на сите, не сум толкав алтруист и немам емпатија во неограничени количини :). Не можеш на свој грб да го преземеш теретот на цел свет и на сите луѓе околу тебе, никој не го може тоа. А, во однос на тоа кој каков живот има или ќе има и тоа е променливо, јас верувам дека некогаш настанува изедначување некое на сметките :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom