Македонија - Словенија [27.01.2012 - 15:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Абе Словенците досега не играле против Македонска публика, има сами да ни ја дадат топката.
 
Прво Словенците играат прилично брз ракомет... Немаат некој висок и снажен играч на бековска позиција туку повеќе со продори на 6 метри и асистенции до пивот ќе се обидуваат да стигнат до нашиот гол... Опасен им е Гајич кој е втор стрелец на ЕП после Кире како и Скубе на лев бек... Со нив треба да играме стрплива игра посебно во напад нешто слично како со Швеѓаните и Данска без брзање на долги напади да бараме исклучување и да стигнеме до лесни голови и никако да не дозволиме технички грешки и контри бидејќи Словенците имаат одличен брз центар и брзи контри преку крилните позиции... Со една стрплива игра и пред се силна одбрана очекувам победа од 6-7 гола разлика...
 
Дотолку ЕП го освои Србија тогаш играме квалификации во Шпанија.. и тоа ќе играме со Шпанија, Исланд и Бразил. Првите 2 одат на ОИ.

Дотолку Србија не е победник на ЕП, тогаш играме квалификации во Данска.. и тоа со Данска, Унгарија и Анжир. Првите 2 на ОИ.
Пореално и полесно (y)
 
Македонската ракометна репрезентација со пласманот меѓу шесте најдобри на еврошампионатот, автоматски се избори да биде во групата на носители на жрепката в недела со која ќе бидат одредени двојките за баражите за Мундијалот во Шпанија.
Во групата носители со Македонија ќе бидат и репрезентациите на Словенија, Унгарија, Германија, Исланд, Полска и Шведска.
На овие седум селекции преку извлекување ќе им се придружат уште две од четирите кои со настапите на ЕП завршија уште по првата фаза. Тоа се Чешка, Норвешка, Русија и Словачка.
Две од нив ќе бидат во групата на неносители заедно со Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белорусија, Литванија, Португалија, Холандија и Австрија. Тие се потенцијални противници на „црвено-жолтите“ во борбата за пласман на Мундијалот.
Термините за одигрување на баражите се: 9 или 10 јуни оваа година, а реваншите се на 16 или 17 јуни.
Како домаќин, учество на Светското првенство кое ќе се игра во јануари идната година има обезбедено Шпанија, потоа бранителот на титулата Франција и полуфиналистите на ЕП Србија, Данска и Хрватска.
 
Е така,сега и на светско ќе си газиме другата година,абе тоа кога ќе тргне тргнато е,само да продолжиме вака на сите полиња(освен во фудбалот:гомце: ,за таму мислам и најголемиот оптимист нема надеж ).
 
Е така,сега и на светско ќе си газиме другата година,абе тоа кога ќе тргне тргнато е,само да продолжиме вака на сите полиња(освен во фудбалот:гомце: ,за таму мислам и најголемиот оптимист нема надеж ).

Има како нема. :D Просечниот гледач, ,песимистите, па дури и реалистите викаат: Не може од ова полошо, а оптимистот им вели: Може, може.:D
 
Искрено овие словенците можат да бидат тешок противник,пошто сеедно им е на нив и така на ништо не се надеваа :).Ние со добра одбрана и без брзање сигурно идеме до победа..Иначе честито и до Лазаров за сите голови до сеа ваљда он е најдобриот стрлец..
 
Јас и вака сум им благодарна за сите прекрасни утакмици што ги одиграа и за сиот адреналин што ни го овозможија, ова со Словенија ќе биде јаготката на шлагот.

Браво момци! Ги завртевте очите на сите Европјани со борбеност и раме до раме со големите веле сили кои живеат на стара слава.
 
Ќе биде многу добра утакмица. Словенциве се спремаат како за бокс меч утре, крајно наострени да победат и да се пласираат за квалификации за ОИ. http://www.dnevnik.si/sport/rokomet/1042505173. И да ни врателе за нешто што изгубиле кошарка на европско или сл...

Според мене ќе биде многу тешка утакмица за нас, особено бидејќи играат мнооогу брз ракомет, со брзи ниски бекови, многу комбинации на задна линија, супер отворања за крила ...Ќе биде многу тешко, но се надевам на најдобро.
 
Штом Словенија заврши трета у другата група пред Франција и Унгарија, стварно се јаки. Предност ќе ни е што изигравме лесен натпревар со србите а тие играа на победа.
 
и плус денес патуваа за Белград...
 
Дотолку ЕП го освои Србија тогаш играме квалификации во Шпанија.. и тоа ќе играме со Шпанија, Исланд и Бразил. Првите 2 одат на ОИ.

Дотолку Србија не е победник на ЕП, тогаш играме квалификации во Данска.. и тоа со Данска, Унгарија и Анжир. Првите 2 на ОИ.

ова ако ја тепаме словенија, така?
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 14:44 ---
Дотолку ЕП го освои Србија тогаш играме квалификации во Шпанија.. и тоа ќе играме со Шпанија, Исланд и Бразил. Првите 2 одат на ОИ.

Дотолку Србија не е победник на ЕП, тогаш играме квалификации во Данска.. и тоа со Данска, Унгарија и Анжир. Првите 2 на ОИ.
ова ако ја тепаме словенија, така?
 
ова ако ја тепаме словенија, така?
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 14:44 ---

ова ако ја тепаме словенија, така?

не е точно ова. Обратно е.

Ако ја победиме Словенија, играме во групата во Шпанија, со Исланд и Бразил.
Ако ја победиме Словенија и Србија биде шампион играме во групата во Данска.
Ако ја победиме Словенија, а Шпанија биде шампион играме во група во Исланд, со Бразил и Полска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom